Connect with us

Uncategorized

Близнаците сакаат да го контролираат партнерот, Јарецот ќе добие пари

ОВЕН

Воспоставувате комуникација со потенцијални соработници од надвор. Интуицијата ви кажува дека ќе успеете да постигнете заеднички договор. Имате впечаток дека партнерот се двоуми по прашањето на вашата врска. Стабилно здравје.

БИК

Соработката со колегите е незадоволувачка. Не успевате да постигнете договори ниту околу некои дневни, тековни обврски. Задоволни сте од врската и уживате во блискоста. Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Се занимавате со креирање нови, работни планови. Амбициозни сте, но и реални, така што знаете што и колку може да направите. Посесивни сте, љубоморни и сакате да го контролирате партнерот. Проблеми со главата.

РАК

Малку сте демотивирани по лошите резултати на работа. И покрај тоа, на обврските приоѓате на максимално одговорен начин. Имате впечаток дека дошло до оддалечување од партнерот и заладување на односот. Солидно здравје.

ЛАВ

Прилично сте амбициозни, организирани и одговорни. Успешно ги реализирате сите работни планови. Имате тајна симпатија, но и натаму не сте подготвени да и ги покажете своите чувства. Проблеми со гениталиите.

ДЕВИЦА

Разговорите не се одвиваат онака како што сте очекувале. Некои состаноци се одложуваат, а на одржаните не успевате да постигнете договор. Размислувате за поранешниот партнер, но не се осудувате да му се јавите. Проблеми со притисокот.

ВАГА

Многу сте креативни, и го искористувате целиот потенцијал. Одличен ден за комуникација со странски партнери. Не сте задоволни од врската. Стабилно здравје, денот е одличен за рехабилитација.

ШКОРПИЈА

Фокусирани сте на нови работни проблеми. Сакате еднаш засекогаш да ги решите, но не успевате во тоа. Максимално уживате во размената на емоции и мислења со партнерот. Чувствителна бешика.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат грижи поради лошата ситуација и нервоза поради лошата комуникација со соработниците. Не сте заинтересирани за емотивната сфера поради работните прболеми. Потребно е веднаш да го зајакнете имунитетот.

ЈАРЕЦ

Успешни сте во комуникацијата и успевате да смислите нови работни планови со колегите. Ве очекува прилив на пари, но и покрај тоа загрижени сте за финансиите. Љубовта сега не ви е приоритет. Проблеми со нервите.

ВОДОЛИЈА

Имате одлична соработка со колегите. Правите тајни планови чиј цел е зголемување на финансиите. Вљубени сте и посветени максимално на саканата личност. Стабилно здравје.

РИБИ

Ситуацијата е стабилна. Загрижени сте поради ограничени финансии. Размислувате на кој начин може да дојдете до нови средства. Не сте претерано фокусирани на брачната партнерка, па таа планира да ве заведе. Одлично здравје.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг