Connect with us

Uncategorized

Бикот не е за паралелни врски, Стрелецот да не се меша во туѓи одлуки

Published

on

ОВЕН

Денот не е поволен за работа. Пробајте да избегнете важни обврски сега и занимавајте се само со рутински работи. Ќе имате интересна средба со личноста кон која во минатото сте имале силни чувства. Мал пад на енергијата.

БИК

Немојте да покажувате дека не сте сигурни во она што го зборувате и го планирате. Важно е на ова поле да дојдете до повеќе самодоверба. Паралелни љубовни врски не се за вас. Можно е да сте добиле понуда за врска. Проблеми со несоница.

БЛИЗНАЦИ

Чекате да слушнете некои вести околу работа во која сте вложиле многу енергија. Пред вас е успорен ден на ова поле. Можно е денеска да владее атмосфера на недоразбирање меѓу вас и саканата личност. Добра ситуација на ова поле.

РАК

Важно е да имате доволно трпение за да може чекор по чекор да остварите успех на ова поле. Можно е да дојде до оддалечување меѓу вас и личноста која ви се допаѓа. Хронични проблеми ве мачат.

ЛАВ

Вашиот работен партнер покажа дека може да се потпрете на него и задоволни сте од се што ви пружил во текот на соработката. Се сомневате и сметате дека саканата личност не е искрена кон вас. Проблеми со забите.

ДЕВИЦА

Можно е да се борите за опстанок на ова поле и дека наскоро ќе дојде до неминовни промени кај вас. Размислувате околу заеднички живот со партнерот. Сметате дека сте подготвени за тој голем чекор. Можни проблеми поради хормоните.

ВАГА

Ако останете доволно сконцентрирани на својата работа, може да очекувате дека ќе успеете да остварите мал напредок. Ви следува зближување со личност која ви се допаѓа веќе долго време. Избегнувајте ги сите пороци.

ШКОРПИЈА

Ако не бидете доволно свртени кон работните случувања, би можеле да пропуштите некои важни моменти на ова поле. Некогаш не сте свесни дека вашите дела би можеле да ги повредат личноста која ја сакате. Одморајте се и опуштајте се.

СТРЕЛЕЦ

Немојте да мешате во туѓите одлуки и потрудете се денеска да ја гледате својата работа и да се држите на страна. Потрудете се да стекнете доволно доверба во односот со саканата личност. Без големи проблеми со здравјето.

ЈАРЕЦ

Пред вас е добар период за работното поле. Не би требало да очекувате пречки и проблеми. Можен е почеток на нова врска која би можела да потрае во иднина. Поволен период за рехабилитација.

ВОДОЛИЈА

Може да се надевате на позитивни случувања кога е во прашање работното поле. Ако превземете иницијатива кон личноста која ви се допаѓа, ќе прифати да влезе во врска со вас. Проблеми со синусите.

РИБИ

Пред вас е позитивен период во текот низ кој може да остварите напредок на работното поле. Неопходно е да го смените начинот на размислување но и комуникацијата со партнерот за односот да може да опстане. Наклонетост кон депресија.

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading

Uncategorized

МИЦКОСКИ ВЕТИ ПЛАТА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ВЕЛЕШКА КОЛСКА Владата бара и решение за фабриката

Published

on

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Владата бара решение за Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска и решение ќе се најде со сигурност, вети при денешната посета на Велес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека во заеднички договор со вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски, во понеделник вработените на Колска ќе добијат плата.

Мицкоски појасни дека кога биле избрани за Влада, дел од вработените на Колска, кои го организирале вчерашниот  штрајк им велеле, не барајте решение, дајте да си одиме во стечај и потоа во пензија.

Вработените на Колска, околу педесетина, вчера протестираа во кругот на фабриката поддржани од фабричкиот синдикат на Колска и ССМ.

Тие бараат да им се исплати плата за декември и К-15 за лани, како и да добијат здравствено осигурување, а во спротивно се заканија дека во понеделник ќе го блокираат железничкиот сообраќај на станицата во Велес.

Како претпријатие во државна сопственост побараа да ги посети премиерот Христијан  Мицкоски и други претставници од Влада и вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски.

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Воедно работниците побараа и понатаму  редовна исплата на плати и придонеси.

Continue Reading

Uncategorized

Македонскиот репрезентативец Димоски нов играч на Партизан

Published

on

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Македонскиот репрезентативецот Бојан Димоски е новиот играч на Партизан. Во клубот Димоски доаѓа од руски Акрон.

Димоски е роден 2001 година во Прилеп и игра на позицијата лев бек.

Димоски кариерата ја започна во Тетекс, по што настапуваше за Вардар и Брера од Струмица, од која во 2023 година се пресели во руски Акрон.

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк