Видео: ЗМИИ на кеј во центарот на Скопје, граѓаните да бидат внимателни!🐍

Топлото време и високата влажност на воздухот ги привлече змиите да излезат од своите скривалишта во потрага по храна. Како резултат на тоа, на неколку локации во Скопје, во изминативе неколку денови се забележани змии како лазат по тротоари, низ трева или, пак, едноставно се кријат во повисоките грмушки.

Фотографијата која е објавена беше споделена на инстаграм профилот на поренашната водителка Снеже Велков и е направена на кејот во центарот на Скопје, во непосредна близина на зградата на Основното јавно обвинителство.

Освен фотографија таа на својот инстаграм профил апелира до граѓаните да бидат внимателни. Велков напиша дека се обидела да стапи во контакт со надлежните градски и државни институции, но за жал никаде не добила конкретен одговор или ветување дека ќе се реши проблемот.

Познавачите на влекачите велат дека нормално е кога змиите се будат од зимски сон во потрага по храна да се симнат и во градот, особено во периферните делови на градот. Од април до јуни им е периодот на парењето, но според познавачите, тоа воопшто не ги прави поагресивни. Во нашата земја постојат 16 различни видови змии, но за среќа само три вида отровни змии.

Видео на Скопје Инфо:

Доколку граѓаните забележат змија во своја непосредна околина, се препорачува да ја заобиколат во што е можно поширок круг и да не ја фаќаат во никој случај.

Исто така, за да се намали појавата на овој вид влекачи во Скопје, се препорачува редовно одржување на градското зеленило

Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус, туристите вознемирени не знаат дали ќе продолжат со турата

Автобус на српски туристички авто превозник утрово бил каменуван сред Скопје, дознава „Блиц“. Како што им раскажал менаџерот на компанијата, во автобусот се превезувале руски граѓани кои правеле тура во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, а туристите и возачот отишле да преспијат. Инцидентот се случил утрово во 7 часот, ги вознемирил туристите и го загрозил продолжувањето на патувањето, додал тој.

Засега непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Потоа провалиле во автобусот и ги украле личните работи на патниците и возачите кои биле оставени во возилото.

Веднаш по пријавата, полицијата и екипа за форензика излегоа на терен и спроведоа истрага.

Дневен хороскоп за 26 јуни: Што ги очекува хороскопските знаци во текот на денешниот ден?

ОВЕН

Работа: Можно е работите на ова поле да не одат по планот. Разочарани сте и потребно е да ги менувате работните ставови.

Љубов: Ќе ви биде полесно кога ќе прифатите промени на полето љубов.

Здравје: Чувствително здравје.

БИК

Работа: Внимавајте на новите информации во врска со работата. Ви доаѓаат пресврти кои не сте ги ни очекувале.

Љубов: Ќе бидете задоволни од комуникацијата со саканата личност која ви покажува се повеќе интерес.

Здравје: Проблеми со крвната слика.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не е претерано поволен ден па можно е да имате мали компликации и проблеми.

Љубов: Тешко ви е да се смирите со партнерот кој во минатото на некој начин ве лажел и бил неискрен кон вас.

Здравје: Избегнувајте напрегање.

РАК

Работа: Можно е да ви се појавува некоја нова дилема и дека нема да ви биде лесно да донесете вистинска одлука.

Љубов: Ве очекува период кој ви носи несогласувања со партнерот. Наклонети сте кон караници.

Здравје: Проблеми со алергии.

ЛАВ

Работа: Ќе бидете преоптоварени. Можно е да имате впечаток дека работата ви ја црпи целата енергија.

Љубов: Можно е да имате криза со саканата личност и да не ви е лесно вашиот однос да го стабилизирате сега.

Здравје: Јавете се на лекар.

ДЕВИЦА

Работа: Може да очекувате среќни околности на ова поле. Пред вас е добар период кој ви носи промени.

Љубов: Не сте сигурни и поради тоа никако не можете да и пријдете на личноста која ви значи.

Здравје: Малаксаност.

ВАГА

Работа: На ова поле доаѓа до промена. Поволен е ден за нови вложувања како и за нови одлуки.

Љубов: Имате чести караници со саканата личност. Чувствувате дека бракот ви е во голема криза.

Здравје: Чувсвителна бешика.

ШКОРПИЈА

Работа: Може да очекувате прилика да ги решите проблемите денеска. Поволен ден за кратко патување.

Љубов: Саканата личност покажала дека искрено и значите и дека е подготвена на сериозна врска со вас.

Здравје: Уринарна инфекција.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Доколку денеска се впуштите во нови работи, може да очекувате дека ќе бидете задоволни.

Љубов: Не ви е лесно да најдете партнер за нова врска. Можно е да сте се затвориле во себе.

Здравје: Добро здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Немојте многу да одолговлекувате со работните обврски затоа што може да имате некои проблеми на ова поле.

Љубов: Денешниот ден не ви е претерано поволен за љубов. Партнерот на некој начин ќе ве разочара.

Здравје: Одморајте.

ВОДОЛИЈА

Љубов: Можно е да прифатите шанса за нова работа. Подготвени сте драстично да ги смените работите на ова поле.

Љубов: Пред вас е фаза која носи интересни пресврти со личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Водете сметка околу забите.

РИБИ

Работа: Патувањето кое го планирате на работното поле е добро за вас. Може да очекувате проширување на работата.

Љубов: Уживате во необврзувачки средби на полето љубов и покажувате дека не сте подготвени за врска.

Здравје: Одлично се чувствувате

ХАОС НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: Утрово колони возила чекаат влез

Зголемена фреквенција на возила изутринава се бележи на ГП Богородица излез од РС Македонија и на ГП Табановце за влез во земјава, каде што времето на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Состојбата од сите гранични премини можете да ја погледнете ТУКА.

ЈСП да ја прифати идејата – бесплатни дезодоранси за патниците кои се возат со метро во Виена

Од ден на ден станува сѐ поневозможно да се користи јавниот градски превоз на кој градот толку многу инсистира…

Градското јавно сообраќајно претпријатие Wiener Linien во Виена почна да дели бесплатни дезодоранси на патниците со метро, поточно на линијата У6. Планирано е да бидат поделени 14 000 бесплатни дезодоранси. Со оглед на тоа што линијата У6 во некои делови поминува над земја, вагоните бргу се загреваат.

Моментно само околу 50 отсто од возовите на оваа линија се климатизирани, додека на преостанатите на прозорците има залепено заштитна фолија со помош на која температурата може да се намали  за 4 степени.

Главниот град на Австрија оваа година прослави 40 години од постоењето на подземната железница. Денешниот виенски „У-бан“ има вкупно пет линии, 109 станици, вкупна должина од 83 километри, а лани биле превезени 450 милиони патници.

А како да се натераат граѓаните наместо со својот автомобил, на работа да заминат со автобус, кога повеќето се стари возила што личат на подвижни сауни на четири тркала, бидејќи најчесто се неклиматизирани.

Радев: Нема да кажеме „ДА“ се додека Македонија ја краде бугарската историја

„Бугарија се спротивстави на ’неверојатниот притисок’ од европските партнери да се одобри почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Брисел, откако пред неколку дена земјата повторно ги блокираше македонските обиди за влез во Унијата. По пристигнувањето на дводневниот Европски совет во Брисел, бугарскиот претседател рече дека Бугарија успеала во инсистирањето прашањето за започнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од денешната агенда на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ.

„Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска земја зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија“, порача Радев, Додавајќи дека темата за започнување преговори меѓу Скопје и ЕУ биле отфрлени од европските лидери на бугарско инсистирање.

Како што пренесува бугарски „Медиапул“, Радев се пожалил дека последните месец и половина, Бугарија била под огромен притисок од европските партнери на денешниот Европски совет да се започнат преговори за членство на РСМ. „Притисокот ќе продолжи, но ние докажавме овој месец и половина дека можеме да бидеме отворени за конструктивен дијалог и да го иницираме дијалогот на највисоко ниво. Нема да дозволиме да ни ги свиткаат рацете со лобирање, ниту пак со медиумски и политички притисок“, додаде Радев.

Тој рече дека на самитот на ЕУ во мај Бугарија била во изолација, соочена со прст на обвинувања за блокирањето на преговорите со РСМ и со Албанија. „Привремената влада вложи големи напори за да ги надополни сите години во кои нашите партнери никогаш не биле во можност да слушнат значајна, аргументирана бугарска позиција на високо ниво. Затоа одржав многу лични состаноци и разговори со лидерите на европските институции“, рече тој. Оваа порака на Радев индиректно е упатена кон поранешниот премиер Бојко Борисов кој пред една недела го обвини шефот на државата и привремената влада дека „ги лажат Македонците дека сакаат нивна евроинтеграција“ – пренесува Слободен печат.

Со „Б“ и „Ц“ возачка дозвола до плата од 52.000 ден во Агенцијата за цивилна пловидба

Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба деновиве распишала оглас за вработување на помлад соработник за јавни набавки во Секторот за финансиски работи.

Неговата нето плата ќе изнесува ни помалку ни повеќе, туку 52.440 денари, објави Фактор.

Општите услови што ќе треба да ги исполни овој вработен, односно да е државјанин на земјава, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, а посебните услови се факултет, односно ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, а со или без работно искуство во струката.

Но, интересно е дека тој човек треба да поседува и возачка дозвола од Б и Ц категорија, што е наведено во дополнителните услови на огласот, но и согласно годишниот план на институцијата, треба да се вработи Македонец.

Повеќе