Connect with us

Uncategorized

Отец Тодоров: Сексуалноста е интима, не идеолошка алатка, ЛГБТ идеологијата нов антиживотен тоталитаризам

СЕКСУАЛНОСТА Е ИНТИМА, А НЕ ИДЕОЛОШКА АЛАТКА!

(LGBTIQ идеологијата како нов антиживотен тоталитаризам!)

Човекот, и од аспект на вистината за него откриена од самиот Творец, но и од аспект на она што самото човештво го осознало за себе, е крајно сложено битие! Таа сложеност особено се изразува кога ќе биде засегнато она најсуштинското кај секој човек, а тоа е неговиот живот. Без живот, без животот во него, без живата личност нема повеќе човек, има само труп или „зомби“, односно, живи мртовци! Затоа, кога ќе биде засегнат неговиот живот, кај секој човек се активира одбрамбениот, имунолошкиот систем, разбран и на духовно и на биолошко ниво.

-Зошто некои идеологии се антиживотни, а се смртољубиви? Кај огромен процент граѓани на Р. Македонија веќе подолго време е активиран одбрамбениот, имунолошкиот систем во однос на нештата што во нашиот јавен простор ни доаѓаат од LGBTIQ идеологијата и пропагандата! Значи, намерно пишувам „идеологија“ а не некаков центар, структури или разни невладини организации кои ја подржуваат и ја пропагираат оваа идеологија. Да, се работи за идеологија, и тоа втемелена на лажна прилагодена „наука“ и пропаганда, која преку остварување на таканаречените права на лицата со различна, или поточно кажано разна/ флуидна сексуална орентација и преку прилагодување на законодавниот систем на Р. Македонија, ќе се обиде и во нашето општество да ги релативизира, а потоа и да ги сруши НОРМАЛНИТЕ, ПРИРОДНИТЕ, ЖИВОТООДРЖУВАЧКИТЕ и традиционалните вредности кои вековно се покажаа како вистински темел на разбирањето и практикувањето на бракот, семејството, воспитување на децата, половата етика, смислата и вистинската насока за осмислување на постоењето!- Бог, верата, нормалното, ненормалното и перверзното!

Јас како свештенослужител, духовен раководител и исповедник имам можност да стекнам увид и во свесните и во подсвесните нивоа на нашите сограѓани. И секогаш кога се отвара оваа тема од нив избива одбрамбен став, внимателност, страв, гнев и разни други артикулирани и неартикулирани емоции. Внимавајте, емоции! Зошто? Затоа што се работи за најсуштинското, се работи за животот, за вредностите и верата, за поколенијата, за менталната здравост, за одговорниот животоосмислувачки морал, за опстанокот, за проблемот со совеста која се буни! Може да наведам и сведоштва на наши сограѓани кои се соочиле со „мекиот“ тоталитаризам на LGBTIQ идеологијата во западните замји, но и кај нас во Македонија! Тие со длабока вознамиреност говорат за развратниот и дрскиот однос со кој припадниците и подржувачите на LGBTIQ идеологијата се препознаваат во тамошните општества.

Почитувани, би било неодговорно од моја страна да не проговорам и за проблемите и искушенијата со кои се соочуваат и нашите сограѓани со различна сексуална орентација. Како духовен раководител, како човек, самиот сум сведок на многу нешта од животот на овие наши сограѓани кои тие ги споделија со мене. Некои од нив прифаќајќи го и практикувајќи го христијанскиот духовен живот започна сериозни промени во себе и со себе, но, за жал, добар процент од нив остануваат во нивното секојдневие во кое преку контакт со државните институции се трудат да остварат некаков дефиниран статус во нашето општество. Да, државните институции би требало да се занимаваат со овој проблем за истиот да не се користи и злоупотребува од LGBTIQ идеологијата за остварување на крајно проблематични цели и агенди! Исто така, апелирам на разбирање во однос на различноста!

Нашето општество е секуларно, а во исто време и различно по национален и верски идентитет, па затоа е потребно развивање на разбирањето за различноста и потребите на другиот, при што, треба да се внимава од различноста и потребите на некоја, ваква или онаква малцинска заедница, па дури и таа да е сексуална, да не се прави идеологија и агресија врз различноста и врадностите на останатите 99% од граѓаните на Р. Македонија.

– Сексуалноста, половиот живот е интима, а не идеологија! Најдобар пример за ваков тип на идеолошка и вредносна агресија е предложеното СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ во македонскиот образовен систем! Во предложеното СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, дури и преку оскудните информации за истото од предлагачот, се препознава тотално непочитување на вредностите и моделите на живеење на огромен процент граѓани на Македонија кои својот начин на живот го оформуваат преку вековните проверени библиски и традиционални вистини и искуства! За овој тип на граѓани сексуалноста/ половиот живот е пројава на љубовта, но и на личносната, духовната зрелост и подготвеност. За нив ИНТИМНОСТА треба да остане во сверата на ИНТИМАТА, а не истата да се сведува на чиста биологија, а човекот на бесловесно и недуховно суштество!

– Родителот е РОД/ ЏЕНДЕР зашто тој раѓа и воспитува живот! Затоа, поради горенаведеното, 99% проценти од граѓаните, од родителите во Македонија се спротиставуваат на либерал – родовиот/ џендеровскиот пристап во воспитувањето на ТУЃИ ДЕЦА! Тие, предлагачите, своите деца, доклку ги имаат, нека си ги воспитуваат според својот модел и во своите вредности, а ние нашите деца ќе си ги воспитуваме во нашиот модел и во нашите вредности! Јасно и аргументирано! Како што ништо општо нема злото со доброто, така ништо општо нема нормалното со ненормалното!

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров

*преземено од Фејсбук група Патриотски македонски форум

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг