Uncategorized
Денеска во МКЦ: „Today It’s All About Jazz Vol.5“
На огромно задоволство би сакале да ви го најавиме петтото издание на манифестацијата Today It’s All About Jazz Vol.5.Како што знаете, секоја година достојно го одбележуваме Меѓународниот ден на џезот на 30 април, а истото го сторивме и оваа година преку online стримингот на концертот Dzijan Emin & Magical Orchestra – Life in Ohrid.Сепак, со цел да не ви останеме должни со уште еден целодневен џез хепенинг, одржувањето на манифестацијата во живо го закажуваме за 15 мај, сабота, со почеток од 14 часот, пред платото на МКЦ. Манифестацијата ќе се одржи на целосно отворен простор, со почитување на мерките и протоколите за одржување физичка дистанца.На програмата ќе настапат следните џез бендови:– 14ч. промоција на првото издание на ЗЏМ Рекордс, Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid;
– 15ч. Апнеа;
– 16ч. Дина Јашари Бенд;
– 17ч. Bramha Amity Trio;
– 18ч. Квартет Пролет;
– 19ч. Гордан Спасовски Трио – концертна промоција на албумот;
– 20ч. Pangea: Free the world .Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid, e првенче на ЗЏМ Рекордс, и претставува албум снимен во живо на концертот одржан во Антички театар, 2019 година. Магичниот оркестар кој изведува авторски композиции на матичниот диригент на ЗЏМ Биг Бендот, оркестратор, композитор и мултиинструменталист Џијан Емин, е составен од членови на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот и гудачи од Македонската Филхармонија.Апнеа е македонски бенд основан во 2019 година, составен од гитаристот/вокалист Бојан Петков – Шамба, басистката Андреа Мирческа, тапанарот – Славчо Коцев и гитаристот Марко Лазороски. Нивната музика се состои од вокално – инструментална и инструментална музика компонирана од Бојан Петков. Звукот на овој бенд може да се каже дека е фузија од повеќе жанрови од кои како најкарактеристични би ги издвоиоле џезот, експериментална и поп музика. Дел од инструменталната музика може да се најде на албумите „A New Dream“ и „Third Cave“. Од нивното основање имаат настапувано на неколку фестивали и тоа „Култиватор“ и „Акто Фестивал“, самостоен концерт во BKW и лајвстрим концерт по повод влегувањето на МКЦ во Liveeurope.Дина Јашари студира соло пеење на ФМУ во Скопје, во смерот џез и популарни жанрови. Надвор од факултетот, нејзина главна окупација е создавање авторска музика на македонски јазик, последна издадена песна е Бои. Жанровски нејзината музиката може да се смести во поп, додека на настапите во живо со бенд, аранжманите на песните имаат примеси на џез и соул.Bramha Amity Trio е современа џез група формирана во април 2019 година од страна на Александар Ванчовски заедно со Филип Димишковски и Мартин Јосифовски во Скопје, Македонија. Нивниот деби-албум „Painting“ беше снимен истиот месец и беше објавен неколку месеци подоцна. По албумот групата го издаде и својот прв сингл, во кој гостува извонредниот вокал и прекрасен артист Калина Велковска. Првиот нивен јавен настап се одржа во „Public Room“ (Скопје) во рамките на „Jazz Fortnight Fest“. Продолжувајќи го своето патување, тие ја презентираа својата музика во клубови како „Old School“ (Скопје, Македонија) но и надвор од државата во Клубот „Труба“ (Ниш, Србија) и „Jazz & Blues Festival“ (Шабац, Србија). По повеќе од една година на трансформација, креација и реинвенција бендот го напиша, состави, снимаше и го продуцираше својот деби албум. Албумот го продуцираше Горан Гешовски кој сега е и официјално објавен, а бендот конечно е уверен дека го има реализирано материјалот што сакаа да го створат. На овој проект им се приклучува и Никола Бочваров бас и Петар Лукиќ на пијано. Во 2020, во март месец, го издаваат нивниот прв сингл “Amity” испродуциран од страна на Нино Спиркоски, во малку проширен состав: Калина Велковска, Кирил Кузманов, Иван Петровски, што е најава за наредниот албум кој е во подготовка.З а прв пат под името “Bramha Amity Trio” настапуваат на “Jazz Factory Festival 2020”.Квартет Пролет е името под кое ќе настапат четворица добро познати македонски џез музичари: Иван Иванов – саксофон, Зоран Костадиновски – гитара, Дарко Мучев – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани. Тие ќе изведат авторски композиции на Иванов и Костадиновски.Покрај промоцијата на албумот на Џијан Емин и неговиот Магичен Оркестар, на платото пред МКЦ своја премиера ќе доживее и првиот авторски албум на македонскиот џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски, насловен “Light Pillar,” под издаваштво на издавачката куќа ЗЏМ Рекордс. Ова е второ издание на ЗЏМ Рекорд во кое пијанистот Гордан Спасовски е придружуван од контрабасистот Кирил Туфекчиевски и тапанарот Виктор Филиповски. Албумот ќе има своја концертна промоција при што ќе бидат изведени оригинални композиции и аранжмани на Гордан Спасовски, создадени во текот на последните неколку години. Гордан зад себе има бројни настапи на некои од најзначајните европски џез фестивали како што се: Belgrade Jazz Festival, Trieste Loves Jazz – International Jazz Festival, Venezia Jazz Festival, Brasov International Jazz Festival, Skopje Jazz Festival, како и голем број концерти во некои од престижните европски џез клубови како што се: Jazzclub Unterfahrt München, B-flat Jazzclub – Berlin, Blue Note – Osnabrück итн. Има настапувано со следниве значаји музички имиња: Randy Brecker, Sheila Jordan, Don Menza, Владимир Николов, Мартин Ѓаконовски, Џон Илија Апелгрен како и со: Биг Бендот на ЗЏМ, The Backyard Jazz Orchestra, Cuckoo Rack, Гоце Стевковски – Септет, Џијан Емин и Магичниот оркестар, Македонската Филхармонија итн.Free the world e проект на словенскиот гитарист Игор Безгет, истакнат артист во областа на импровизираната, џез и етно музика, во соработка со етаблираниот македонски тапанар Михаил Парушев, придружувани од Дамир Имери (пијано) и Иван Бејков (бас), заедно соработувајќи под името Pangea. Како што сугерира името, нивната музика доаѓа од комбинација на различни музички начини на изразување. Почнувајќи со основите на џезот или џез рокот, нивната музика комбинира различни музички влијанија со кои музичарите се соочиле во нивните животи. Во оргиналниот состав на Pangea, покрај Игор Безгет и Михаил Парушев, членуваат Марко Црнчец и Тадеј Кампл, чија плодна соработка започнува по снимањето на првиот албум на Биг Бендот Игор Безгет, наречен Пангеа. Оттогаш тие редовно соработуваат, и како трио и квартет имаат снимено неколку албуми заедно.
Uncategorized
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Uncategorized
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
Uncategorized
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.
Трендинг
-
Македонија1 day agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Црна Хроника2 days agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица
-
Црна Хроника3 days agoПолицијата во Тетово со полни раце работа – Уапсени пет лица
-
Црна Хроника6 days agoОбид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали
-
Црна Хроника9 hours agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Балкан5 days agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Република2 days agoПо децении најави, Тетово конечно добива Саат кула
-
Црна Хроника2 days agoИнцидент на лет кон Скопје: Пијани навивачи тероризирале патници















