ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Се појави снимка од моментот на уривањето на висококатницата во Мајами (ВИДЕО)

Репортерот на Фокс, Енди Слејтер објави на Твитер снимки од моментот кога се урна облакодерот во Сурфсајд, Флорида.

Судејќи според снимката, прво се срушил централниот дел на облакодерот, а девет секунди подоцна и задниот дел.

Облакодерот од 12 ката и 135 апартмани во градот Сурфсајд во близина на Мајами Бич се урна среде ноќ. Уништени се 65 станови. Досега е потврдена смртта на едно лице, а 35 се извлечени од урнатините.

Во тек е голема операција за спасување, што може да трае со денови.

Близначки од Струмица ги донираа своите плетенки за да им ја вратат насмевката на болните дечиња

Одраз на родителското воспитување и вреднување на животните вредности со хуманост од најмали нозе.

Десетгодишните близначки од Струмица ги донираа своите плетенки за да им ја вратат насмевката на болните дечиња.

Како медиум се радуваме што имаме можност овој период да споделуваме повеќе вакви примери. Браво девојчиња – пренесува Струмица денес.

Марија Груевска уникатна се прошета со момчето (ФОТО)

Битолчанката Марија Груевска е највпечатливата учесничка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кога е во прашање сценскиот изглед.

Марија со секое свое појавување во креациите кои за неа ги изработува младиот дизајнер од Тетово, Златко Јовановски, ги воодушевуваше како жирито, така и публиката.

Таа е една од оние Македонки што успеаја да дотуркаат до повисоките кругови од натпреварот, а не само што водеше сметка за сценскиот изглед, Марија секојпат избираше и специфични песни за изведба.

Овој пат во Србија не отиде сама, туку со своето момче кое за првпат го претстави на своите профили од социјалните мрежи. И ова одење во Белград не и помина без креативна модна замисла…

Па така, сексапилната и талентирана битолчанка се појави со гола нога до препони од специфичен крој на розови тренерки споени со корсет, розов ракав и високи потпетици.

За ова навистина треба храброт бидејќи не би можела да го носи секоја, ама на Марија тоа и успева, особено со дополнителна доза самоувереност покрај својот сакан.

вистина.мк

Пандев се огласи со порака до Ангеловски

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, преку социјалните мрежи му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за соработката која ја имаа изминатите шест години во националниот тим.

Пандев ја заврши репрезентативната кариера со настапот на Европското првенство, додека Ангеловски потврди дека ја завршил соработката со ФФМ.

– На 20 октомври 2015 година, прв пат кога се сретнавме, во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, Вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце, напиша Пандев на Инстаграм.

Селекторот Ангеловски имаше најголема заслуга за враќањето на Пандев во репрезентацијата, кој пред неколку години се повлече од националниот тим.

Утре стигнуваат 100 000 дози Фајзер, а во недела 500 000 дози Синовак

Во текот на утрешниот ден се очекува испорака на 100.000 вакцини „Фајзер“ преку механизмот Ковакс, а в недела стигнуваат 500.000 вакцини „Синовак“, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Кинеските вакцини стигнуваат со два авиона во 14 и во 16 часот по 250 илјади дози во секој. Направен е план за складирање на две места, во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби. Непосредно по добивање на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека тоа ќе биде в понеделник или во вторник, ќе се дистрибуираат ширум државата. Во однос на планот за вакцинација, очекувам дека околу 180.000 граѓани кои се пријавени а сеуште невакцинирани, да бидат вакцинирани во следните дваесет дена. Исто така, следува приоритетна вакцинација на наставниците како сите ученици би можеле од септември да се вратат на настава со физичко присуство во училиште. Апелирам уште еднаш граѓаните кои се немаат пријавено за вакцинација да го направат тоа на vakcinacija.mk, информираше Флипче.

Видео: Се урна станбена зграда во Мајами, во тек е голема спасувачка операција

Повеќе од 80 пожарникарски и спасувачки тимови се ангажирани во акцијата за спасување откако делумно се урна 12-спратна зграда во Мајами, објавија американските медиуми.

Една жена загинала, а најмалку осум лица се повредени. Се стравува дека има жртви под урнатините. Во зградата имало над 100 станови.

Засега не е познато зошто 12-катната зграда во Сурфајд делумно се урна во текот на ноќта.

(Фото) Алиоски се врати во родното место, ги изpaдува дечињата

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски заврши со репрезентативните обврски на ЕП за Македонија и дел од одморот го искористи за посета на родното Црнилиште.

По враќањето од ЕП Џани замина за неговото родно место, прилепското село Црнилиште, а таму ги израдува најмладите. Тој се сретна со децата од селото кои се и членови на фудбалскиот клуб.

Заев: ФФМ примила пари од Агенцијата за млади и спорт – мора да го смени името (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во „Топ Тема“ на телевизија Телма изјави дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени своето име според „Преспанскиот договор“.

Според него, Куќата на фудбалот примила пари од Агенцијата за млади и спорт на име на младинските репрезентации, па затоа ФФМ мора да ги почитува уставот и законите во државата и да го промени името, вели Заев во гостувањето на Телма.

Премиерот Заев денеска на Скопскиот економски форум рече дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор.

Парада на гордоста викендов во Скопје – Ќе ја отвори Васил Гарванлиев

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни. Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка, нагласи дека оваа парада е посветена на сите ЛГБТИ луѓе и поддржувачи, кои ќе дојдат да го изодат овој марш за еднаквост на ЛГБТИ заедницата, но и на сите оние кои нема да можат да дојдат поради различни причини – зашто се плашат за односот со своите најблиски, се плашат за своите работни места или за односот кон нив во училиште или на факултет.

Прајдот ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк.

Парадата ќе ја отвори нашиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, а потоа ќе следат говори од активисти и неколкучасовна музичка програма. Сите детали околу превентивните мерки и безбедноста ќе бидат тековно споделувани на сите комуникациски канали.Организатор на парадата е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Денеска е тежок празник: Ден кога се врти Сонцето, ова се обичаите

Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога Сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава, во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на Сонцето. Имено, се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу, но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Ерменија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни, заедно со споменот на светиот апостол Варнава.

Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли. Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха. Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј, коешто за време на животот го препишал на рака.

Меѓутоа, кај нашиот народ овој ден е поврзан со верувањата за вртењето на времето од лето кон зима и со вртењето на Сонцето. Така дошло и до адаптирање на името Вртолом. Како што запишал Ефтим Спространов во Охридско празникот Свети Вартоломеј бил познат како Вртолум и од тој ден Сонцето се свртвело кон зима и за тоа многу жалело. Го вртеле дванаесетте апостоли, и тие, исто така, многу жалеле зашто се завртувало кон зима.

Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова, овој ден се сметал за тежок празник зашто од тој ден Сонцето се завртувало кон зима. Во овој крај луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, како ќе се затемни и ќе се заврти. Се завртувало еднаш на едната, потоа на другата страна. Овде според овој ден и овчарите прогнозирале какво ќе биди времето. Го набљудувале 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. На поискусните овчари не само Сонцето туку и некои други знаци им помагале во прогнозирањето на времето. Така на пр. тие внимавале и на ветерот, од каде дува и со која силина, колку има облаци на небото, со која боја се и кон каде се движат, дали сонцето пече посилно или послабо и сл. и сето тоа го бележеле на своите овчарски стапови. Потоа, по овие знаци претскажувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.

Во Гевгелиско, според записите на Стефан Тановиќ, на овој ден не се работело поради оган и град. Се велело дека Сонцето се завртувало кон југ, дека до тој ден се приближувало кон земјата, а од тој ден се оддалечувало, дека дотогаш денот наголемувал, а оттогаш намалувал итн. Поради тоа по Св. Вартоломеј ништо не се сеело зашто немало да никне. И во Кумановско, по Вртолум не саделе лук, кромид, зелка и др. зашто не ќе врзеле глави, немало време да зреат, зашто времето се вртело кон зима.

Кузман Шапкарев запишал дека на Вртолом не се работело зашто се вртеле небото и Сонцето, па можело да има виулици. Шапкарев забележал едно предание во кое се раскажува дека еднаш на овој ден некој чифликсајбија ги терал своите момоци да ораат, „а тие пак, бидејќи не сакале му одговориле: ʼАго, денеска не се ора, денеска е Вртолом!ʼ Турчинот бидејќи не се грижел многу за каурскиот празник, насилно ги принудил момоците да ораат велејќи им презриво: ʼАјде орајте вие, вʼртʼр, тʼртʼр не знам јасʼ. Селаните се разбира не можеле веќе да се спротивставуваат на агата и, сакале не сакале, ги впрегнале воловите и почнале да ораат. Но, о чудо! Веднаш по заорувањето се случило да завее толку силен ветар и завеале такви силни виулици, та не останале ниту орачи, ниту волови, ниту плуг, ‒ се вртел плугот сосе волови во круг и удирале од земјата… Од тогаш Турчинот не само што не ги принудувал момоците да ораат на Вртолом, туку уште пред еден месец прашувал: ʼКога е бре, синко, тој врти удри?ʼ За да не се случи да ораат по погрешка, та да настрадаат сите“.

Дека народот го држел како празник кога не се работело за од невреме сведочи и едно кажување од селото Мрзен Ораовец. „На Вртолум обично не одиме на работа. Но еднаш бидејќи имавме многу за жетва, се излагавме па отидовме да жниеме во Грамаѓе. Попладне издувна таква бура, што сите полози ни ги однесе, дури и тавичката од ручекот. Колку што паметам не се случило на Вртолум да не издувне бура во вид на вртеж кој носи сè пред себе.“

Во Дебарца (Охридско) на Вртолом голем собир се правел во месноста Сливовски Анови каде што се собирал народ не само од Дебарца, туку и од Копачијата, од Кичевско, Дебарско, Струшко и други места.
Очигледно една природна појава што имала значење во животот на нашиот човек, била причина за мешање на некои христијански елементи со постари слоеви на народната култура.