Посетители на една плажа во Калифорнија изминатата недела останаа затечени од она што го видоа на самиот брег. Имено, парот кој се шетал наишол на „чудовиште“, односно морска риба која што живее во морските длабочини.
ОИвој вид на риба е познат по израстокот на главата кој свети и со кој ги привлекуваат останатите риби, а необично е тоа што истата живее во длабочините на морето и чудно е што завршила на самиот брег.
Овие риби живеат на големи длабочини и навистина ретко можат да бидат забележани. Доста е чудно што една таква е пронајдена на површината. Се обидуваме да дознаеме како тоа се случило, соопштија научниците.
Во понеделникот рибата била замрзната, но се уште не се знае каде истата ќе биде чувана.
Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.
Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .
Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.
Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.
„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје.
Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.
Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.
Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија.
Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.
Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.
И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.