Connect with us

Uncategorized

Ксенија ја зapaзила другарка вakцинирана со две дози – Костова жecтоко peагира на мерките

Ксенија Николова македонска инфлуенсерка и писателка која зад себе има две книги и голем број следбеници, во моментов се наоѓа во изолација бидејќи се заразила со коронавирус.

Според нејзините тврдења таа се заразила на кафе кај другарка дома која била вакцинирана со две дози против коронавирус, а нејзината објава ја коментира познатата инфлуенсерка Миа Костова која исто така го има прележано вирусот.

Таа потенцира дека другарката на Николова со Ковид пропусница бидејќи е вакцинирана може слободно да се шета по кафичи и да го шири вирусот, а таа која го прележала нема да смее да оди на кафе.

Погледнете го целиот статус кој собра речиси илјада лајкови.

-Вчера го гледав лајвот на Ksenija Nikolova која во моментов е во изолација невакцинирана и позитивна на ковид. Накусо, цитирам: ‘се заразив од другарка со која пиевме кафе во домашни услови, затоа и немавме маски а дополнително се чувствував безбедна зошто другарка ми е вакцинирана со две дози.’ И сега, другарка и со сертификатот влегува секаде пред да знае дека сее ковид со две дози вакцина а Ксенија тазе прележана кога ќе излезе од карантин нема да може да влезе никаде.

Пази ти, доктор на науки изјави дека ‘природниот имунитет не важи, важи само оној од вакцина’

Па јас колку што знам дете вакцинирано од ммр може да фати сипаници и да ги прележи со полесни симптоми. Дете кое природно лежело морбили НИКОГАШ повторно не може да се зарази. Ама не е исто нели? Ова друго е.

И уште еднаш за сите портали и твитови! Антиваксер не сум колку што сакам да видам зошто се вакцинирам?

Најбитниот став на оние кои предлагаат вакцинација а тоа е ‘да се спречи понатамошна зараза’ падна во вода. Ем се заразуваат ем 100 посто пренесуваат. Ама мал процент биле тие со тешки клинички слики. Е па ако е мајка ми таа со две вакцини и ако заврши на машина вас ќе ви е статистика мене ми е 100 посто.

Наместо да воведете мерки на време и да не биде друга држава Тетово кај што на пример и даље ќе се иде по кафани и ќе има свадби и не смеете да им припарите, Скопските локали нема да работат со минималниот процент вакцинирани (млади, зошто поголем процент се возрасни кои и онака не одат по локали) или ќе стават клуч на врата за 2 месеци ако ова вака продолжи. Би требало и угостителите да размислат на темата, а не да почитуваат небулозни мерки.

Крајно после првите информации околу тоа колку вакцините вршат своја работа ме радува фактот што сѐ повеќе читам статуси на вакцинирани кои не се баш најсреќни што се ‘заштитени’ затоа што факт- не се.

За тоа кои ќе бидат последиците од сѐ ова ќе видиме за две три години како со Гардасилот кој беше обавезен за да биде повлечен откако остави сакати млади девојчиња во првите две год од примање на истата ( една од жртвите е и мојата родена сестра која за среќа заврши само со она од што е вакцинирана).

И да уште нешто, кога се избори рековме, пишува на Фејсбук инстаграм инфлуенсерката Миа Костова.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг