Пратениците за ПАТНИ ТРОШОЦИ земале 193.000 евра иако не одеа на работа

Пратениците за девет месеци работа, откако беа избрани од народот, од државата искеширале 193.000 евра за патни трошоци, иако во поголемиот дел од времето не одеа на работа поради кризата со болеста.

Порталот „СДК“ кој ги добил податоците од собраниското сметководство нотира дека само за месеците февруари, март и април во кои, впрочем, Собранието беше најмалку активно – народните избраници по оваа ставка „ќариле“ 73.000 евра.

Од топ 10-те пратеници кои најмногу ја истрошиле државната каса, рекордот го држи Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ кој од август лани до април годинава земал 7.620 евра. По него е неговиот сопартијец Петар Ристески со 7.278 евра за патни трошоци. Нешто помала сума, 7.174 евра, подигнал и пратеникот на Алијанса за Албанци, Сурија Рашиди.

Следуваат и пратеничките Јадранка Поцкова и Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ со 6.131 односно 5.800 евра за патни трошоци, потоа сопартијките од СДСМ Соња Михаиловска и Драгица Ѓавочанова со по околу 5.200 евра. Помеѓу 4.200 и 4.800 евра земале и Миле Лефков и Зоранчо Јованчев од најголемата опозициска партија, како и Панчо Минов од владината коалиција.

Интересно е што најголемите суми по човек се исплатени во месец април – кога голем дел од пратениците ставаа потпис, а не влегуваа во сала да гласаат.

Би-Би-Си: Алиоски во идеалниот тим од групната фаза на ЕУРО2020

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски се најде во идеалниот тим, кој читателите на британскиот сервис Би-Би-Си го избраа по натпреварите од групната фаза на Европското првенство.

Левиот бек на македонската репрезентација доби втора највисока оценка (8,19) зад играчот за врска на Белгија, Кевин Де Брујне (8,36).

Во идеалниот состав во избор на читателите на Би-Би-Си се најдоа и Каспер Шмајхел од Данска, Леонардо Спинацола од Италија, Симон Кјаер од Данска, Матеуш Клих од Полска, Џеорџино Вајналдум од Холандија, Мануел Локатели од Италија, Чиро Имобиле од Италија, Ромелу Лукаку од Белгија и Александер Исак од Шведска.

Алиоски беше стрелец на еден од двата гола, кои македонската репрезентација ги постигна на својот дебитантски настап на ЕУРО2020. 

ДАРИА МИЛОШЕСКА влезе во финале со „Ако Згрешам Нека Изгорам“ од 1.350 ученици од 24 земји

Ученичката од 8-мо одделение на ПСУ „Јахја Кемал“ Дариа Милошеска се пласираше во финалето со нејзината песна „Ако Згрешам Нека Изгорам“.

Дариа ќе ја покаже својата страст и ентузијазам кон музиката да биде прва и да ја направи нејзината земја попозната.

24 ученици се пласираа во финалето од вкупно 1.350 ученици и кои ќе се натпреваруваат за прво место на натпреварот за песна “Colors of Voices”, кој ќе се емитува во сабота, 26 јуни во 20:00 часот по македонско време и истиот ќе може да се гледа на каналот на (IFLC)  на YouTube.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC), организира разни натпревари и сценски представи од областа на уметноста, ќе ги продолжи годинашните настани со специјални натпревари за песна.

Во полуфиналето учествуваа 1.350 ученици.

Финалето на натпреварот за песна “Colors of Voices”, ќе биде изведено со величествен настан.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) оваа година ќе користи целосно дигитални фази, 2Д-3Д визуелни ефекти и техники на зелен екран на аудио-натпреварот.

Финалистите на натпреварот, на кој 24-те ученици беа пласирани во финалето, ќе бидат одредени со јавно гласање и жири комисија составена од професионален тим.

Покрај жирито, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот што сакаат, преку линкот за гласање која ќе се дели по завршување на натпреварот.

Линкот за гласање кој ќе биде споделен на крајот на настапите ќе остане отворен приближно 10 часа.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) ќе се организира по 19-ти пат онлајн поради пандемијата.

Во овој период, оние кои сакаат да гласаат ќе можат да ги оценуваат учениците со 5 ѕвезди.

Младите таленти ќе ги испеат своите последни песни на мајчин јазик и ќе носат автентична народна носија.

Горан Пандев дoнece oдлyкa – ќe игpa yштe eднa гoдинa

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот македонски фудбалер на сите времиња ја има донесено, но ќе ја соопшти по завршувањето на заслужениот одмор што го зема по настапот за националниот тим на ЕВРО 2020. „Гранде Пандев“ објави дека ја завршува репрезентативната кариера, но тоа нема да значи и негово збогување со фудбалот.

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира. Ваквите пораки очигледно допреле до Македонецот, кој до неодамна делуваше решено да се збогува од активното играње, но во меѓувреме го променил својот став.

Понудата од Џенова е отворена, тренерот Балардини не крие дека сака Пандев да остане уште една година, а се чека само на одговорот на македонскиот интернационалец. На крајот, тој за радост на приврзаниците на Џенова ќе биде позитивен, по што Пандев и во следната сезона ќе биде еден од главните адути на овој клуб, со можност потоа да остане како дел од управата на Џенова.

Прашањето околу репрезентативната кариера дефинитивно е затворено, иако не се исклучува можноста Пандев да биде повикан од новиот селектор Милевски за еден последен меч, за на домашен терен во Скопје да се збогува од дресот со националниот грб.

Пекол и дeнecкa – Пopтoкaлoвa фaзa, пoплaднe ќe имa ocвeжyвaњe

Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Според прогнозата на УХМР, утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени и УВ индекс 9.

Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова фаза, поради што надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.

Од Министерството апелираат единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, од МЗ ги потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Министерството воедно потсетува на општите мерки за заштита до кои треба да се придржуваат граѓаните, особено во овие екстремно топли денови.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираше дека е можно топлата воздушна маса која носи прекугранична прашина да биде причина за благото зголемување на концентрациите на ПМ 10 честичките. Се претпоставува дека станува збор за пустински ветер кој може да продолжи и во наредните денови.

Според најавите Од УХМР, попладнево доаѓа мало освежување – изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Обвинителката Фатиме Фетаи доживеа сообраќајна несреќа (ФОТО)

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода.


Имено, насреќата меѓу две возила Поло и Сеат Ибица се случила на раскрсницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.

Според информациите, а како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.


Обвинителката, Фатиме Фетаи како што пишува порталот Ин7, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не би требало да биде сериозна.

Фото Ин7.тв.

Денеска е Преподобен Онуфриј Велики

Овој светител живееше во четвртиот век. За свети Онуфриј инаку не се знаеше ништо се до пред неговата смрт.

Тогаш, по Божја промисла, монахот Пафнутиј во пустината се сретна со еден чуден човек, целиот обраснат во бели влакна, со брада и коса што ја допираа земјата. Овој го повика по име, а потоа му го раскажа својот живот.

Свети Онуфриј живееше во пустината во подвиг цели 60 години, хранејќи се најмногу со Божјите зборови, а и со тоа што Бог даваше да расте во пустината. На крајот Бог промисли преку монахот Пафнутиј да се дознае и зачува ова чудесно сведоштво.

Свети Онуфриј се упокои следниот ден по посетата на Пафнутиј, во 400 година.

Пукање во Скопје: Турски државјани се пpecметале, рането било едно лице

На 23.06.2021 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека околу 22.00 часот, пред угостителски објект на ул.„Казанџиска“ во Скопје, пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција. М.Е.Е. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пренесува МВР.

Која е девојката која упадна на сред терен ?(Фото)

Пред неколку дена на натпреварот помеѓу Белгија и Финска на теренот „упадна“ една преубава девојка, а многумина веднаш ше потсетија на настанот од 2019та година кога Кинси Волански го прекина финалето од Лигата на шампионите.

Навивачите од секогаш во голема мера упаѓале на зелените терени, со цел да се фотографираат или пак да ги прегрнат своите идоли, но во последно време сите тоа го прават од некоја причина.

Сепак, доколку се сеќавате на Кинси Волански, таа максимално ја искористи својата слава која што ја стекна од прекинувањето на финалето од Лигата на Шампионите.

Имено, познатиот руски Јутјубер Виталиј Здорветски, познат по неговиот сајт за возрасни на тогашната своја девојка, Кинси Волански и даде мајца токму со истото име со цел промоција на истиот преку упад на зелениот терен.

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем беше прекинато, а Кинси од истиот момент стана голема ѕвезда, а исто и сајтот на нејзиното момче доживеа вртоглав раст на посети.

Ваквата пракса на рекламирање стана пракса, се почести се упадите на терените, а секој што ќе упадне на себе носи некој нтпис којшто сака да го пласира во етерот.

На својот Инстаграм профил, Кинси има повеќе од 3,7 милиони следбеници а има и свој бренд кој го носи името „КинсиФит“.

Покрај оваа социјална мрежа, таа е активнаи на ТикТок каде има 2,5 милиони следбеници и повеќе од 24 милиони лајкови.

Покрај овие сите успеси, таа може да се пофали и со учество дури во три филмови после упадот на фудбалскиот терен.

Во продолжение погледнете како денеска изгледа Кинси Волански:

Доколку беше таму сам тој ќе умреше! Во тој момент сфатив дека ние не сме народ – ние сме нелуѓе!

Во животот можеш да се потпреш само на себе – е најдобрата реченици која го опишува искуството на една жена од Белград. Опкружена со 150 луѓе додека нејзиниот сопруг се борел за воздух пред себе видела тажна слика за едно општество, “управувано од емпатија”.

Таа за Блиц го раскажала своето непријатно искуство кое и се случило кога таа се враќала од летен одмор.

Нејзината изјава ви ја пренесуваме во целост:

Пред неколку години се враќав од летен одмор од Црна Гора каде бев со мојот сопруг. Тргнавме во 7 навечер од Херцег Нови и некаде кај полноќ возачот на автобусот реши да направи пауза во близина на Златибор. Го запре автобусот без при тоа да му се доближи до тротарот и помеѓу тротоарот и автобусот. Искочивме надвор, а мојот сопруг се движеше позади мене. На вратата од автобусот се создаде гужва, па некои луѓе се бутнаа помеѓу мене и него. Кога се симнував од автобусот ја видов дупката и искоментирав дека доколку некој не ја види може одма да скрши нога, се сеќава таа.

Се сетила дека треба да го почека сопругот да се симне но бидејќи автобусот бил полн со патници, решила да се тргне на страна. Во еден момент, таа видела како едно момче му помага на нејзиниот сопруг да стане. И тоа што го помислив тоа се случи. Тој паднал во дупката. Се придвижив да му помогнам но само неколку минути откако успеа да застане на нозе тој се онесвести. Успеав да го повлечам и да му ја спуштам главата полека кон бетонот. Како што тој падна така сите други патници почнаа да бегаат. Во тој момент си помислив дека впрочем луѓето се нелуѓе. Понекогаш секунда ви се чини како вечност, а во таа секунда јас сфаќам дека ако не го вратам сопругот од бесознание дека тој ќе се задуши. Ја видов сината боја која му го покрива лицето и слушнав како се гуши. Но и во таа долга секунда сфаќам дека немам ништо  во мене, ниту вода ниту сила да му помогнам, вели таа.

Знам дека лекарите понекогаш ги будат пациентите удирајќи ги по образот. Замавнав со сета сила и фала му на Бога тој се разбуди. Му помогнав да стане. Ногата почна да му отекува но не видов модринки ниту пак скршеница. Беше во голема болка. Од толку луѓе во автобусот никој не не праша како сме, како е тој. Дали можеби ни треба вода или било што. Во тој момент сфатив дека јас се плашам од луѓе, поточно од она во што се претвориле. Јас повторно око не затворив – седев и набљудував дали можеби пак ќе се онесвести. Но знаев дека тоа веројатно му е реакција од шокот, од повредата и дека веројатно мојот сопруг се срами дека паднал во дупка. Тој се срамеше од оние 150 души во автобусот кој во ниту еден момент не можам да ги наречам луѓе, вели таа.