Мајка монструм: Го дрогирала синчето, па му го фрлила телото во река❗

Една Бразилка е обвинета дека постојано го принудувала својот син да пишува погрдни фрази за самиот себе по што го идрогирала и го убила.

Бразилската полиција верува дека Јасмин Ваз дос Сантос Родригез (26) го натерала нејзиниот син да напише „Јас сум идиот“ и „Не ја заслужувам мајката што ја имам“ пред да го издрогира и да го фрли телото во реката.

Јас сум лош, јас сум суров, јас сум зол. Јас сум срање. Не знам како да ценам никого. Јас сум ужасен син – гласи извадок од дневникот на Мигел дос Сантос Родригез, што беше пронајден во куќата на неговата мајка.

Полицијата верува дека мајката го принудила својот син да ги пишува овие погрдни фрази одново и одново. Родригез беше уапсена во Имбе, Бразил, на 30 јули, откако призна дека го убила Мигел.

Жената чекала два дена за да го пријави исчезнувањето на нејзиниот син, а кога конечно отишла во полициска станица, раскажала дека го труела Мигел со антидепресиви, а потоа го ставила неговото тело во торба и го фрлила во реката Трамандаи.

По нејзиното признание, властите извршија претрес во семејниот дом и најдоа синџир што мајката го користела за да го врзува Мигел.

За злосторството е осомничен и нејзиниот партнер, Бруно Натиели Порто да Роса (23), кој се наоѓа зад решетки. Таа му се заканила на момчето на видеото што го видела полицијата.

Шефот на полицијата, Антонио Карлос Рац изјави дека момчето било жртва на „интензивно“ занемарување и тортура.

Она што е веќе јасно и она што ќе го потврдиме во текот на истрагата е дека детето живеело под интензивна физичка и ментална тортура. Тој беше неухранет. Иако бил запишан на училиште, немал пријатели и не одел никаде. Тој беше затворен во соба во куќата, казнет, ​​затворен и врзан во плакар – вели Карлос Рац.

Телото на Мигел се уште не е пронајдено, а од водата се извлечени само пар чевли.

Осомничената е обвинета за тешко убиство.

Тројца лекари антиваксери под лупа на Лекарската комора

Во антиваксерската кампања на социјалните мрежи учествувале и лекари субспецијалисти.

Лекарската комора ќе одлучува по три случaи кои се поднесени против лекари за антиваксерска кампања. Тројцата лекари ваквите ставови ги споделувале на Фејсбук. Лекарската комора ќе постапи согласно ингеренциите но додаваат дека кога се работи за објави на социјални мрежи нема прецизна законска регулатива за соодветно санкционирање на ваквите случаи.

За да нема вакви ситуации во време кога пандемаијата зема повторно замав и за да се заштита граѓаните од разни дезинформации, Лекарската комора ги повика сите релевантни здруженија на стручна дебата во која ќе споделат аргументи и препораки во кои случаи и кои пациенти не треба да се вакцинираат.

Од комората ги повикаа сите лекари да се вакцинираат и да бидат пример заграѓаните за што поскоро да  излеземе од пандемијата. Исто така лекарите да бидат поблиску до пациентите во споделување на прецизни информации околу вирусот за да можат истите на време да побараат лекарска помош за да се намали смртноста.

Прилог на Сител телевизија.

Алармантна бројка : 36 починати од Ковид-19, заразени уште 1 037 лица



Во последните 24 часа пријавени се рекорден број починати од почетокот на новиот бран, дури 36. Возраста на починатите е од 24 до 85 години. Од направени 6.654 тестирањe, регистрирани се 1.037 нови случаи на Ковид-19 и оздравени 534 пациенти, информира Министерството за здравство.



Од 36-те починати, 11 се од Скопје ( 76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г), 8 починати лица од Тетово ( 85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г), по 3 лица од Кичево ( 72г, 68г, 56г) и Струмица ( 71г, 65г, 57г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г, 68г) и Струга ( 72г, 67г) и по едно лице од Гостивар (53г), Ресен ( 24г ), Дебар ( 54г ), Кочани ( 79г ), Велес ( 62г ), Валандово ( 58г ) и Македонски Брод( 63г ).
Од починатите лица 35 се починати во болнички и едно лице во домашни услови.

Од новозаразените, од Скопје се 386, Тетово – 110, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21, Свети Николе – 18, Битола – 17, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино и Пробиштип – по 7, Ресен и Крива Паланка – по 6, Делчево и Кратово – по 5, Крушево – 4, Македонски Брод – 2, Берово и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Гостивар – 106, Тетово – 85, Куманово – 37, Струмица – 30, Кичево – 25, Охрид – 21, Струга – 18, Битола – 11, Кавадарци и Ресен – по 9, Штип – 8, Кочани и Дебар – по 7, Радовиш, Берово и Кратово – по 6, Виница – 5, Прилеп – 4, Велес и Свети Николе – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Делчево и Пробиштип – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 173 689, на оздравени пациенти е 154 174, а на починати е 5.818. Бројот на активни случаи изнесува 13 697.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 74837, Активни 4948
Куманово 10057, Активни 868
Прилеп 8577, Активни 208
Тетово 10027, Активни 2038
Битола 6640, Активни 242
Велес 5707, Активни 195
Гостивар 7453, Активни 1501
Кавадарци 5398, Активни 187
Охрид 5450, Активни 382
Штип 5175, Активни 158
Струмица 5017, Активни 675
Струга 3499, Активни 477
Кочани 2964, Активни 123
Кичево 3478, Активни 634
Гевгелија 2281, Активни 82
Неготино 2222, Активни 34
Свети Николе 1647, Активни 103
Ресен 1372, Активни 111
Крива Паланка 1263, Активни 29
Радовиш 1305, Активни 102
Берово 1113, Активни 33
Делчево 1030, Активни 47
Дебар 1276, Активни 219
Виница 943, Активни 36
Пробиштип 825, Активни 35
Валандово 736, Активни 42
Богданци 519, Активни 25
Крушево 513, Активни 23
Демир Хисар 410, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 439, Активни 54
Македонски Брод 429, Активни 55
Пехчево 291, Активни 6
Македонска Каменица 260, Активни 10
Дојран 135, Активни 2


Направени се 6.654 тестови преку: ИЈЗ-361, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-96, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–141, ЦЈЗ Куманово –62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–183, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Авицена-415, Биотек-491, Систина-116, лабораторија Лаор-486, Синлаб-42, Ремедика-26, Плодност–81, Генеа -13, Никоб лаб-683, ВФВ Медикал-94, Ели Медика-136, Ројал Медика –75, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.913. Досега во земјата се направени вкупно 1.137.629 тестирање на Ковид-19.

Tpaгeдиja: Oд Koвид-19 пoчинa 24 гoдишнo мoмчe oд Ресен, вчepa тpeбaшe дa cлaви poдeндeн

Примен со масивна бронхопневмонија и со тешкотии во дишењето младото момче ја изгуби битката со опасниот вирус.

Уште една трагедија ја потресе Преспа. Момче од Ресен на 24 години утрово почина на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19.

Вчера, на денот на роденденот наместо да го слави животот, лекарите во битолското Инфективно одделение се бореле за неговиот живот. Но, примен со масивна бронхопневмонија и со тешкотии во дишењето младото момче ја изгуби битката со опасниот вирус.

Состојбата кај момчето нагло се влошила. Од Битолската клиничка болницата велат дека кај нив бил донесен со ниска сатурација.

-Пациентот (24г), од Ресен на 25 август беше хоспитализиран во делот за суспектни за Ковид-19, во Ковид центарот во КБ Битола, во тешка општа состојба со ниска сатурација, со масивна бронхопневмонија. Веднаш поставен на соодветна комбинирана терапија и перманентна максимална кислородна поддршка. Земен брис, добиен ковид позитивен резултат. Кај пациентот и покрај преземените интензивни и реанимациони мерки настапи смрт утрово, потврдува за „Независен“ д-р Билјана Гагачовска, директор на Битолската клиничка болница.

Според неа починатиот не бил вакциниран.

Неофицијално, ресенчани раскажуваат дека момчето пред десеттина дена правело свадба и така се заразило, но оваа вест не можевме да ја потврдиме досега.

Многу животи во изминатата година однесе Ковид-19 во Преспа, од почетокот на кризата до денес починати се 38 лица. Во Ресен вчера беа потврдени 15 случаи на новозаболени со вирусот. Во градот има 115 активни случаи.

Се потешка станува состојбата со ковид кризата во регионот. Битолската болница повторно згрижува болни од околните градови. Денеска се хоспитализирани 31 лице, а во ковид амбулантата и амбулантата за суспектни на вирусот претпладнето се прегледани 55 пациенти од Битола и регионот.

Извор: nezavisen.mk

Николовски: Не може некој да вози кола од 50.000 евра, да има 5 стана, и да не му може никој ништо…

Во изминатите 30 години беа актуелни и бивши функционери кои велеа дека е потребен договор за конфискацијата на имотот, но мило ми е што ние сме нова генерација на политичари без никави дамки и дилеми и сме дел од новото законско решение, рече во гостувањето на тв 21, вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски

-За прват по 1974 ќе донесеме законска рамка да има закон за потекло на имот никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постаки за жал се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот, рече тој.
Во изминатите 30 години беа актуелни и бивши функционери кои велеа дека е потребен договор за конфискацијата на имотот, но мило ми е што ние сме нова генерација на политичари без никави дамки и дилеми и сме дел од новото законско решение, рече во гостувањето на тв 21, вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски

-За прват по 1974 ќе донесеме законска рамка да има закон за потекло на имот никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постаки за жал се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот, рече тој.

Николовски посочи дека овој закон ќе важи за сите граѓани тоа значи и поранешни функционери, поточно сите кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло ќе се врши проверка, а тоа ќе ги ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо име особено на функционери.

-Има луѓе и со пресуди и кривични постаки и по цена да одлежат законска казна потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот. Обвнителите посочија дека

бараат итна и граѓанска постапка за да се конфискува имотот, поточно веднаш да се приложи сето она што го располагаат фунционерите, а ова во Италија се нарекува закон на мафијата, рече Николовски.

Вицепремиерот посочи дека на Нацрт дискусија биле присутни членови од советот на Европа, ДКСК, обвинителите и судиите, а нацрт законот се очекува да биде готов до крајот на август., а потоа следува јавна дебата, но се очекува и политичките чинители да се приклучат и да дадат поддршка.

-Не може да возите кола од 50 илјдаи евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефекртивни нема конфискација, ДКСК нема ниту една конфискација, УЈП не успеала да го процесуира тоа. Како генерација сме различни и достојни и ќе држиме до целта. Закоското решение се изработува на база на јасна физибилити студија и се спроведува во 10 тина земји, не бараме нови ингеренции туку законско решение за никој да не се збогатува на грбот на граѓаните, рече тој.

Шварценегер им се налути на невакцинираните: Глупави сте што не носите маска и по ѓаволите со вашата слобода!

Познатиот глумец Арнолд Шварценегер ги нарече невакцинираните луѓе глупави во свое интервју за Си-Ен-Ен, а веднаш по емисијата беше „отпуштен“ од својот спонзор „Редкон 1“ кој по 10 му ја откажа поддршката поради неговите „антиамерикански“ изјави, јавува МИА.

– По ѓаволите со вашата слобода – викна Шварценегер и налути многу луѓе во Америка. А на тоа, веднаш одговори неговиот спонзор „Редкон 1“:

– Секој што вели „по ѓаволите со вашата слобода“ – не е американски патриот! – нагласи Арон Сингерман, основач на фирмата.

Според Сингерман, „Редкон 1“ е „патриотски бренд“ кој поддржува „слобода на избор“. Компанијата го финансираше Шварценегер во многу настани меѓу кои и шоуто „Арнол Класик“ – натпревар во бодиблинг кој ќе се одржеше следниот месец во Охајо ако Шварценегер не ја дадеше кобната изјава.

Погледнете го видеото од интервјуто каде на 2:12 Шварценегер вели „по ѓаволите со вашата слобода“:

Бoлницитe вo Teтoвo, Гocтивap, Cтpyгa и Kичeвo пpeпoлни co кoвид пaциeнти – aктивни нaд 13.000 cлyчaи

Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19. И вчера таму беа забележани повеќе нови случаи во однос на другите градови. Но и повеќе починати. Од новозаразените 1.082, од Тетово се 87, од Гостивар – 72, Кичево – 57, а во Скопје – 406. Од 27-те починати, шест се од Тетово, пет од Гостивар, три од Кичево. Тројцата починати од Кичево се на возраст 48, 46 и 45 години.

Одговорните за здравство смируваат. Тие сметаат дека во полошкиот регион веќе е достигнат пикот и сега ситуацијата ќе почне да се смирува.

Заменикот-министер за здравство Илир Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

– Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број ковид-случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави сè уште трае координацијата со директорите на болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево, со цел на секој пациент на кој му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што сè уште има места во болницата во Козле, каде ротира тим на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.

– Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче.

Според него, охрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд. Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација, која, како што рече, треба да стави крај на пандемијата.

– Сите пандемии и епидемии, историски гледано наназад во светот завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста и сега кога имаме инструмент и механизам на располагање и кога е докажано ефикасен и ефективен, што се докажува со релативно помал број пациенти во градовите во кои е поголем опфатот на вакцинација, истакна министерот за здравство, кој ги повика родителите на децата да се вакцинираат пред почетокот на учебната година.

Тој рече дека се разгледуваат и некои светски искуства за тоа што се прави во училиштата во однос на брзи тестови кај децата.

– Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче.

Од вчера почна со работа и пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинацијата и ревакцинацијата на граѓаните.

Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 9.123 граѓани, а се вакцинирале 13.303 граѓани.

Со последните бројки, 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, тој процент кај оние над 65 години е 69 отсто, кај оние над 60 е 65 отсто, а кај населението над 50 години 56 отсто е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи е 13.235.

За потсетување на првата половина на јули, бројот на активни случаи беше 130, а денеска, по месец и половина се искачи на 13.235.

Најмногу активни има во Скопје – 4710, следи Тетово со 2021, Гостивар – 1531, Куманово – 847, Струмица – 651, Кичево – 619, Струга – 447. Во другите градови таа бројка е под 400. Најмалку активни има во Дојран, само два.

Ваквата епидемиолошка слика, ја отвори дебатата дали децата треба да почнат настава со физичко присуство. Вчера дел од родителите бараа од министерката за образование и наука Мила Царовска да дозволи децата да следат онлајн настава, без да покажуваат лекарски извештаи како доказ дека имаат хронично болни во семејството. И градот Тетово побара во првите три недели учениците да следат онлајн настава, имајќи ја предвид лошата епидемиолошка состојба во овој град.

Засега МОН останува на ставот дека учебната година треба да почне со физичко присуство и оти училиштата за тоа се подготвени.

Освен онлај наставата, мерките на Владата, влез во многу места само на вакцинирани лица најмалку со една доза, сè уште ја брануваат јавноста.

Вчера бизнис секторот се пожали дека со новите ковид мерки, трговските центри се речиси празни, а посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец.

Трговските центри ПРАЗНИ, прометот минус 40%, БИЗНИСОТ бара итно РЕВИДИРАЊЕ на МЕРКИТЕ

Угостителите и туристичките работници реагираат за рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести. Вчера се пожалија и трговците. Укажаа дека трговските центри се речиси празни, дека нивната посетеност во споредба со минатиот месец е намалена за 60 отсто, како и дека бележат пад на прометот за 40 проценти.

Бизнис секторот укажува дека мерките се преостри, дека се донесени без најави, но и без консултации со нивни претставници.

Според трговците, можеби треба да се размисли за нова мерка – посетителите во затворените молови да влегуваат со негативен брз тест, како во поголемите европски земји. Во спротивно, ако мерките не се ревидираат, дуќаните ќе почнат да размислуваат за клуч на врата.

-Максимално ги поддржуваме напорите на институциите да се изборат со вирусот, но сметаме дека мерките се остри. Само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 49 проценти, а токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се најдат други начини кои би ги охрабриле граѓаните да се вакцинираат или да овозможат брзи тестови со ниски цени, реагираа од Сити Мол и како пример ги посочија земјите во регионот каде нема ограничувања за влез во трговските центри.

Трговските центри, како што посочија, не може да сносат вина за ниските стапки на вакцинирање од една страна, и за масовноста и агресивноста на делта-сојот и сѐ поголемите бројки на заразени, од друга страна.

Пред два дена реагираше и Стопанската комора за туризам (СКТМ), предупредувајќи дека новите КОВИД-мерки ќе го усложнат патувањето и ќе го отежнат престојот на македонските граѓани во странство. Комората побара измена на условите за влез во државата – на македонските граѓани кои ќе бидат упатени во домашна изолација да им се дозволи во рок од 24 часа да извршат тестирање во домашна лабораторија и доколку имаат негативен резултат да бидат ослободени од самоизолација.

Ваквото барање е доставено до министерствата за здравство и за економија.

– Напоменуваме дека во светот се реализираат голем број патувања во многу дестинации и дека со почитување на досегашните протоколи (одржување физичка дистанца, носење заштитна маска и хигиена) во многу туристички дестинации непречено и безбедно се одвиваат економските активности. Се надеваме и очекуваме одговорните институции да го прифатат нашиот предлог и да го олеснат патувањето на нашите граѓани во странство, односно враќањето во матичната земја, наведе СКТМ.

Стопанската комора на Македонија, пак, достави седум предлог-мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор до кабинетите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министрите за економија и за здравство, Крешник Бектеши и Венко Филипче. Комората минатата недела официјално побарала и работна средба со Битиќи, Бектеши и Филипче на која би станало збор за функционалноста на компаниите кои ги спроведуваат и почитуваат мерките, но и за други, дополнителни мерки, односно за проширување на актуелните. Треба да се овозможи, смета Комората, предвидливост во периодот што следува, особено за угостителството и туризмот.

Во однос на реакциите, конкретен став соопшти Битиќи, но само за угостителите. Донесената одлука, рече, е по препорака на Комисијата за заразни болести.

-Препораката на Комисијата за заразни болести беше единствениот критериум за владината одлука да се дозволи угостителските објекти повторно да можат да работат во затворените простори со 30 отсто од капацитетите. Ние ги следиме упатствата на Комисијата и секоја нејзина препорака се разгледува на Главниот кризен штаб и на Влада и потоа, се носи како одлука. Не можам да кажам која е епидемиолошката причина зошто тоа се дозволи, но тоа беше препорака од Комисијата за заразни болести и така се постапи, рече Битиќи.

Според него, остануваат во сила и другите мерки – влезот во угостителските и во другите затворени објекти да биде со сертификат за вакцина и со доказ за прележан КОВИД не постар од 45 дена.

-Тоа е одлука на Комисијата за заразни болести. Јас ги почитувам нивните одлуки и не можам да се мешам во нив. Навистина сметам дека треба да имаме разум во одреден временски период. Дополнителното ПЦР тестирање во овој момент нема да го зголеми бројот на посетители зашто сите се свесни дека тоа е општ проблем во општеството и дека луѓето не се склони да го трошат своето време во угостителските објекти и здравјето им е пред се, посочи Битиќи и додаде дека ќе биде првиот што ќе поддржи лицата кои прележале КОВИД пред шест месеци да ги посетуваат угостителските објекти во моментот кога Комисијата за заразни болести ќе каже дека тоа е возможно.

Заев: Нема да има карантини – пандемијата се смирува

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

-Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“.

Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно во тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смрноста. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра.

-Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат, нагласи Заев.

Избори се ближат: Августовската пензија ќе се исплаќа од вторник

Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

-За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)

За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда)

-За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток)

-За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок)