Заев ќе земе 10 дена одмор, а и пратениците треба да одморат за да бидат поефикасни

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, а смета дека и пратениците ртреба да се одморат за да бидат поефикасни.

„Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично по Илинден, Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер.

Јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие ќе почитуваат.

Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор“, рече Заев на новинарско прашање

Притвор за жената која во Тетово го уби невенчаниот сопруг​

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против жителка на с. Мала Речица, тетовско на возраст од 39 години, за која постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории на подмолен начин го лишила од живот оштетениот – нејзин вонбрачен сопруг. По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со употреба на тврд предмет – чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на оштетениот, додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди оштетениот починал на самото место. Осомничената пак, сама се пријавила во полициска станица.

Обвинителството во Тетово на надлежниот суд му предложи на осомничената да и определи мерка притвор, во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничената и определи притор во траење од 30 дена.​

Во ГОБ „8 Септември“ нема веќе заразени, си замина и последната пациентка 👏

Во петокот од „8 Септември“ си замина последната пациентка, која таму се лекуваше од компликации на новата болест. Во изминатава година и три месеци во овој центар беа лекувани 3.250 пациенти заразени со болеста, поради што беше стопирано лекувањето на пациенти од други болести, објави „Фактор“.

Директорот на болницата д-р Христијан Костов изјави дека се надева оти ова ќе биде крај на една лоша епизода со која се соочи целото човештво.

„Во еден период имавме и 180 хоспитализирани пациенти. Освен пациенти со тешки компликации од болеста ништо друго практично и да не лекувавме. Не се правеа операции, амбулантите за сите останати патологии не работеа, месеци и месеци во ГОБ „8 Септември“ не влегуваа други пациенти. Секој кат од болницата беше резервиран само за болните од оваа нова болест, секојдневно се бараше болнички кревет повеќе. Молби доаѓаа од сите страни, и тука беа носени пациенти со најтешка клиничка слика“, изјави Костов за порталот Фактор.

Kapaкачанoвци се шегуваат со нас: Лaжни poдови, лaжно минато, лaжни нации, да живее Скопје пpajд

Лажни родови, лажно минато, лажни нации! Да живее Скопје прајд!

Ова на личниот ФБ профил го напиша носителот на листата на „Бугарски патриоти-ВМРО, Волја и НФСБ“ за градот Русе, Искрен Веселинов, по информацијата дека претседателот и премиерот на РС Македонија, Пендаровски и Заев, учествувале на геј парадата во Скопје, пишуваат софиски Гласове.бг.

Потсетуваме дека ние, бугарските патриоти, јавно го стигматизиравме спроведувањето на тој перверзен марш на „различностите“ во Софија и во други градови во државата и остануваме единствена политичка сила, која отворено опстојува на христијанските вредности, моралот и смислата на семејството.

Имено, не случајно семејните политики и анти-родовата пропаганда се наши основни приоритети. А, промената и замената на историјата, особено во однос на заедничката со РСМ и нејзиното членство во ЕУ-за нас тоа не подлежи а коментар, додека не запре лицемерието на политичарите од другата страна на границата, пишува порталот.

РКЕ дoнece oдлyкa – oвa ce нoвитe цeни нa гopивaтa 👇

Горивата од полноќ поскапуваат. Регулаторната комисија за енергетика одлучи и ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините ќе биде повисока за 1,50 денари. Цената на дизелот се зголемува за 1 денар од полноќ.

Ова се новите цени на горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 71,00 ден/лит

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 73,00 ден/лит

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 63,00 ден/лит

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар и новата цена ќе изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,152 ден/кг.

Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.

Владата на 82-та седница одлучи да се зголемат давачките за увоз на нафтените деривати во земјава за 3,5 денари за моторен бензин, со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Недостатокот на пасоши предизвика турканици и тензична атмосфера, гужви пред пасошко(Фото)

Пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи кои во претходниот период не можеа да ги добијат, на голем број луѓе им се поместени термините, а други преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.

Граѓаните со денови чекаат да добијат пасоши од МВР. Тие неколку пати беа вратени од службениците во МВР со изговор дека „системот не работи“ и им беше кажано да дојдат за неколу дена. Сето ова предизвика големи гужви и турканици пред портите на МВР.

Граѓаните кои по десетици неуспешни повици, некако успеале да го контактираат министерството, велат дека пасоши конечно има а можат да се добијат 10 дена по сликањето за документот и тоа со новото име Република северна Македонија.

Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.

Заев: На миниcтpите ќе им кyпиме електpични автомобили 🚗

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање при пуштање во употреба на спортска сала во основното училиште во Волково.

-Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50 отсто да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства. Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни еколошки возила вклучително електрични каде ќе одиме со 0 проценти царини, данок, па дури и хибридните за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример. изјави премиерот Заев.

Последната набавка на владини возила преку оперативен лизинг беше во 2018 година. Тендерот го доби компанијата Порше лизинг која за речиси 1,8 милиони евра три години изнајмуваше 45 возила Фолсваген Пасат за владините функционери. Според договорот владата месечно плаќаше рата за лизинг од по 49.400 евра за 45-те возила. Или за тригодишно рентање на едно возило с еплатени по околу 40.000 евра, сума која што е приближно иста со продажната во авто-салон.

Електричните автомобили се значително поскапи од традиционалните со мотори со внатрешно согорување. Тоа значи дека трошоците за новата еко авантура ќе бидат и нов удар по буџетот. Наместо мотивација за движење со велоспиеди, пеш и користење на јавниот превоз, нашите министри мораат на секои 3 години да купуваат нови автомобили бидејќи не оди тие да се возат во толку „стари“ возила.

Промени за Лавот, нестабилен брак за Јарецот

ОВЕН

Не би требало да очекувате компликации на работното поле. Судбината е на ваша страна и лесно решавате се. Може да очекувате поволен ден за средба со личноста која ја сакате. Ќе уживате во романтика. Одлично се чувствувате.

БИК

Можно е во текот на денешниот ден успеете да покажете дека сте успешни и остварени во својата работа. Нови љубовни случувања ќе ви внесат задоволство и возбудувања во животот. Проблеми со очите и видот.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволен период за работа. Ќе решите некои мали дилеми кои ќе ве следат. Со саканата личност имате мали несогласувања кои ве мачат во овој период. Не ви е лесно да најдете компромис. Избегнувајте напрегнување.

РАК

Не ви е лесно да се организирате кога е во прашање работата. Потребна ви е помош од некој поискусен соработник. Ве очекува прилика да се сретнете со личност која ќе ви го разубави животот. Имате многу енергија.

ЛАВ

Нови случувања и промени ви доаѓаат, без разлика дали сте подготвени на тоа или не. Ве очекува период во кој би можеле да имате мала криза во односот со саканата личност. Потребен ви е одмор, што повеќе сон.

ДЕВИЦА

Можно е ситуацијат на полето работа и финансии забавена и тоа нималку не ви се допаѓа. Ако сте слободни, подготвени сте да се впуштите во некое ново познанство. Проблеми со циркулација.

ВАГА

Пред вас е поволна атмосфера кога е во прашање работата. Некои ваши идеи и предлози ќе бидат прифатени. Сакате вашиот однос со саканата личност да биде искрен. Се трудите еден на друг да ги разбиете предрасудите. Добро здравје.

ШКОРПИЈА

Имате доволно искуство кога е во прашање работата. Подготвени сте да се посветите на остварување на целите. Љубовта на далечина тешко ви паѓа но имате впечаток дека сте пронашле личност која ви одговара. Внимавајте на здравје.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да успеете да дојдете до подобрување на работните околности во овој период. Имате емотивни кочници и стравови. Како да не смеете емотивно да се препуштите на партнерот онолку колку што сакате. Добро здравје.

ЈАРЕЦ

работното опкружување. Ситуацијата во вашиот брак е нестабилна и се почесто размислувате за прекин. Чувајте се од повреди.

ВОДОЛИЈА

Очекувајте дека ќе успеете да остварите подобрување на работната ситуација со своето залагање и труд. Можно е осаменоста да не ви дава мир и да сакате што порано да дојдете до познанство. Пад на имунитетот.

РИБИ

Можно е да имате мали несогласувања со колегите, но тоа се се решава. Пред вас е интересен период за нови љубовни случувања. Ако имате симпатија, време е да и ги покажете чувствата. Имате многу енергија.

Сончево и многу топло време, УВ индексот 8🌡️

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време, од вторник повторно со температури до 40-тиот степен. Од средината на работната седмица ќе има услови за краткотрајна попладневна локална нестабилност.

СТРУМИЧАНКАТА КРИСТИНА ПЕТКОВА Е МЕЃУ ОСУМТЕ НАЈДОБРИ МИС ФИТНЕС МОДЕЛИ ВО СВЕТОТ

Струмичанката Кристина Петкова деновиве учествуваше на Светскиот шампионат во боди билдинг организиран од светската IBFF Федерација која оваа година се одржа во Копер, Република Словенија. Кристина се натпреваруваше во две групи:

– MISS BODY WELNESS ( ОСВОЕНО 11 МЕСТО ).
– MISS FITNES MODEL ( 8 МЕСТО ВО СВЕТОТ ).

„Имаше голема конкуренција. За овој натпревар се подготвував седум месеци од кои два месеци вежбав во домашни услови поради Ковид ситуацијата.“ – вели Петкова за портал Струмица Денес.