Министер фатен на дело како се бакнува со соработничка! Си поднел оставка

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска поднел оставка, откако во јавноста протекоа фотографии на кои тој се бакнува со соработничка во ходник. Јавноста посебно го критикуваше дека со бакнежот не само што ја изневерувал сопругата, туку ги прекршил анти-ковид правилата за физичко растојание, неопходни за борба против пандемијата на Ковид-19.

Ханкок за оставката денеска го известил и премиерот Борис Џонсон. Во образложението за својата оставка, Ханкок изјавил дека е негова должност да им признае на сите луѓе, кои толку многу жртвуваа за време на пандемијата, дека ги изневерил.

Претходно беше фатен од камерата за надзор во моментот кога страсно се бакнуваше со неговата асистентка, додека неговата рака беше под нејзината половина. Жената на видеото е Џин Коледејнџело, која започнала да работи како негова советничка во март минатата година

По големата трагедија во семејството сакал да се откаже од „Ѕвездите на гранд“, а вчера победи! Ова е тешката судбина на Махир од БиХ

Од 10 илјади кандидати и 600 учесници во „Ѕвездите на гранд“ на крајот останаа само тие двајца – Исак Шабановиќ од Црна Гора и Махир Мулалиќ од Босна и Херцеговина.

Само неколку стотина гласови ги делеше овие двајца млади пејачи до крајот на третиот круг во финалето на ова шоу, за да на крајот нивната разлика во гласови биде само три илјади.

Но, сепак малку фалеше победникот пред неколку месеци да се откаже од целото натпреварување.

Кандидатот од тимот на Марија Шерифовиќ од почетокот беше фаворит за победа, но во април се откажал од шоуто поради смрт во неговото семејство.

Имено на Махир му починала мајката, а тој не најде сила да продолжи со натпреварувањето. Тој тогаш на Инстаграм се прости од мајка му со потресни зборови, а поддршка доби и до Марија Шерифовиќ.

Сепак, на крајот по разговор со Марија тој одлучил да се врати во шоуто за да на крајот вчера биде прогласен за победник.

„Вистинска парада на гордоста“ во Битола – дом, семејство, родители, мајка, татко и деца

Во Битола по вторпат вчера се одржа „Вистинската парада на гордоста”.

„Ова е „Вистинска парада на гордоста“ со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко, а сето тоа ни гарантира сигурна иднина. Бракот е институција која треба да се негува, не сакаме тоа да се редефинира. Сакаме бракот да си остане каков што е, да нема родител 1 и родител 2“, изјави Петковски.

“Вистинска парада на гордоста” по втор пат во Битола.

Начелата по кој треба да сме водени за организирање на “Вистинската парада на гордоста” се:
-Дом
-Семејство
-Родители-МАЈКА и ТАТКО
-Деца
Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА вероисповед 🙏- велат од Иницијативата граѓани.

Падна „Седумка“ на лото – за анонимниот добитник над 660.000 евра

Синоќа, по подолг период падна „седумката“ на лото а среќниот добитник го очекува сума од рекордни 669 илјади евра.

Добитнотио ливче било уплатено на продажното место ЈМБ КОМПАНИ Визбегово, Скопје, објави Државната лотарија на Фејсбук.

„Добивка со 7 погодоци во 50 коло 2021. Износ на добивка: 41,163,771.60 ден“, стои во објавата на Државната лотарија.

Добитната комбинација која ја погоди овој играч гласи: 1, 20, 24, 25, 31, 32 и 34.

Лотарија соопшти дека во вечерашното коло на Лото 7, освен седумката, имало и две шестки кои на оние кои ги уплатија ливчињата ќе им донесат 169.000 денари (околу 2.700 евра).

Уштe дeнecка пopтoкaлoв мeтeo aлapм, од утре тeмпepaтypaтa ce мeнyвa

Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=8

Од утре не очекува сончево и топло со малку пониска температура и со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8

Уште денес трае овој период на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Активирано е портокалово ниво за опасност од високи температури насекаде во земјата.

Турската полиција со солзавец ја растури парадата на гордоста во Истанбул | ВИДЕО

Турската полиција испука солзавец за да ги растера луѓето собрани на денешната Парада на гордоста во центарот на Истанбул, а околу 20 лица, вклучително и фоторепортери, се приведени, јавија локалните медиуми.

„Ројтерс“ извести дека постојат снимки на кои се гледа како полицијата под целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножитото, додека се собирале за настанот на споредна улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

Турција е кандидат за влез во Европската унија веќе подолго време, но процесот на пристапување забавува со години поради напнатоста по низа прашања, вклучително и човековите права.

Во заедничко писмо во четвртокот, повеќето лидери на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата кон ЛГБТ заедницата, во екот на жестоката јавна дебата во Унгарија, чиј парламент минатата недела забрани по училиштата да дистрибуира материјал и содржини кои промовираат хомосексуалност или промена на полот.

https://youtu.be/V1w4yRAmziY

(Фото+Видео) Нови детали од ужасот во Германија: Напаѓачот на полицијата и е познат од порано, пред у*иството викал ,,Alahu akbar”

Властите во Германија ги истражуваат мотивите на вчерашниот напад во германскиот град Вирцбург, во кој вооружен маж со нож убил три, а ранил најмалку пет лица, не се исклучува можност од терористички акт.

Полицијата вчера уапсила маж кој се сомничи дека извршил напад и потврдила дека се работи за Сомалиец (24) кој живее во Баварија, каде што во таа прилика полесно е ранет во нога а подоцна испитуван во полиција, пренесува АП.

Министерот за внатрешни работи на Баварија рекол дека човекот бил на психијатриско лекување пред нападот и дека и бил познат на полицијата.

Тој изјавил дека неможе да се исклучи исламски екстремистички мотиви бидејќи еден сведок го слушнал осомничениот како извикува “Alahu akbar”, што во превод значи “Господ е голем“.

Сомалиецот живеел во Вирцбург од 2015 година, однеодамна е во прифатилиште за бездомници, а утврдено е дека не ги познавал жртвите.

https://twitter.com/BurekShakur/status/1408462948725633024?s=19

Сите вили на Роналдо од Њујорк до Дубаи, а видете ја и „колибата“ со стаорци каде што пораснал (ФОТО)

Најбогатиот спортист на денешницата вложи многу пари во недвижнини, кои се наоѓаат низ целиот свет, од Њујорк до Дубаи.

Кристијано Роналдо е најголемата спортска ѕвезда на денешницата. Капитенот на Португалија ја брани титулата освоена пред пет години на Европското првенство, а во исто време руши неколку големи рекорди. Новиот предизвик, клучен за исходот од групата Д е против Франција, по што прво ќе се знае дали Португалија ќе се квалификува понатаму и на која позиција ќе се најде во групата.

Каде и да се појави, Роналдо привлекува внимание, и тој во моментов е најпопуларната личност во светот на Инстаграм, со 303 милиони следбеници, што е за 50 повеќе од неговите најблиски следбеници.

Соборува рекорди во фудбалот, но и во заработувачката и маркетинг-активностите. Само еден од неговите потези на Европското првенство, кога го тргна шишето Кока-Кола од конференцијата и рече дека треба да се пие вода, а не овој пијалок, влијаеше на падот на акциите на компанијата за 4 милијарди долари.

Роналдо потекнува од сиромашно семејство, доаѓа од дното, од улицата, каде што започна да игра фудбал, сонувајќи дека еден ден ќе стане одличен фудбалер.

Неговата сестра Катија Авеиро неодамна сподели фотографија од куќата во која пораснаа таа и Роналдо и остатокот од нивното семејство во Мадеира, и откри дека во куќата живееле и стаорци, и дека еден ја гризнал за лицето додека била бебе, и тоа е среќа што нивната мајка се појавила на време, инаку денес ќе имала последици.

– Родена сум во стара куќа, креветот ми беше подигнат на цигли. Кога бев бебе, ме касна стаорец на лицето, не се срамам да го кажам тоа. Фала му на Бога, се појави мајка ми, инаку ќе бев уште погрда отколку денес. Јас пораснав во сиромашна населба од мала и научив да го ценам ова малку што го имам – рече сестрата на Роналдо во емотивно обраќање.

Од човек кој израснал во таква куќа, Роналдо стана најбогатиот активен спортист, единствениот фудбалер во историјата кој успеал да достигне милијарда долари заработка.

Неговиот договор со Јувентус е вреден 70 милиони долари, а дополнително заработува 50 милиони од спонзорите.

Роналдо работеше напорно и напорно тренира дури и денес, и затоа сака да ги троши парите што ги заработува за работи што ги сака и да им даде на себе и на своето семејство најголема можна удобност и задоволство.

Само гаражата има флота од над 20 луксузни автомобили вредни десетици милиони долари.

Сепак, тој има вистинско богатство во неговиот недвижен имот. Секој од нив вреди десетици милиони евра, а се наоѓаат низ целиот свет. Од Њујорк до Дубаи, но повеќето од своите куќи и станови ги концентрираше во Шпанија и Португалија.

Она што е познато е дека Роналдо има вила во Мадрид, како и во Марбела, Шпанија, додека во Португалија има вила во родната Мадеира, како и нов пентхаус во Лисабон.

Исто така има вила во Торино каде што моментално живее, како и луксузни мезони во Дубаи и Њујорк. Во скоро секоја куќа, Роналдо има спектакуларен поглед кој се протега до морето или целиот град, секој има базен, како и теретана и сè што е потребно за да се опорави од тренинг, што е нешто на што Роналдо придава најголема важност.

Погледнете подолу сите куќи и станови во сопственост на Роналдо:

Заев: ЛГБТИ заедницата ја има мојата поддршка за каузата која значи еднаквост

Премиерот Зоран Заев во пресрет на втората Парада на гордоста вели дека ЛГБТИ заедницата ја има владината и неговата поддршка за каузата која, како што рече, значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето општество.

-Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден.Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас, напиша Заев на Фејсбук.

Втора парада на гордоста денеска во Скопје (Фото и Видео)

Денеска Скопје се одржува втората парада на гордоста. Под полициско обезбедување и изменет сообраќаен режим парадата почна од „Жена борец“ паркот, а крајната дестинација ељ „Школка“ во Градскиот парк.

Видео:

https://youtu.be/GQd2l0LU4WA

https://youtu.be/6JjnRfpTlhE