Connect with us

Uncategorized

Викендов Галичка свадба: Ова се годинашните младенци (ФОТО

По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов ќе се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески.

Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече денеска на нивното претставување, многу години учествувал на свадбата во Галичник во повеќе улоги – како статист, коњаник, а една година бил и стар побратим.

– Доста ми се познати обичаите и, како што поминуваше времето, сè повеќе се гледав како зет на Галичката свадба. Не може да се опише чувството да се биде дел од оваа богата македонска традиција. Одговорноста е голема да се следат сите обичаи и да се испочитува сето она што ни го оставиле нашите предци, рече годинашниот галички зет Филип Бундески.

Катерина Илиевска изјави дека е почестена што годинава таа е галичка невеста и е горда што ќе биде дел од вековната традиција. – Галичката свадба е една од најавтентичните на Балканот, па и пошироко. затоа со радост го исчекуваме викендот во кој ќе ги испочитуваме нашите предци, нашата традиција. Сигурна сум дека сите заедно убаво ќе си поминеме викендов во Галичник, рече Катерина.

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка на Министерството за култура, Галичката сцадба ќе се одржува претстојниот викенд (17/18 јули). Ќе почне в сабота со традиционалното китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“. Обичаите продожуваат в недела кога е и венчавката на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“.

Во пресрет на свадбата, вечерта в петок во Галичник концерт ќе има групата „Љубојна“, која на платото пред чешмата Упија ќе изведе изворни песни од Мијачкиот крај. Ќе настапат и групите „Тоа е тоа“ и „БендОфф“.

Среќен и долг заеднички живот на годинашните младенци и успешно издание на манифестацијата им посака министерката за култура Ирена Стефоска која се осврна на традицијата на најпознатата македонска свадба што со векови за Петровден ги собирала печалбарите во родниот крај.

– Јули бил месец на солзи радосници во Галичник. Имало ли поубав ден за целото семејство од мигот кога стопанот ќе стапнел на прагот по месеци и месеци на печалба. Зурлите и топаните ги чекале свадбите и свадбарите. И така со векови. Оваа традиција е сочувана и стана наше драгоцено нематеријално културно наследство. Министерството за култура, како и досега, останува силен поддржувач и промотор на оваа манифестација која го чува и збогатува нашиот надалеку препознатлив македонски фоклор, рече министерката Стефоска.

Програмата на Галичката свдба на прес-конференцијата ја соопшти Александар Костиќ од Месната заедница „Галичник“, која е организатор на настанот, заедно со претставници на спонзорот – „Пивара“ Скопје, кој ги обезбеди пијалаците за свадбарите.

Костиќ соопшти дека за посетителите ќе има правила за оставање на отпадот, како и посебен режим во ообраќајот – забрана за паркирање околу локациите на настанот во сабота и недела (црквата „Св. Петар и Павле“, Упија, Куќата на Лукановци од каде што ќе се земе невестата.

Забрана за моторни возила низ Галичник ќе има в петок од 20 часот до 1 по полноќ, в сабота од 18 до 22 часот и во недела забраната ќе важи од 7.30 до 15 часот. Во овие термини автомобилите ќе може да се паркираат на местото Селска ливада, еден километар пред Галичник, а Месната заедница „Галичник“ има ангажирано комбиња кои ќе ги превезуваат посетителите.

– Сите контејнери за отпад овој викенд ќе бидат дисплоцирани од Галичник и ќе бидат поставени мали канти кои ќе се користат само за пластика и за лименки. Ги замолуваме сите кои имаат неопходна потреба за депонирање отпад, тоа да го сторат во камионот на ЈКП „Маврово“ кој ќе биде на располагање на околу 500 метри пред Галичник. Апелираме до сите галичани и посетители да се придржуваат до овие правила и да ни помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот, рече Костиќ. (МИА)

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг