Македонското осумкрако сонце стана 12-крако откако владата го објави скандалозното лого за одбележувањето на 30 години од прогласувањето на независност на Македонија со целосно погрешен приказ на македонскиот симбол. Но не е само логото проблем, според владата Македонија ќе слави 30 години како северна, а за утеха останува само кодот МК.
Историчарите гневни на власта, велат дека недозволиво е македонската посебност да се поистоветува со творба која беше создадена за политички пазар во 2018-та. За универзитетската професорка Наташа Котлар логото кое го промовира Владата наликува на регистарска табличка, а децидна е дека чествувањата за македонската независност, не можат да бидат северни…
По бурата реакции во јавноста, владата побрза да се оправда па преку соопштение вели дека скандалозното лого не било знамето туку одбрана илустрација на сонце.
„Логото не го содржи државното знаме, Сонцето кое е употребено во логото е различно од Сонцето од државното знаме“реагираат од Владата.
Откако неколкупати го утнаа знамето на странските делегации, пиар тимот на владата случајно или не успеа да го погреши и македонското. Објавеното лого предизвика цела лавина од реакции кај јавноста која бара негово итно повлекување. Инаку автор на логото е тимот графички дизајнери при Секторот за односи со јавноста во Владата.
Остри реaкции има и поради користењето на терминот северна Mакедонија, со што всушност се прави историски фалсификат бидејќи се чини дека се одбележуваат 30 години со името Северна Македонија, кое е сменето во 2018, а не 30 години од независноста. ПО лавината негативни коментари, од Илинденска се објаснуваат дека знамето на Република Северна Македонија има специфична државна вредност и дека истото не треба да се става во логоа за прослави туку истото треба да се користи издвоено, засебно, чисто, со јасно истакнување на настани и исклучиво онака како што е пропишано со Законот за употреба на грбот, химната и знамето.
Затоа, сонцето употребено во логото за 30-години независност е со поинакви и поголем број краци од сонцето од државното знаме.
Логото го објави Владата, а го објаснија со зборовите „сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност“. Потоа следуваа реакции во јавноста најмногу околу тоа дали сонцето е приказ на тоа од нашето знаме и дали е направена грешка во приказот. Но, и покрај критиките, од Владата останаа на ставот дека на логото се обединети сите симболи со кои се потенцира јубилејот.
Под итно да се повлече ова лого, апелираше професорот Костадин Танчев – Динка. Се уште има малку време преостанато, но сепак доволно според него, за да се направи јавен конкурс и достојно да се чествува триесетгодишнината од независноста на државата, вели тој.
Избраното решение е топ тема во јавоста. Бизнисменот Венко Глигоров во статус на Фејсбук пишува „ДУШМАН НА МАКЕДОНИЈА ДА СИ, НЕМА ТОЛКУ ДА ГО КОРИСТИШ СЕВЕРНА . и прашува Зошто потенцирање со сила на зборот Северна? Па уште и 30 години од Северна? Тоа се лаги, не се факти.
Докторот Нико Беќаровски пишува – Толку невистини во едно лошо осмислено лого ОВА Е ПОЛОШО И ОД ДРЕСОВИТЕ…
Проектот FishNoWaste: Рибарите во Јадранот ќе собираат и рециклираат пластичен отпад
Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот со морската пластика останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад од остатокот на Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.
За справување со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Проектот има за цел да собере податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање.
„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.
При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.
Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа, со активно вклучување на рибарите при собирање, сортирање и предавање отпад. Sunce спроведува и едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.
Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.
Патување кон Грција: Дојран единствениот сигурен премин
Многумина го користат продолжениот викенд за патување во Грција, но се соочуваат со проблеми на граничните премини. Најголемиот премин кај Гевгелија е затворен поради штрајк на грчките земјоделци и неговото отворање е непредвидливо – понекогаш отворен кога патниците тргнуваат, а затворен кога стигнат.
Засега, единствениот премин кон Грција кој постојано е отворен е Дојран. Преминот Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, а преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на преминот Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути. Возачите се советуваат да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето однапред за да избегнат непотребни застои.
Трамп најави шокантен потег: Може целосно да се повлече од преговорите за Украина!
Американскиот претседател Доналд Трамп може да се повлече од мировните преговори за Украина поради обвинувања за корупција против блиски сојузници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави неговиот син, Доналд Трамп помладиот.
На форум во Доха, Трамп помладиот рече дека Украина е „многу покорумпирана од Русија“ и го нарече Зеленски „еден од најголемите маркетери на сите времиња“. На прашањето дали неговиот татко ќе се повлече, тој одговори: „Мислам дека можеби ќе се повлече“.
Ова следува по тридневен состанок во Мајами меѓу претставници на Киев и Вашингтон, кој официјално беше оценет како продуктивен, но без конкретни решенија за клучните прашања околу безбедносните гаранции и територијалните спорови.
Сега светот внимателно ги следи следните потези на Трамп, кои може драстично да ја променат динамиката на мировните преговори.