Connect with us

Македонија

Најавен ГОЛЕМ ПРОТЕСТ пpoтив Koвид СЕРТИФИКАТИТЕ

Published

on

Утре во 17 часот попладне е најавен голем протест во Скопје против Ковид сертификатите и новите мерки кои ги најави министерот за здравство Венко Филипче.

Протестот се организираше на социјалните мрежи, а е закажан за 20 ноември во 17 часот пред собранието на Република Македонија.

Во цела Европа секоја сабота се организираат масовни протести против ковид пропусницата и мерките кои се заоструваат на целиот континент.

Со новите мерки сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан КОВИД-19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат.

„Ова е лудо. Лудите мерки не признаваат антитела. Јас ќе одам како сведок на суд да кажам дека тоа што го прават е лудост. Човек три пати дарувал крвна плазма признание има за тоа, но бидејќи не е вакциниран нема да може да оди на работа. А на пример вакцината може да му направи многу штета, има многу антитела, не му е потребна медицински. Светот побудале и ние сите луди мерки од светот ги прифаќаме, паметните не баш. Овие мерки не се ни уставни, ни законски и не можам да прифатам луѓе со висок број на антитела, прележани, дарители на крвна плазма кој спасуваат животи да не можат да одат на работа, да се тераат да се вакцинираат. Не се работи за антиваксери се работи за луѓе кои имаат имунитет, во цел свет имунитетот трае 9 месеци, 12 месеци“, изјави професорот Никола Пановски за Инфомакс коментирајќи ги новите мерки.

-Нашиот Устав подразбира можност основните права со исклучок на правото на живот, забрана за мачење слобода на мисла и изразување како и слободата на вероисповест да се ограничат во време на воена и вонредна состојба, но тоа не смее да биде врз база на дискриминација. Новиот Закон за заштита од дискриминација во член пет како дискриминаторски основи ги предвидел и здравствената состојба, политичко и друго уверување, и токму од тие причини најавените мерки се супер дискриминаторски, и со тоа неуставни, изјави адвокатот Јанаки Митровски за Инфомакс коментирајќи ги новите мерки.

Македонија

Општина Чаир го доби максималниот грант од УНДП за подобрување на енергетската инфраструктура во училиштата

Published

on

Општина Чаир е една од трите општини во државата што го добија максималниот грант од 50.000 долари од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), како дел од проектот „Зајакнување на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, поддржан од Владата на Шведска и Бирото за регионален развој.

Иако повеќе општини учествуваа во овој процес, само три успеаја да обезбедат максимално финансирање, како што информираат од Општината.

„Како единствена општина со мнозинско албанско население што го доби овој грант, Општина Чаир, со својот придонес од 395.564 денари, ќе инвестира во подготовка на техничка документација за инсталирање контролни топлотни пумпи за греење во основните училишта на општината. Овој проект има за цел да создаде подобри услови за учениците и да обезбеди одржлива енергетска ефикасност во образовните институции“, изјавуваат од Кабинетот на градоначалникот, Висар Ганиу.

Градоначалникот Ганиу присуствуваше на церемонијата за потпишување на договорите и нагласи дека ова претставува важен чекор за развојот на училишната инфраструктура и за подобрување на енергетската ефикасност во образовните институции.

Општина Чаир останува посветена на реализацијата на проекти и инвестиции кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните и благосостојбата на идните генерации.

Continue Reading

Македонија

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Published

on

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка.

Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај Мавровка во еден од најфрекфрентните периоди и места во Скопје. Обвинетиот Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на бизнисменот Васил Ефтимов. Рече дека бил под дејство на дрога и не сакал тоа да го изврши. Инаку Куртовиќ кога го изврши убиството беше пуштен на викенд од затворот „Идризово“.

„Не сум добро ниту емотивно, ниту психички. Изразувам каење за кривичното дело. Не сакав да го убијам, се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку дена, навистина. Претходно лежев за ситни дела во споредба сега со ова. Многу ми е жал, тоа е се што имам да кажам“, рече Куртовиќ минатата недела. Тогаш неговата адвокатка Софија Лаличиќ побара најблага можна санкција, бидејќи нејзиниот клиент бил дрога и не можел да расудува.

„Точно, мојот клиент уби човек. Но барам да им погледнеме на фактите во очи, а тоа е дека во нашата држава се случуваат многу кривични дела затоа што надлежните институции не си ја извршуваат задачата“, рече Лаличиќ пред една недела.

Инаку за вакви дела минималната казна е 10 години, а максималната доживотен затвор.

Васил Ефтимов бил бизнисмен и управител на фирмата Мителмонт за продажба на водоводна опрема. Беше убиен со огнено оружје, а во негова придружба била и неговата сопруга.

Continue Reading

Македонија

Нови 2.347 случаи на грип во државава, уште еден смртен случај

Published

on

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираше дека од 3 до 9 март во државава се пријавени 2.347 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 8,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истиот период од минатата сезона е зголемен за 5,5 пати, а во споредба со бројот за истиот период од типичната епидемиска крива – моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 78,3 отсто. Пријавен бил уште еден смртен случај асоциран со грип.

„Се работи за лице на возраст од 82 години од Скопје, кое било хоспитализирано во КБ – Штип. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена influenza А(H3)“, појаснуваат од Институтот.

Од новозаболените, во однос на возрасната дистрибуција, 1.454 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 516 на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 198 лица, а 179 се деца на возраст до четири години.

„Највисока инциденца (240,2/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години, а кај децата до четири години, инциденцата изнесува 185,5/100.00. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 931, Битола – 202, Куманово – 176, Струмица – 112, Тетово – 105, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто, појаснуваат“ од ИЈЗ.

Во пет извештајни единици била регистрирана многу ниска, во шест – сезонска, во 15 – средна, во една – висока, а во Дебар и Ресен – многу висока активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 22.291, покажуваат податоците.

„Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,4 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 19,6 проценти“, додаваат од ИЈЗ.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле четири починати лица асоцирани со грипот.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со 10-та недела, во Македонија вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

skopjeinfo.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк