Connect with us

Забава

Награден инстаграм конкурс за фотографија: „Пролет во Скопје“!

Published

on

Скопје Инфо, втора година по ред го организира наградниот конкурс за најубава фотографија на тема „Пролет во Скопје“. Конкурсот трае од 20 април до 31 мај. А, најубавите фотографии ќе бидат наградени со парични награди.

Кои се правилата за учество во конкурсот?

За учество во конкурсот потребно е на вашиот инстаграм профил да објавате ваша сопствена фотографија која ќе биде поврзана со пролет во Скопје. По објавувањето на фотографијата задолжително е на неа да биде обележан (тагнет) инстаграм профилот SkopjeInfo.mk, a во насловот на фотографијата да се содржат таговите #proletvoskopje и #skopjeinfo. Фотографиите кои ги содржат овие два инстаграм тагови ќе бидат постирани на инстаграм профилот на Скопје Инфо. Трите фотографии кои ќе имаат најмногу лајкови од публиката ќе бидат прогласени за победници на конкурсот.

Фотографирајте цвеќиња, градби, автобуси, луѓе, туристи… или се она што ве потсетува на Пролет во Скопје. Освен тоа, ваша задача е да ги поканите пријателите да дадат поддршка и да гласаат за вас.

Кои се наградите?

За оваа намена Скопје Инфо обезбеди три награди: прво, второ и трето место. Наградата за прво место е 150 евра, второ место 100 евра и трето место 50 евра.

Рокови?

Конкурсот трае во периодот од 20 април со 31 мај, а победниците ќе бидат прогласни 7 дена по завршување на конкурсот.

Важна напомена:

Секој учесник во наградниот конкурс има обврска да учествува со максимум пет сопствени фотографии. Учеството на конкурсот значи прифаќање на условите наведени во оваа објава. Скопје Инфо го задржува правото за дискфалификација на одреден учесник или фотографија доколку не ги исполнува правилата за учество или на било каков друг начин несоодетветно учество на конкурсот.

Забава

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОБЕДНИК! Филмот Диџеј Ахмет собра награди во Јута (САД), имаме нова победничка генерација

Published

on

Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.

Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .

Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. 

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.

Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. 

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

https://youtu.be/GHBATVjjLWY?si=WtddBDNTYcPL6jdV

Continue Reading

Забава

Спасен доби неверојатно роденденско изненадување од сопругата

Published

on

И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.

Continue Reading

Забава

Хороскопски знаци кои најбрзо се опоравуваат по раскинување

Published

on

Некои луѓе поминуваат месеци по раскинувањето анализирајќи што тргнало наопаку, додека други едноставно продолжуваат понатаму како ништо да не се случило.

Некои луѓе поминуваат месеци по раскинувањето анализирајќи што тргнало наопаку, додека други едноставно продолжуваат понатаму како ништо да не се случило.

Во астрологијата, постојат неколку знаци кои се вистински мајстори за брзо опоравување од љубовен бродолом. Знаат да раскинат, да ги избришат солзите и да продолжат понатаму, често со насмевка на лицето и со планови за нова авантура.

Овен

Овенот е огнен знак, познат по својата бестрашност и енергија, а овие особини доаѓаат до израз и по раскинувањето. Кога врската ќе заврши, Овенот не губи време со плачење, туку веднаш продолжува напред.

За него раскинувањето е само уште еден предизвик за надминување. Неговите пријатели најверојатно ќе го видат како планира патување, испробување ново хоби или излегување со друштвото веќе следниот ден.

Природата на Овенот ги тера секогаш да се фокусираат на иднината. Немаат трпение да се вратат во минатото бидејќи веруваат дека таму не ги чека ништо добро.

Близнаци

Близнаците се познати по нивната приспособливост и дружељубивост, па затоа раскинувањето не им е толку тешко.

Кога врската ќе заврши, тие брзо наоѓаат начин да ја пополнат празнината, без разлика дали станува збор за разговор со пријателите, флертување со некој нов или едноставно нуркање во нивната љубопитност и истражување на нови интереси.

Нивниот немирен дух и потребата за постојано движење ги прави отпорни да останат заглавени во минатото. Близнаците сакаат да гледаат напред и да ја бараат следната забавна авантура.

Ако сакате да се опоравите како Близнаци, дружете се со пријателите и фокусирајте се на нови активности. Тие се вистински мајстори за одвлекување на вниманието од лошите емоции.

Лав

Лавовите се родени ѕвезди и знаат како да излезат посилни од секоја ситуација. Раскинувањето не е крај на светот за Лавот, тоа е можност повторно да се фокусираат на себе и да заблескаар уште посилно.

Неговото его може да биде повредено за момент, но Лавот брзо се враќа со помош на комплименти, социјални настани и фактот дека е Лав.

Зошто Лавот закрепнува толку брзо? Неговата вродена самодоверба и љубовта кон животот не му дозволуваат да тагува предолго.

Лав знае дека има многу големи работи пред него, па нема време да тагува предолго.

Стрелец

Стрелците се авантуристи во Зодијакот и раскинувањето го гледаат како можност за личен раст и нова авантура.

Кога една врата се затвора, Стрелецот веднаш отвора друга или пак ги пакува куферите и тргнува на патот. Нивната позитивна енергија и оптимизам им помагаат да ги гледаат раскинувањата како дел од животното патување, а не како крај на приказната.

Нивниот слободен дух и љубовта кон новите искуства не им дозволуваат премногу долго да се задржуваат на минатото. Стрелците знаат дека зад аголот секогаш ги чека нешто возбудливо.

Ако сакате да го преболите раскинувањето како Стрелец, почестете се со нова авантура, истражете нов град, запишете се на курс или едноставно излезете од вашата комфорна зона.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк