Connect with us

Uncategorized

Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“

Скопје, 30 април 2021 (МИА) – Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутрината во Скопје кои најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во уште шест градови низ државата по што се очекува со нив од вторник да стартува масовната вакцинација и да се вакцинираат помеѓу 10 000 и 15 000 лица.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо со кого го проследија  доставувањето на вакцините во поликлиниката „Јане Сандански“, најавувајќи дека месецов се очекуваат и други големи количини, уште 600.000  од Кина и 26.000 дози од „Фајзер“. Со тоа, верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население што ќе придонесе за целосно менување на епидемиолошката состојба.

– Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните вакцини од производителот Синофарм од НР Кина и дозволете да изразам голема благодарност за личниот ангажман на амбасадоро Ѕуо, понатаму за луѓето од неговиот тим со којшто комуницираме практично секојдневно целиот овој изминат период и благодарение и на нивното инсистирање оваа пратка сега е во нашата земја. Станува збор за количина од 200 000 вакцини коишто еве веќе веднаш службите ќе ги одработат соодветно во делот на проверка на ладниот ланец, ќе се сместат тука во ладната соба која што беше поставена благодарение на Фондацијата Дајрик делиф.Од тука во текот на следните денови, најдоцна  во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови во овие пунктови за масовна вакцинација ширум државата, во Скопје во салата „Борис Трајковски“, а во другите шест градови исто така во спортските сали. Тоа ќе биде во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола и според распоредот на веќе пријавени граѓани. Така ќе биде распределена и бројката на вакцини и процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник, изјави Филипче. 

Кина сака да ја зајакне соработката со Северна Македонија во борбата против пандемијата  и заеднички да поттикне економско зазадравување за доброто на нашите држави и народи, изјави Ѕуо.

Како што појасни министерот Филипче, во претстојното вакцинирање акцент ќе се стави на граѓаните коишто се веќе пријавени, тие кои веќе чекаат и според возраста и според приоритетот на пријавување, односно оние кои први се пријавиле и веќе чекаат да бидат повикано ако досега не биле повикани ќе бидат повикани според возраста и тоа, како што рече, ќе се одвива насекаде во државата.

Овој месец, информираше министерот, очекуваме да стигнат околу 500 000 дози на вакцината „Синовак“, понатаму 100 000 дополнителни дози коишто доаѓаат како донација благодарение на Министерството за одбрана за време на разговорите на министерката Шекеринска со кинескиот министер за одбрана беше најавена донација од дополнителни 100 000 вакцини „Синофарм“, дополнување на овие 200 000. Значи уште 600 000 вакцини од Кина за 300 000 граѓани, 26 000 дози од вакцината Фајзер преку нашиот директен договор, се уште немаме точен термин за тоа кога и колкава количина ќе стигнат од руските вакцини, рече Филипче.

Станува се понеизвесно е пристигнувањето на вакцините на „АстраЗенека“ имајќи ги предвид случувањата со вирусот во Индија која има донесено забрана за извоз на вакцини, а дел од вакцините на Астра Зенека преку КОВАКС-системот треба да пристигнат и од тамошниот Институт. 

-Оние први коишто пристигнаа во нашата земја беа од Јужна Кореја, не знаеме дали се планирани повторно количини од таму или од Индија, тоа може малку да ги искомплицира и одложи работите, меѓутоа остануваме во комуникација и ја пратиме ситуацијата, рече Филипче.

Во шесте сали низ државата и во салата „Борис Трајковски“ има капацитет во фрижидерите да се сместат и вакцините на Фајзер и во здравствените домови. 

-Во тие големи пунктови ќе има практично од сите  вакцини, следнава недела кинески и вакцини на Фајзер. Нема потреба да се става акцент на тоа да се бира вакцина. Сите се со еднаков квалитет, нема никаква контраиндикација. Каква вакцина има во пунктот во тие часови кога е предвидено да се вакцинираат граѓаните може комотно да ја примат без да бидат загрижени и да размислуваат дали има предност да се вакцинираат повеќе со една или со друга вакцина, рече Филипче

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг