Connect with us

Забава

Најпознатата стројничка од Прилеп: Благодарение на нејзе се склучиле над 300 бракови

Published

on

На почетокот од ХХ век Прилеп бил еден од многуте градови во Македонија каде што на специфичен начин луѓето се женеле и мажеле: Тогаш во мода било помеѓу идните младенци да посредува некој стројник…

Стројниците најчесто биле постари мажи и жени и по обичај морале да имаат „Мед во устата“ т.е зборовите да му бидат благи и убедливи.

Една од најпознатите стројничици во тоа време во Прилеп била некоја жена по име Надежда.

Надежда штом за некого посредувала никогаш не промашувала.

Се верува дека благодарение на Надежда во Прилеп се склучиле повеќе од триста бракови и сите успешни за што секогаш била богато наградувана со разни подароци.

Забава

Инфлуенсерка го лажирала своето киднапирање поради здодевност

Published

on

Инфлуенсерите денес се соочуваат со сериозни последици поради драстични и контроверзни потези кои ги преземаат за да го зголемат своето присуство на интернет. Еден од најновите и најконтроверзни настани се случи кога инфлуенсерката Викторија Роуз, позната по својот кориснички прекар “Whoa Vicky”, признала дека лажела за своето наводно киднапирање во Нигерија.

Инцидентот започна кога се појавија твитови во кои се тврди дека Роуз била киднапирана и дека нејзиното ослободување ќе биде возможно само ако се плати откуп од еден милион долари. “Ја киднапирав Вики. Таа е со мене во Нигерија. Барам 1 милион долари за нејзино ослободување”, гласеше еден од твитовите.

Меѓутоа, многу брзо потоа Викторија призна дека целата ситуација била измислена. За време на преносот во живо на Инстаграм, таа открила дека сака само да се забавува и да се шегува, додавајќи дека не пие алкохол и не оди во клубови, па ова беше нејзиниот начин да се забавува. “Библијата вели дека смеењето е добро за душата”, додала таа, оправдувајќи ја својата постапка со верска референца и објаснувајќи дека има ограничени можности за излегување поради нејзините христијански вредности.

Нејзиниот потег наиде на жестоки критики од јавноста, а многу корисници ја обвинија дека со оваа лага сериозно ја нарушила довербата во такви случаи. “Да лажеш дека те киднапираат е навистина одвратно!”, напишал еден од коментаторите. Викторија, сепак, останала на својот став, кажувајќи дека се сожалува за луѓето што можеби биле повредени од нејзината шега, но истовремено ја презела целосната одговорност за своето однесување.

Не е првпат да се случи ваков случај, бидејќи и во 2023 година 26-годишната медицинска сестра Карли Расел ја лажела својата киднапираност. Таа ја пријавила својата исчезнатост и, иако полицијата веднаш започнала потрага, многу брзо се открило дека се работи за измама. Расел подоцна признала дека воопшто не била киднапирана, туку дека целата ситуација била измислена.

Овие инциденти се сериозен потсетник за границите кои инфлуенсерите поставуваат во обидот да стекнат внимание и популарност на интернет, што често може да има сериозни последици и за нив и за нивната публика.

Continue Reading

Забава

Се укинуваат повеќе турски серии

Published

on

Со години наназад ударниот термин на речиси сите национални телевизии е резервиран за турски серии.

Се очекува овој тренд да продолжи и во 2025-та, иако од Туркије пристигнуваат и не така добри вести.

Тамошните медиуми пишуваат за криза во тамошната ТВ-индустрија.

„Приходите од реклами се намалени за половина оваа година и многу серии во Турција по кратка постапка се финализирани“, пишува „Хаберлер“.

Повикувајќи се на добро упатени извори, истиот портал пишува дека продуцентите донеле конечна одлука годинава да се прекине емитувањето на дури 13 серии. Осум од нив само што почнаа да се емитуваат, а останатите пет ќе финишираат заклучно со нивната втора сезона.

Continue Reading

Забава

„Биби и Боби“ ја разубавуваат Зимската приказна во Битола

Published

on

Најомилените пријатели на најмладите, „Биби и Боби“, вечерва пристигнуваат во Битола! Во 19:00 часот, пред Офицерскиот дом, сите посетители ќе можат да уживаат во магијата на празничниот дух преку танци, игри и незаборавна атмосфера што ќе ги стопли срцата на сите, без разлика на возраста.

„Зимска приказна“ продолжува да создава моменти за паметење, збогатувајќи ја празничната радост со незаборавни настани.

Празничниот дух живее во Битола!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк