Екcплицитно и ЗАБЕГАНО фото: Инфлуенсер се сликаше ГОЛ по гаќи и штикли во македонска ЦРКВА ❗

Џошуа Хубард е британски ЛГБТИ активист и инфлунсер на социјалните мрежи, а неодамна ја посети и Македонија.

При посетата на Македонија тој направил и неколку сандалозни фотографии на кој се гледа како гол по гаќи и високи потпетици се фотографира во македонска црква.

Експлицитни фотографии тој има направено и на мермерното езеро во Прилеп.

Во скандалозната објава на инстаграм со која го навредува целото христијанско население во Македонија тој посочува како ќе се бори за правата на ЛГБТИ заедницата во Македонија.

Полициски службеник утринава во Велес УБИEH од невенчаната сопруга, го избодела до cмpт !

Приведена е 23-годишната П.И. од Велес, под сомнение дека утринава во 02.20 часот во семејната куќа со остар предмет му нанела убодна рана на А.Р. (40) со кого живеела во вонбрачна заедница, по што тој починал. Велес е во шок од настанот кој го потресе градот во раните утрински часови.

-Станува збор за наш колега, полициски службеник, велат од СВР Велес за „Фокус“. Додаваат дека никогаш во минатото не добиле пријава за семејно насилство ниту од жената, ниту пак од својот колега.

П.И. била лишена од слобода утринава во пет часот и бил извршен увид на местото на настанот.

-По целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, изјавија од СВР Велес.

Како што раскажуваат велешани, убиениот полициски службеник зад себе имал повеќе бракови и деца со повеќе од своите партнерки.

-Не знаеме со сигурност дали со сите бил во брак или пак се работи за вонбрачни заедници, станува збор за околу четири или пет жени кои во минатото живееле во заедница со него. Со повеќето од нив има и деца-велат сограѓани на настраданиот маж.

Македонија е и таму каде што стигнале само 16 ПЛАНИНАРИ од цел свет 👏 (ВИДЕО)

Кардиологот Сашко Кедев на “Вистинскиот врв” на Манаслу (8163м) кој е осми највискок врв на светот и еден од најтешките за искачување со себе носел и шал на кој пишува Македонија иако секој грам дополнителна тежина се чувствува како тон.

Во видеото што го објавува професорката Ганка Цветанова се гледа како по пристигнувањето професорот Кедев го развејува шалот на кој пишува Македонија.

Покрај луѓето кои живеат во овие региони односно шерпасите кои им помагаат на планинарите само 16 луѓе претходно го имаат качено овој врв кој е еден од најтешките за освојување!

Во видеото се гледа прекрасен поглед на светот но и се слуша тешко дишење на екипата поради разредениот воздух и предходниот огромен напор да се стигне до Манаслау.

Видео:

Британија во недостиг од работници, нуди РАБОТНИ ВИЗИ

По излегувањето од Европската Унија, многу индустрии во Велика Британија бараат работници, бидејќи побарувачката е голема а работна сила нема.

Соочена со акутен недостаток на работници, британската влада извонредно одобри издавање на 10.500 работни визи за странски квалификувани работници.

На овој начин, 5.000 возачи на камиони и 5.500 квалификувани работници од други индустрии треба да пристигнат во земјата.

Што се однесува до живинарската индустрија, објави Министерството за транспорт во Лондон. Визите треба да бидат достапни од октомври.

Со ограничени временски визи, работниците што доаѓаат ќе можат да работат до крајот на годината. Со оваа мерка, владата се надева дека полиците во супермаркетите, кои сега се празни на многу места, ќе бидат пополнети пред Божиќ.

Во Велика Британија, се проценува дека има околу 100.000 возачи на камиони. Во недела, тешко се набавува одредена стока, има празнина во полиците на супермаркетите.

Во последниве денови, дојде до кри за во снабдувањето со бензин на бројни бензински пумпи, многу Британци чекаа со часови во ред и во паника ги полнат резервоарите.

Огромен недостаток на работна сила е регистриран и во други индустрии. Неколку ланци супермаркети предупредуваат дека многу прехранбени производи нема да бидат достапни пред Божиќ.

Една од причините за тесниот избор во понудата на производи се стро гите правила за имиграција по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, што го отежнува пристапот до работната сила.

Премиерот Борис Џонсон постојано повторува дека сака да стави крај на зависноста на земјата од странски работници. Но, со недостаток на бензин и проблеми со снабдувањето со храна, владата на Џонсон се најде под огромен при тисок да ја преземе власта.

Покрај работните визи за ограничено време, владата донесе пакет мерки за зголемување на бројот на камионџии со домашни работници.

Предвидува дополнителен ангажман на инструктори за возење заради обука на возачи, како и испраќање понуди до возачите на камиони кои во моментов не се заинтересирани за оваа професија, пренесува ,,Дојче Веле,,

Србите гнeвни: „Нема да дозволиме Приштина да нè стави во гета и да го ykине правото на cлобода на движење“

Градоначалниците на четирите српски општини на северот на Косово го одбија предлогот на командантот на КФОР специјалните единици на косовската полиција да се заменат со војници на КФОР. Како што наведоа, овој предлог едногласно го одбиле по консултацијата со граѓаните.

„Нашиот народ и ние неговите претставници не сме спремни да се согласиме со намерата на Приштина да нè стави во гета и да го укине правото на слобода на движење, што е вредност на модерна Европа децении наназад и која мора да важи и за Србите на овие простори“, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека поради едностраната одлука на Приштина Србите веќе девет дена се на протести на административните премини Јариње и Брњак и ќе останат колку што е потребно.

„Лага е тоа дека ни пречи националноста на оној што ни ги зема табличките, туку самата намера тие да бидат тргнати. Каква униформа и да носи тој што ни ги зема. А присуството на до заби вооружените специјалци кои претепуваат голораки Срби е причината за масовноста и истрајноста на нашиот народ во борбата за правото на слобода на движењето“, се истакнува во соопштението на градоначалниците на четири српски општини на северот на Косово.

Тие ја повикаа Приштина да ја врати состојбата на периодот пред 20 септември годинава, да ги повлече своите оружени формации и преку дијалог со Белград да најде соодветно решение.

„Сè друго само ќе ја вжешти и онака жешката ситуација која со мака нашите претставници ја држат под контрола, додека од другата страна нашиот народ е малтретиран од специјалците на РОСУ“, порачаа градоначалниците.

Тие со ова соопштение одговорија на изјавата на косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечија, кој кажа дека КФОР понудил специјалните единици да се повлечат, кажувајќи дека таа понуда ја прифатиле косовските власти, но дека Србите ја одбиле, и дека според него ова одбивање ја открило нивната вистинска цел, а тоа е политичката цел за блокирање на Јариње и Брњак.

Фрлена во ров со вода која ја прекрстила- Спомен на Светата великомаченичка Ефимија

Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка – Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа.

Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија. Меѓутоа, ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ѝ се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да ѝ се покоруваме туку треба и да ѝ се противиме.“ Тогаш Приск ги стави на разни маки, и тоа деветнаесет дена по ред, секојдневно.

Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да ѝ ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството. А, бидејќи сите ласкања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата. Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји ѝ се јави и го искрши тркалото. Потоа, ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана. Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот.

Потоа, Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле, ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото. Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 24 јули.

Јорданова си ја купува црквата на ул.Македонија, ќе си пали свеќи за здравје

Сопругата на бизнисменот Минчо Јорданов и директорката на болницата „Ремедика“, Елица Јорданова, во изјава за Телма околу префрлањето на долгот за изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ од Бетон на име на болницата, вели дека „си купува црква и ќе си пали свеќи за здравје“.

„Досега Бетон требаше да ја продаде, а не да ја моли Црквата да си ги плати долговите. Дали некој досега се запраша дали споменикот на Мајка Тереза е платен како и други објекти од „Скопје 2014“. Тој што ги нарачал тие инвестиции требало да ги плати, не е во ред со години да должат. Бетон треба да си ги наплати долговите“, вели Јорданова во изјавата за Телма.

Изградбата на црквата Св Константин и Елена започна во 2012 година, но запре откако почнаа да се таложат долговите.

Волкановски заработи 492 илјади долари за одбранетата светска круна во Ултимејт Фајт

Александар „Велики“ Волкановски за одбраната на својот шампионски појас во Ултимејт фајт шампионатот (УФЦ) заработи вкупно 492 илјади долари.

Од таа сума за самата борба со Американецот Брајан Ортега во Лас Вегас австралискиот борец од македонско потекло доби 400 илјади долари, а останатите 92 илјади се бонус за добиениот меч со едногласна одлука на судиите.

Ортега, пак, доби 332 илјади долари, од кои 250 илјади за дуелот со Македонецот по татко му од битолското село Беранци, а остатокот како поразен во „борбата на вечерта“.

АЛАРМАНТНО❗Гори депонијата Буково, чадот е бетер од радиоактивен Чернобил (Фото)

Познатиот фотограф Стојан Стојановски вечерва на Твитер постави фотографија од депонијата Буково, која плати, а чадот како што вели тој е бетер од Чернобил, стигнува до Охрид и селата во регионот.

Изгледа гнасно а ова го дишат илјадници граѓани!

Девојка падна на митинг, Шилегов рамнодушен си тераше говор (Видео)

Девојка, која како поддршка стоеше на бината позади Петре Шилегов, сред митингот на СДСМ во Кисела Вода падна наназад од платформата поставена на бината.

Додека сите наоколу потрчаа да ѝ помогнат, градоначалникот кој бара втор мандат само ја погледна и продолжи со своето излагање.

Видеото може да се погледне на следниов линк.