Д-р. Лазаров: Денес има 36 пoчинaти, да умpea во еден ден 36 кучиња или мачки пpoтecти ќе имаше сигурно

Лекарот Ненад Лазаров, на социјалните мрежи ја коментираше рамнодушноста на народот за денешниот број на починати од ковид-19, кои беше дури 36.

„Денес има 36 починати. Да умреа во еден ден 36 кучиња или мачки протести ќе имаше сигурно. Психопатологија на најјако.“

978 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 24 починати лица

Нови 978 случаи на Ковид -19 од направени 7.452 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Починати се 24 пациенти, а бројот на активни случаи во земјава достигна 14.127, соопшти Министерството за здравство.


Речиси половина од новите случаи односно 405 се во Скопје, по што следуваат Тетово со 72, Струмица со 66, Куманово со 55 и Гостивар со 48 случаи. Во Кичево се регистрирани 40 нови случаи, во Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17 и Радовиш – 13.
Едноцифрен број на нови случаи има во Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.
Од починатите, двајца се на возраст од 39-години. Шест пациенти ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г) се починати во Скопје, четворица ( 68г, 59г, 58г, 39г) во Тетово и тројца ( 73г, 67г, 65г) во Струмица. По две починати лица има од Велес (78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г) и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 524 оздравени пациенти.


Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 174.667. Оздравени се 154.698 пациенти, а починати 5.842 лица.

Арсовска: Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото, доста е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ги собра потребните потписи за нејзината кандидатура, по што јавно изрази благодарност до граѓаните и им порача дека е време сите заедно да го направиме метропола со која ќе се гордееме.

Арсовска вели дека е време за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град.

За Скопје од нас, за наше Скопје.

Сега како официјален независен кандидат за градот Скопје би сакала да повторам зошто сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија и ја барам поддршката од сите граѓани и партии да ме поддржат. Горда сум на скопјани, на нивната енергија и горда сум што сум нивен кандидат. Секоја поддршка е добредојдена.





Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100% од својата енергија за да успее.



Влегувам во оваа трка за градоначалник со чисто срце и јасна визија.
Уште еднаш, Ви благодарам за денешната поддршка и одиме на победа! – порача Арсовска.

Апасиев: Другари Ресет ни треба, пациентите почнаа да ни бегаат од болници а лекарите од државата..

И после, пациентите бегале од болници!? Стварнооо.

Не да бегаат, усвет им се фаќа на луѓето више – и не само на пациентите, туку и на лекарите, напиша лидерот на Левица на Фејсбук.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, направи споредба на начинот на вработување лекар во земјите во ЕУ и начинот на вработување на лекар во Македонија.

Тој вели дека лекарите во земјава мора да исполнат неколку партиски услови за да го облечат белиот мантил.

Професорот со нова лекција за министерот: Пpиродниот имунитет е дomинантен во однос на вakциналниот

Професорот Никола Пановски, во неговиот последен пост на Фејсбук уште еднаш гласно порачува дека природно стекнатиот имунитет од прележување на болеста предизвикана од корона вирусот е значително посилен во однос на вакциналниот. Вели дека сите сме сведоци дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата.


-За да нема недоразбирање:

1.Вакцините против ковид спасуваат животи.

2. Треба да се почитуваат и да се даваат на лица на кои им се потребни.



3. Лично сум од групата на вакцинирани во март, не сум прележал ковид, но жестоко се борам за правата на прележаните.

4. На прележаните од ковид треба да им се даде рок од најмалку 6 месеци за да се вакцинираат.
5. Во меѓувреме треба да се вакцинираат оние кои немаат заштита, па и оние со тррта доза кои се вакцинирани во фебруари и март, меѓу кои се и здравствените работници.

6. Дека природниот имунитет е посилен од вештачкиот го гледаме секојдневно, ние во лаборатории, матичните лекари, инфектолозите итн, а секој ден гледаме дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата.

7. Се уште не е направена штетата, дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат.

8. До кога ќе молчите колеги, 45 дена мерка немљ никаде во светот, не е точно дека е препорака од СЗО, тие само велат дека месец дена минимум треба да помине.

Во прилог е еден труд кој кажува дека прележаните 13 пати поретко се инфицираат од комплетно вакцинираните со две дози Фајзер.

Честито и вечно име Марија, Марица, Марјан, Маријана 🤗

Денеска е Успение на Пресвета Богородица Голема Богородица, празник на мајката на животот.

Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Оригиналната форма на името МАРИЈА е: מִרְיָם (Миријам). Името е со еврејско потекло.

Значење на името: Љубена, посакувана.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

Денеска е празник на Мајката на ЖИВОТОТ-Успение на Пресветата БОГОРОДИЦА 🙏

Господ, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка.

Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна.

Јован имаше дом на Сион во Јерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син. Целото време до смртта главно го помина во Јерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора.

Од нејзините подолги патувања се спомнува нејзината посета на свети Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и пребивањето во Ефес, заедно со свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Јерусалим.

На старост таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да ја земе од овој свет.

Еднаш ѝ се јави Архангелот Гавриил и ѝ објави дека по три дена ќе биде упокоена. Тогаш ѝ даде и една палмова гранка за да ја носат на нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли.

Господ ѝ ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од Ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест.

Апостолите го зедоа одарот со нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак.

Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверувал во Господа Исуса Христа, беше исцелен. Апостолот Тома повторно – по Божја Промисла – изостана, та на тој начин да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но, кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре.

Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас вовек“. На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.

Заев ќе прими НАГРАДА ЗА МИР, вели дека обезбедил ИДНИНА за младите

Премиерот Зоран Заев вчера вечер повторно се сретна со неговиот поранешен грчки колега Алексис Ципрас.

Средбата е пред денешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија.

-Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства. Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа, напиша Заев на Фејсбук.

Kовид-19 НЕ Е БИОЛОШКО OРУЖЈE: Америkанското paзузнавањe ги објави резултатите од иcтрагата за потеклото на kоpoнавирусот

Американската разузнавачка заедница објави резиме на извештајот за резултатот од истрагата за потеклото на koронавирусот. Според нивните наоди, коронавирусот е од природно потекло, се појави во ноември 2019 година, а кинеските власти не знаеја за тоа пред избувнувањето на епидемијата во Вухан

„САРС КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, најверојатно избувна со инфицирање на луѓе преку првична изложеност од мал обем што се случи најдоцна до ноември 2019 година, со првиот на ковид-19 во декември во Вухан, Кина“, изјави канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница.
Вирусот не претставува биолошко оружје, се вели во извештајот.


„Повеќето разузнавачки агенции проценуваат, но со резерва, дека вирусот најверојатно не е генетски модифициран. Сепак, две агенции веруваат дека нема доволно докази за такво тврдење.

„Исто така, кинеските власти немаа знаење за вирусот пред да избувне инфекцијата во Вухан“, се вели во извештајот.
Кога станува збор за начинот на кој се случи првичното изложување на вирусот, американските разузнавачи веруваат дека се можни теории и за природен пат и за „протекувањето“ од лабораторијата.

Четири американски разузнавачки агенции, со резерва, проценија дека вирусот се пренесол на луѓето од животни. Една агенција, од друга страна, е убедена дека вирусот преминал на луѓето како резултат на инцидент во лабораторија, и дека најверојатно се работи за експерименти, контакт со животни или контакт со примероци во лабораторијата во Вухан, се наведува во извештајот.


Соработката на Кина ќе биде неопходна за конечно да се утврди потеклото на вирусот, се заклучува во извештајот на американското разузнавање.

Забранет ФИЗИЧКИ КОНТАКТ меѓу учениците, со ТЕМПЕРАТУРА над 37,4 се праќаат дома: Објавен Протоколот за настава

Ученици од основните училишта во земјава го добиле протоколот според кој ќе се реализира наставата со физичко присуство во учебната 2021/2022 година. Протоколот има 38 точки.

Забрана на било каков физички контакт и поздравување помеѓу учениците и вработените во училиштето, за температура повисока од 37,4 степени учениците се праќаат дома, забрана за родители за влез во училиштето, редовно миење и дезинфекција на раце, се само дел од правилникот.

Информација околу тоа колку време ќе трае училишниот час, нема.

Голем број на родители се скептични дека учениците ќе можат строго да се држат до одредените протоколи. Од неформалната група на родители кои се за онлајн настава, изминатиот период во повеќе наврати апелираат дека е премногу ризично децата да се вратат во клупите со овие бројки на новоинфицирани и починати лица од корона вирусот.

Тие потсетуваат на ставот на министерството за здарвство дека во овој бран, на удар се помладите и бараат учебната година да почне со онлајн настава, се додека не се стабилизира состојбата. И голем број на епидемиолози од земјава ги поддржаа родителите кои сметаат дека физичкото присуство во училиштата треба да биде одложено и покрај тоа што од министерството за образование уверуваат дека се создадени услови за враќање на учениците во клупите.

Во продолжение протоколот за новата учебна година во основните училишта.

1. Наставниот процес во учебната 2021/2022 година се одвива со физичко присуство во училиштето.

2. Првиот ден од наставата задолжително започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.

3. Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение.

4. Распоредот за влез/излез се истакнува на видни места во училиштето.

5. На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно- информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.

6. Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитнa маскa и дезинфекција на рацете за сите вработени и ученици во училиштето.

7. На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник кој му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.

8. За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на основното училиште.

9. На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобусот и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соодветни здравствени мерки. Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.

10. На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

11. На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на зголемена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

12. Родителите/старателите/ ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.

13. Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравување меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.

14. Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца и носење на заштитна маска/прекривка на лице.

15. Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците, или доколку дозволуваат временските услови на отворено.

16. Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.

17. Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија, без можност за мешање на ученици од различни паралелки во иста училница;

18. Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.

19. За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.

20. Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.

21. Во случаите на кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците, се воведува систем за еднонасочно движење на учениците и контролирано излегување и влегување во кабинетите. По излегувањето на едната група ученици, задолжително се проветрува просторијата и се врши дезинфекција , по што се дозволува влез на втората група на ученици

22. Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре).

23. Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

24. Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.

25. Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувални, училишните трпезариии другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.

26. Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.

27. Во основните училишта каде има продолжен престој, потребно е истиот да биде организиран во рамките на расположливите просторни капацитети и да се реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение (без мешање на децата од различни одделенија или паралелки).

28. Учениците кои носат оброк/храна од дома треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.

29. Храната која се подготвува во училишните кујни за децата со продолжен престој, треба да биде со стриктно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса утврдена со Закон за безбедност на храна, како и НАССР стандардите и Протоколите за заштита од Ковид 19.

30. Послужувањето на оброците се реализира во училишните трпезарии водејќи сметка да не дојде до мешање на ученици од различни паралелки.

31. Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.

32. Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки(пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).

33. Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.

34. Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

35. Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.

36. Доколку во училиштето се појави заболен од Ковид-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од Ковид-19,лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.

37. Ако ученик развие симптоми на Ковид-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

38. Доколку се потврди дека ученик е заболен од Ковид-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.