Connect with us

COVID 19

Македонија во црно: 28-годишна медицинска сестра почина на Инфективана во Скопје од компликации од КОВИД-19

Published

on

28-годишна медицинска сестра од Општатат болница во Кичево, вчера почина на Инфективанта клиника во Скопје од компликации предизвикани од КОВИД-19.  Младата жена не била вакцинирана поради други здравствени причини, а се заразила на семејна веселба.

Со влошена сосотјба, 4 дена по првите симптоми  била примена на Инфективното одделние во болницата каде работеше, минатата недела  била прфрлена во Скопје, но вчера ја изгуби битката со вирусот, информираат од кичевската болница. Министерот Венко Филипче, од Охрид денеска предупреди   дека  сосотојбата може да биде критична, но сепак тој уверува дека здравстениот систем е пдоготвен за новиот бран.

-БРОЈОТ НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ СЛУЧАИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ВО ДРЖАВАТА НАГЛО РАСТЕ. СПОРЕД ДИНАМИКАТА СО КОЈАШТО БРОЈОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРЕД НАС СЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ ИЛИ НЕДЕЛИ ВО КОИШТО СИТУАЦИЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ НАВИСТИНА КРИТИЧНА, ИЗЈАВИ ДЕНЕСКА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче вели дека на удар се невацинираните, а од вкупниот број на дијагностицирани минатата недела само 10 проценти се вакцинирани, а стабилна е сотојбата на кои се на болничко лекување. Од вкупниот број на вакцинирани во земјава, само 0,002 проценти се заразиле, но невакцинираните веќе ги полнат болничките капацитети.

– СПОРЕД АНАЛИЗАТА, ЗГОЛЕМЕН Е БРОЈОТ НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТИ И ПАЦИЕНТИ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА ОСОБЕНО ВО ГРАДОВИТЕ КАДЕШТО Е НАЈМАЛ ОПФАТОТ НА ВАКЦИНИРАНИ ГРАЃАНИ, ОДНОСНО ВО ТЕТОВО, ГОСТИВАР, КИЧЕВО И КУМАНОВО КАДЕШТО ОКОЛУ 20-23% Е ОПФАТОТ НА ВАКЦИНИРАНИ ГРАЃАНИ. ЗА РАЗЛИКА ОД ОХРИД, КАДЕШТО ИМА СКОРО 50% ОПФАТ СО ВАКЦИНАЦИЈА, ВО МОМЕНТОВ ИМА ПОМАЛКУ ОД 10 ПАЦИЕНТИ КОИШТО СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ. СПОРЕД ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ ВО ГРАДОВИТЕ КАДЕШТО Е ГОЛЕМ ОПФАТОТ НА ВАКЦИНИРАНИ ГРАЃАНИ, КОНСТАТАЦИИТЕ СЕ ДЕКА Е МАЛ БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИ КОИШТО СЕ ЈАВУВААТ НА ПРЕГЛЕД И КОИШТО ИМААТ ИНДИКАЦИЈА ЗА ТЕСТИРАЊ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

Според епидемиолошките анкети, најголем број од  позитивните,   се заразиле на прослави и големи собири

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

COVID 19

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Published

on

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Continue Reading

COVID 19

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Published

on

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк