Connect with us

Инфо +

Уaпceн проповедник во Лондон бидејќи рекол дека бракот е помеѓу маж и жена

Published

on

Еден 71-годишен христијански пастор, кој беше уапсен откако проповедал од Библијата во вторникот, го опиша третманот кон него како срамен бидејќи бил обвинет за хомофобични забелешки бидејќи го дефинирал бракот како врска меѓу маж и жена, пренесува „Дејли мејл“

Пасторот Џон Шервуд бил уапсен пред станицата „Уксбриџ“ во западен Лондон, однесен со лисици и испрашуван во полициска станица, во која бил задржан преку ноќ. Шервид вели дека се здобил до модринки кога полицијата му ги фатила рацете зад грб и го одвлечкала од мини-скалата на која бил качен.

„Јас не ширев хомофобични коментари туку само го дефинирав бракот како врска помеѓу маж и жена. Го кажував само она што го вели Библијата – не сакав да повредам или навредам,“ вели Шервуд, кој е пастор повеќе од 35 години.

„Го правев она што го е наведено во описот на мојата работа, а тоа е да го проповедам евангелието под отворено небо како и во црквата. Кога полицијата ми пријде, објаснив дека ја остварувам мојата верска слобода и совеста. Бев насила повлечен од скалите и се здобив со повреда на зглобот и на лактот. Ме третираа срамно. Не требаше да се случи тоа,” додава тој.

Балкан

САД со итно предупредување: Можни немири на масовниот протест во Белград!

Published

on

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1.

„Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и седиштето на јавниот сервис на РТС“, се наведува во известувањето за американските граѓани објавено на веб-страницата на амбасадата.

Се додава дека српската полиција очекува голема гужва, сообраќаен метеж, затворање на јавните служби и сериозни последици за основните услуги, вклучително и итна медицинска помош, како и можни прекини во мобилната телефонија, додека владата предупредува дека е можно насилство, јави Н1.

Continue Reading

Европа

Венс не верува дека Трамп ќе дозволи нуклеарки во Источна Европа!

Published

on

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп поддржи распоредување нуклеарно оружје понатаму на истокот на Европа.

Британските медиуми пренесуваат дека Венс одговараше за барањето на полскиот претседател Анджеј Дуда, САД да го префрлат нуклеарното оружје на полска територија како дел од стратегијата за одвраќање од потенцијални идни руски напади.

-Не сум разговарал со претседателот на оваа конкретна тема, но би бил шокиран ако тој го поддржи ширењето на нуклеарното оружје понатаму на исток во Европа, рече Венс за време на гостувањето на Фокс Њуз.

Continue Reading

Балкан

Паника во Србија: Дојави за бомби ги парализираа возовите!

Published

on

Компанијата „Србијавоз“ денеска соопшти дека во текот на ноќта била добиена анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи, по што од безбедносни причини привремено се прекинати сите меѓуградски возови.

„Србијавоз ги известува корисниците на услугата дека на 14 март 2025 година, во 01:39 часот, примен е повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови се поставени експлозивни направи. Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и возот“, се вели во соопштението.

Србјавоз додава дека интензивно соработуваат со Министерството за внатрешни работи за разрешување на ситуацијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк