Connect with us

Религија

Денеска е Вознесение Господово – СПАСОВДЕН

Published

on

Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Иисус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ќе ве научи на целата вистина.

По воскресението од мртвите, во текот на четириесет дена им се јавуваше на своите ученици, не заедно, туку одделно, јадејќи и пиејќи со нив, појасно претставувајќи го воскресението. Најнакрај, откако им вети многу за Царството Небесно, им заповеда да не се одделуваат од Јерусалим, туку таму да пребиваат и да го чекаат доаѓањето на Пресветиот Дух, и со него да бидат крстени. Им заповеда да прибвиаат во Јерусалим за да таму најпрвин биде проповедано Евангелието и за да потоа кога ќе одат на туѓи места, да бидат добро опремени, како некои воини, подготвени со оружјето на Духот, и така да одат против непријателите Христови.

Кога настана времето на вознесението, Христос ги одведе учениците свои на Елеонската (Маслиновата) гора, која така се нарекува затоа што беше засадена со многу маслинки. И им говореше за Своето Царство, и дури говореше дојдоа ангели и го покажаа вознесувањето на небесата. И дури тие гледаа, тој беше земен од нивната средина, носен на еден облак и така од ангелите. И седна оддесно на Отца, обожувајќи ја плотта, и би се дрзнал да речам, ја створи и неа божествена, преку која ние се помиривме, а древното непријателство беше разрушено.

Пред апостолите застанаа ангели во вид на мажи и говореа: мажи, галилејци, што стоите и гледате кон небото? Тој Кого што во видовте, воплорениот Бог Иисус, Тој пак ќе дојде на јаве во плот, но не како првиот пат, понизно и молчаливо, туку со слава голема, како што и сега гледате од ангелите.

Тогаш апостолите се вратија од Елеонската гора, бидејќи таа беше близу до Јерусалим: две илјади и четириесет стапалки, тоа е еден саботен ден од. И бидејќи така е пропишано до Мојсеја, толку стапки во сабота да можат да се одат, затоа што и скинијата на заветот беше толку оддалечена од јудејскиот полк. Возможно беше да се оди во сабота да се поклонат таму, не правејќи поголем пат, затоа и се нарекува саботен ден од.

Некои сметаат, заради тоа, дека Христовото Вознесение било во сабота, но тоа е погрешно. Откако се вратија апостолите, влегоа во горната соба, во која беше, заедно со жените мироносици, и Мајката на Словото, која со пост и молитви и молби го чекаше доаѓањето на Сесветиот Дух, како што беше ветено. Христе Боже, кој се вознесе во слава, помилуј нè, амин.

Религија

Прекрасна во умот Света Макрина-баба на Свети Василиј

Published

on

 Баба на Свети Василиј Велики. Беше прекрасна во умот и во благочестието.

Ученичка на светиот Григориј Неокесариски чудотворец. Во времето на Диоклецијан го напушти својот дом и со мажот ѝ, Василиј, се криеја по шумите и пустините.

Нивниот имот беше конфискуван, но тие не жалеа за тоа. Лишени од сè освен од љубовта кон Бога, се населија во една прастара шума, во која поминаа седум години.

По Божја Промисла, кози се спуштаа од планините и им се подаваа, па тие се хранеа така. Обајцата се упокоија мирно во 4 век, после многу страдања за верата Христова.

Continue Reading

Приказни

Отец Тодоров: Сексуалноста е интима, не идеолошка алатка, ЛГБТ идеологијата нов антиживотен тоталитаризам

Published

on

СЕКСУАЛНОСТА Е ИНТИМА, А НЕ ИДЕОЛОШКА АЛАТКА!

(LGBTIQ идеологијата како нов антиживотен тоталитаризам!)

Човекот, и од аспект на вистината за него откриена од самиот Творец, но и од аспект на она што самото човештво го осознало за себе, е крајно сложено битие! Таа сложеност особено се изразува кога ќе биде засегнато она најсуштинското кај секој човек, а тоа е неговиот живот. Без живот, без животот во него, без живата личност нема повеќе човек, има само труп или „зомби“, односно, живи мртовци! Затоа, кога ќе биде засегнат неговиот живот, кај секој човек се активира одбрамбениот, имунолошкиот систем, разбран и на духовно и на биолошко ниво.

-Зошто некои идеологии се антиживотни, а се смртољубиви? Кај огромен процент граѓани на Р. Македонија веќе подолго време е активиран одбрамбениот, имунолошкиот систем во однос на нештата што во нашиот јавен простор ни доаѓаат од LGBTIQ идеологијата и пропагандата! Значи, намерно пишувам „идеологија“ а не некаков центар, структури или разни невладини организации кои ја подржуваат и ја пропагираат оваа идеологија. Да, се работи за идеологија, и тоа втемелена на лажна прилагодена „наука“ и пропаганда, која преку остварување на таканаречените права на лицата со различна, или поточно кажано разна/ флуидна сексуална орентација и преку прилагодување на законодавниот систем на Р. Македонија, ќе се обиде и во нашето општество да ги релативизира, а потоа и да ги сруши НОРМАЛНИТЕ, ПРИРОДНИТЕ, ЖИВОТООДРЖУВАЧКИТЕ и традиционалните вредности кои вековно се покажаа како вистински темел на разбирањето и практикувањето на бракот, семејството, воспитување на децата, половата етика, смислата и вистинската насока за осмислување на постоењето!- Бог, верата, нормалното, ненормалното и перверзното!

Јас како свештенослужител, духовен раководител и исповедник имам можност да стекнам увид и во свесните и во подсвесните нивоа на нашите сограѓани. И секогаш кога се отвара оваа тема од нив избива одбрамбен став, внимателност, страв, гнев и разни други артикулирани и неартикулирани емоции. Внимавајте, емоции! Зошто? Затоа што се работи за најсуштинското, се работи за животот, за вредностите и верата, за поколенијата, за менталната здравост, за одговорниот животоосмислувачки морал, за опстанокот, за проблемот со совеста која се буни! Може да наведам и сведоштва на наши сограѓани кои се соочиле со „мекиот“ тоталитаризам на LGBTIQ идеологијата во западните замји, но и кај нас во Македонија! Тие со длабока вознамиреност говорат за развратниот и дрскиот однос со кој припадниците и подржувачите на LGBTIQ идеологијата се препознаваат во тамошните општества.

Почитувани, би било неодговорно од моја страна да не проговорам и за проблемите и искушенијата со кои се соочуваат и нашите сограѓани со различна сексуална орентација. Како духовен раководител, како човек, самиот сум сведок на многу нешта од животот на овие наши сограѓани кои тие ги споделија со мене. Некои од нив прифаќајќи го и практикувајќи го христијанскиот духовен живот започна сериозни промени во себе и со себе, но, за жал, добар процент од нив остануваат во нивното секојдневие во кое преку контакт со државните институции се трудат да остварат некаков дефиниран статус во нашето општество. Да, државните институции би требало да се занимаваат со овој проблем за истиот да не се користи и злоупотребува од LGBTIQ идеологијата за остварување на крајно проблематични цели и агенди! Исто така, апелирам на разбирање во однос на различноста!

Нашето општество е секуларно, а во исто време и различно по национален и верски идентитет, па затоа е потребно развивање на разбирањето за различноста и потребите на другиот, при што, треба да се внимава од различноста и потребите на некоја, ваква или онаква малцинска заедница, па дури и таа да е сексуална, да не се прави идеологија и агресија врз различноста и врадностите на останатите 99% од граѓаните на Р. Македонија.

– Сексуалноста, половиот живот е интима, а не идеологија! Најдобар пример за ваков тип на идеолошка и вредносна агресија е предложеното СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ во македонскиот образовен систем! Во предложеното СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, дури и преку оскудните информации за истото од предлагачот, се препознава тотално непочитување на вредностите и моделите на живеење на огромен процент граѓани на Македонија кои својот начин на живот го оформуваат преку вековните проверени библиски и традиционални вистини и искуства! За овој тип на граѓани сексуалноста/ половиот живот е пројава на љубовта, но и на личносната, духовната зрелост и подготвеност. За нив ИНТИМНОСТА треба да остане во сверата на ИНТИМАТА, а не истата да се сведува на чиста биологија, а човекот на бесловесно и недуховно суштество!

– Родителот е РОД/ ЏЕНДЕР зашто тој раѓа и воспитува живот! Затоа, поради горенаведеното, 99% проценти од граѓаните, од родителите во Македонија се спротиставуваат на либерал – родовиот/ џендеровскиот пристап во воспитувањето на ТУЃИ ДЕЦА! Тие, предлагачите, своите деца, доклку ги имаат, нека си ги воспитуваат според својот модел и во своите вредности, а ние нашите деца ќе си ги воспитуваме во нашиот модел и во нашите вредности! Јасно и аргументирано! Како што ништо општо нема злото со доброто, така ништо општо нема нормалното со ненормалното!

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров

*преземено од Фејсбук група Патриотски македонски форум

Continue Reading

Религија

Денеска спомен на Светиот новомаченик Александар Солунски

Published

on

Овој Христов маченик беше роден во времето на големата турска тиранија над Солун. Како млад беше прелажан од Турците и потурчен. Во почетокот не го гризеше совеста за таа постапка и тој појде на Ќаба со останатите мухамедански аџии, па стана дервиш.

Но, како дервиш во Солун почна горчливо да се кае. При ова каење дојде на мисла дека со ништо не може да го симне од себе страшниот грев на христоотстапништво, освен со својата крв.

Се реши на мачеништво и излезе пред Турците како христијанин. Турците го фрлија в затвор и го подложија на долги маки. Но Александар постојано викаше: „Како христијанин се родив и како христијанин сакам да умрам!“.

Најпосле Турците го осудија на смрт, на што покајаниот Александар многу се израдува, познавајќи од тоа дека гревовите му се простени и дека Бог ја прима неговата жртва. Беше заклан во Смирна, во 1794 година, и прославен во Црквата небесна и земна.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: