Кога Македонка ја пее „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведува девојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто не била во нашата земја. Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на Barcelona Gipsy balKan Orchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита.
Маргерита е Италијанка и е дел од составот Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), интернационален ансамбл, чија база е Барселона. Специфични по составот, но и начинот на кој ја интерпретираат традиционалната музиката – Barcelona Gipsy balKan Orchestra се вистински мелем за душата, а новиот дух кој ѝ го даваат на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила.
„Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција. Средбата на БГКО со вечната мелодија чија тежина низ вековите обележала генерации… Старата изрека вели: „Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј…“ А сепак еден нов поглед на стара љубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Инспирирани од природата со која биле опкружени и концертот чија енергија им останала во сеќавањата, БГКО врзува три балкански земји во една приказна – двете страни на езерото Скадар низ призмата на македонскиот сокол“, велат во објаснувањето зошто ја одбрале токму „Море сокол пие“.
Бендот влегува во деветтата година од формирањето, и периодов ѝ вели топло добредојде на Маргерита, чија енергија и свежа перспектива внесуваат свежина во сите аспекти на оркестарот, кој од формирањето до денес може да се пофали со повеќе од 1000 концерти, 70 милиони прегледи и повеќе од 130 000 следбеници на Јутјуб.
Единствениот и современ звук на BGKO доаѓа од нивното страсно и немилосрдно истражување на звуци и тембри од романската, клезмерската, балканската и медитеранската музика. Сите сфатени како збир на музички традиции и мултиетнички култури кои ги надминуваат географските граници. Групата досега има воспоставено свој, би се рекло, заштитен звук и тоа благодарение на неизмерно различните уметнички влијанија на нејзините членови.
Освен по специфичната изведба, специфични се и по тоа што секогаш се подготвени да истражуваат нови звуци и да ја прошируваат листата на места за настапи, искуства и собирање знаења. А досега настапувале во Австрија, Русија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Унгарија, Холандија, Канада, Романија, Чешка, Германија, САД, Данска, Турција, Грција, Србија, Хрватска…
Инспиративна приказна, симпатична изведба и неверојатен спој, која дефинитивно будни емоција – слушнете и уживајте. Убаво е кога странец ви оддава признание за она што е ваша традиција и богатство.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.