КОЛКУ УБАВА КУЌА ИМАТЕ, му рече Фон Дер Лајен на Заев за Владата

Барокната владина зграда и се допаѓа на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен која само што излезе од автомобилот, првото нешто што го направи беше да ја пофали зградата.

Таа обраќајќи се кон премиерот Зоран Заев му рече дека зградата изгледа многу убаво.

Интересно е што изјавата на Претседателката на Европската Комисија доаѓа во време кога СДСМ и партијата од која доаѓа премиерот ги убедува граѓаните дека парите потрошени на реновирање на објектите се фрлени пари. Очигледно гостинката не мисли така.

Премиерот ништо не искоментира. Слична ситуација Заев имаше и при посетата на Вучиќ кој исто така им се восхитуваше на проектите дел од Скопје 2014.

(Видео) Poдитeли oд пekoлoт: Млади родители Македонци вo Германија извpшиле нeвидeнa тopтypa вpз нивнитe дeцa…

Маж и жена од Македонија се осудени од судот во Менхенгладбах, мал град во близина на Дизелдорф, бидејќи таткото ги тепал синот и ќерката, а мајката не презела ништо да го спречи.

Таткото, на 24 годишна возраст, и мајката, на 20 годишна возраст, се осудени на 13, односно 4 години затвор. Дополнително, таткото треба да му уплати на синот 500.000 €, а на ќерката 15.000 €. Мајката е казнета и со 300.000 € за синот и 10.000 €, што треба да ѝ ги уплати на ќерката.

Инцидентот се случил на почетокот на годината. Според обвинението, таткото го притискал тогаш пет недели стариот син на нозете и му скршил три коски. Од тепањето детето, добило траен физички и ментален инвалидитет. Таткото ја малтретирал и ќерката, која тогаш имала 17 месеци, и ѝ ја скршил потколеницата.

Децата им се одземени и дадени во згрижувачко семејство. Родителите се обвинети за сериозна злоупотреба на децата, а обвинителството проценило дека таткото не се кае во завршните зборови, а германските медиуми пишуваат дека двајцата обвинети, ќе се жалеле на пресудата, со надеж да добијат поблаги казни. Мајката се вадела и на тешко детство

Две фолкерки во „АЈВАР ДУЕЛ“: Сани и Стојне покажаа која подобро и побрзо лупи пипер (ВИДЕО)

Ајварот е омиленето традиционално македонско јадење и белег на есента, а посебно кога е пресно подготвен. Колку само добро мириса, а за вкусот „ич муабет“ и да не правиме. Ајварот е познат како уникатен идеален придружник на трпезата во ладните зими, но и храна за која нема замена.

Подготовката на ајвар донекаде е мачен процес, но крајниот производ е вреден за са сите патри и вложениот труд.

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да провери какви домаќинки се фолкерките Сани Гроздановска и Стојне Николова, па им зададе предизвик во лупење црвени пиперки. Ајвар дуел во кој фолкерките наместо микрофоните и гласот, ги вкрстија вредните раце за да покажат која подобро и побрзо лупи пипер.

Во текот на натпреварот на Сани и се случи пех… Кумановката беше нападната, па ја обвини струмичанката дека користи „биолошко оружје“ во „специјална војна“ против неа, само за да ја саботира со цел да победи.

Што всушност навистина се случи, како се одвиваше текот на „ајвар дуелот“ и која на крајот испадна не поочајна, туку поербап стрдна домаќинка, погледнете во видеото во продолжение.

Паниka пред Влада: Пријавено дека ќе ekcплодира БОМБА при посетата на Фон Дер Лајен

Лажна пријава за бомба пред Влада, лицето е веднаш откриено и приведено.

Денеска (28.09.2021) во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата.

Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда.


Денеска (28.09.2021) во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станица по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда

НЕ ГУБЕТЕ ВЕРБА, НИЕ ВЕ САКАМЕ, рече Претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и ве сакаме покрај нас, кажа претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен која денес е во посета на Скопје.

На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Младинскиот културен центар ((МКЦ) Урсула фон дер Лајен кажа дека земјава постигнала извонреден напредок и донела храбри одлуки.

„Сакам да бидам јасна дека сега Европската Унија треба да испорача. Изодевте толкав пат, ајде сега да направите уште еден чекор понапред. Имате толку многу пријатели во ЕК, наша заедничка цел е до крајот на годинава да се одржи првата заедничка меѓувладина конференција. Има добри идеи за кои вреди да се размисли“, рече претседателката на ЕК фон дер Лајен.

Таа се осврна и на финансиската помош и вакцините што земјава ги доби за справување со ковид кризата и повика на масовна вакцинација на населението.

„Знам дека испораката на вакцините беше бавен процес, но еве вакцини стигна, а во наредниот период ќе има нови количини“, рече фон дер Лајен.

Премиерот Зоран Заев кажа дека земјава дома сериозно ги исполнила европските вредности, а ЕУ мора да изнајде начин како да ги одржи зборот и да го продолжи проширување со земјите од Западен Балкан. Заев кажа дека од Бугарија стигнувале позитивни сигнали за решавање на спортот, а со тоа и откочување на процесот.

СКАНДАЛ: Средношколци од Скопје со шокантни активности на извиднички камп, и тоа во близина на манастир!

Татко на средношколка од Скопје за „Слободен печат“ сведочи дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

Според девојчето, кое се обратило и до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложува во аудио разговорот со „Слободен печат“, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување и прашања за тоа колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир…

Целата вест со аудио сведоштвото на загрижениот родител можете да ја погледнете и слушнете на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

(Видео) Штo ce cлyчyвa вo Британија?: Ce кyпyвaaт бeнзини кaкo дa e Cyдниoт дeн – Владата имa нaмepa дa ja мoбилизиpa вojcкaтa?

Британската влада има намера, за секој случај, да ја мобилизира војска која ќе ја контролира ситуацијата во земја каде има недостаток на бензин.

Бидејќи паничното купување на бензин продолжи на почетокот на неделата, и покрај апелите на владините функционери да се контролираат купувачите, владата сега планира да ја ангажира армијата за да го одржува редот, изјави извор од Вајтхол за Скај њуз.

Претходно, нафтените компании излегоа со заедничка изјава во која ги повикаа возачите да купуваат бензин како и обично, бидејќи го има доволно.

Има доволно горива во британските рафинерии и во пумпите и ние, како индустрија, соработуваме тесно со владата за да го направиме горивото достапно и доставено до пумпите во земјата. Бидејќи многу автомобили сега имаат повеќе гориво од вообичаеното, очекуваме побарувачката да се врати во нормала и ќе се намали притисокот на бензинските пумпи. Ги повикуваме сите да купуваат гориво како и обично, се вели во соопштението на водечките светски нафтени компании.

Објава може да погледнете ТУКА.

Паничното пазарење доведе до тоа многу индустрии, од таксисти, преку касапи до фудбалери, да имаат деловни проблеми, а здравствени установи да бараат приоритет во набавката на гориво.

Владата мора да ја преземе контролата. Основните работници мора да дојдат до своите работни места за да можат да ги обезбедат услугите од кои зависат многумина, рече синдикатот на здравствените работници.

Ова му треба на Скопје: Данела со прекрасна мерка, бесплатен јавен превоз за сите граѓани

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани.Понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили!Со ова решение го презентирав еден од 15+1 проектите од мојата програма на прес конференцијата што ја одржав денеска.

На овој начин предвидувам решавање на проблемот со загадениот воздух, подобрување на хаосот со транспортот во главниот град и воведување сообраќаен ред.

Ако може тоа да функционира во голем број европски држави, зошто не кај нас? Сведоци сме на лошо работење на ЈСП поради непродуктивни трошоци, не постоење на систем за брз и ефикасен превоз. Решението за БРТ ниту е добро, ниту пожелно за Скопје и со него ама баш ништо не се решава, туку само дополнително се комплицира. Ќе се преместуваат мостови, ќе се сечат дрвја по Партизанска, ќе се направи гломазен нефункционален систем. Секогаш одиме по комплицираниот пат кога пред нас имаме едноставни решенија. Време е тоа да престане.Скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз.

Љубомир Фрчкоски е предложен за АМБАСАДОР во ООН

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска потврди дека во законодавниот дом е пристигнат предлог од Министерството за надворешни работи за професорот Љубомир Фрчкоски да биде амбасадор на Македонија во Обединетите нации во САД.

-За Љубомир Фрчкоски доставен е предлог од МНР, истите се доставени до Комисијата за надворешни работи, но засега не е свикана седницата, рече денеска Џафери пред новинарите.

Тоа е потврда на претходните гласини дека поранешниот министер за внатрешни работи ќе биде шеф на македонската мисија при Организацијата на Обединетите Нации (ООН) во Њујорк.

Откако надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави, по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД), заминувањето во Њујорк би било „утешна награда“ за Фрчкоски.

Д-р Петличковски: Тpетa дoзa нeмa да coздaде кoлeктивeн имyнитeт, треба да се вакцинираат и децата

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски вели дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет бидејќи сѐ уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза.

Тој во интервју за Телма рече дека сега треба да се вакцинираат и децата бидејќи, како што вели, поради децата кои одат на уччилиште се создаваат можности за пренос на Ковид-19.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неуминизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.