Connect with us

Скопје

По цела недела уцени и закани, АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА МКЦ

Published

on

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го разрешила в.д. директорот на Младински Културен Центар, Ванчо Богоев, кој на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата.

Информациите на „Фокус“ ги потврди сега веќе поранешниот директор на МКЦ, Богоев, кој вели дека поминал цела голгота, посебно последната недела.

„Денеска ме викнаа да ми го врачат решението за разрешување од функцијата без никакво посебно образложение, освен што е наведено дека заклучно со утре изминуваат шест месеци. Како тоа сега им пречам како директор и не ми продолжија, кога претходно без никаков проблем ми ги продолжуваше мандатот. Или, причина за тоа е што се спротиставив и не играм по нивно“, вели Богоев во изјава за „Фокус“.

Тој додава дека главните проблеми почнале откако тој се побунил дека буџетот на МКЦ за само една година изнесува 2 милиони денари, што е срамно.

„Генералниот секретар на Арсовска, Зоран Глигоров цела недела ми се закануваше со разрешување, ме уценуваше и малтретираше. Што очекуваат да се направи само со 2 милиони денари буџет за целата програма на Младинскиот културен центар. Од тука почнаа несогласувањата. Јас работам 36 години во оваа институција. Истата таа градоначалничка која на 13 ноември лично на мене ми ја додели 13-ноемвриската награда за два месеци ме разрешува“, додава Богоев.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС

Скопје

Ѓорѓиевски: Да го зачуваме духот и наследството на Св. Климент Охридски

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на прославата по повод патрониот празник на Богословското училиште „Св. Климент Охридски“. На покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, Ѓорѓиевски ја истакна својата чест и задоволство што ова значајно училиште се наоѓа токму на територијата на општина Кисела Вода, во населбата Драчево.

„Ова училиште е расадник на духовни кадри кои ја продолжуваат мисијата на Св. Климент и ја чуваат традицијата на Климентовата школа. Горди сме што овде, на нашите простори, е основан првиот словенски универзитет кој ни ги пренесува духовните и јазичните вредности на нашиот народ,“ рече Ѓорѓиевски.

Тој упати благодарност за можноста да биде дел од овој значаен ден, истовремено упатувајќи честитки за патрониот празник на Македонската Богословија. Ѓорѓиевски ги повика сите граѓани да го негуваат духот и наследството на Св. Климент, поттикнувајќи ги да придонесат кон изградба на подобро и похармонично општество.

„Да бидеме добри луѓе, за добрини да ни се случуваат,“ порача градоначалникот.

На крајот, тој истакна дека наследството на Св. Климент не е само духовен столб, туку и потсетник за нашата обврска да ја чуваме и развиваме нашата земја. „Нека ни е честит и вековит празникот, за многу години!“ – заврши Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Промена на возниот ред – ЈСП со важно известување за граѓаните

Published

on

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека во понеделник (09.12.2024 год), поради државниот празник Св.Климент Охридски автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од таму додаваат дека жичницата ќе функционира вообичаено.

„Работно време на жичницата е од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.“, додаваат од јавното сообраќајно претпријатие.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Силно партнерство со Хрватска за европски стандарди и локален развој

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари срдечна средба со хрватската амбасадорка, Н.Е. Нивес Тигањ, каде што беше нагласена важноста од јакнење на партнерствата помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска.

За време на средбата, амбасадорката Тигањ изрази подготвеност Хрватска да ги сподели своите искуства во процесот на усогласување со европските стандарди. Таа ја истакна и проактивната работа на општината во привлекување инвестиции и развој на локалната заедница, што, според неа, претставува значаен чекор за подобрување на условите за живот.

„Градењето силни партнерства со пријателските земји како Хрватска ќе придонесе за подигнување на квалитетот на живот во нашата општина,“ истакна Ѓорѓиевски. Тој додаде дека оваа соработка е доказ за искрената посветеност кон развивање на односи кои ќе донесат нови можности за граѓаните.

Оваа средба е уште еден пример за позитивните иницијативи на локалната самоуправа за унапредување на меѓународната соработка, која може да послужи како модел за успешни партнерства на локално и меѓународно ниво.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк