„БЕСА ТРАНС“ за две години зела повеќе од половина МИЛИОН ДЕНАРИ од Владата

Компанијата „Беса транс“, чиј автобус имаше сообраќајка и изгоре на атопатот Струма во Бугарија, рпи што 45 лица загинаа, од 2010 година до денес зела неколку милиони денари од државата за транспортни услуги, открива порталот Инфомакс.

Доколку направиме кратка проверка на компанијата на страницата Отворени финансии ќе видиме дека само од Владата во изминативе две години на контото на „Беса транс“ легнале повеќе од половина милион денари.

Покрај стотиците илјданици денари од Владата за „Беса транс“, огромни суми на контото на компанијата легнале од општините, односно од градоначалници и раководни кадри на ДУИ и СДСМ.

До Нова Година Македонија ќе добие нов премиер и нова Влада: СДСМ ќе избира наследник на Заев, ВМРО-ДПМНЕ оди на Конгрес

Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. Алтернатива, пак, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да разговара со Заев или неговиот наследник за евентуален влез во Владата.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска изјави дека Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори. Кандидирањето започнува утре и ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на онлајн алатката. По изборот на нов лидер, ќе се избираат и органите на партијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали на ЦО било споменато името на Димитар Ковачевски за можен наследник на Заев, Кузеска рече дека се работело за коментар за квалитети на човек, без да прецизира други детали.

Заев на седницата на ЦО информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник и очекува да се создадат можности дополнително да се зголеми со цел да се задржи европскиот курс на државата. Кузеска не даде конкретен одговор кој е 61 – от пратеник.

-ЦО смета дека има простор за разговори за приклучување на Алтернатива врз основа на принципи и вредности, и пренесена е надлежност на Заев за тоа, рече Кузеска.

ЦО на седницата оценил дека државата и надлежните институции со полн капацитет се справуваат со предизвиците од енергетската криза и ги носат сите одлуки во оваа функција. Државниот буџет е ликвиден и има средства да се помогне енергетскиот сектор. Во однос на пандемијата фокусот на надлежните е да преземат чекор за дополнително мотивирање и охрабрување што повеќе граѓани да се вакцинираат. Буџетот за 2022 е развоен и обезбедува повеќе пари за инвестиции во клучните сектори, рече Кузеска.

На 12 декември лидер на Конгрес во Скопје ќе бира и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски информации, по успехот на локалните избори, се очекува претседателската функција во партијата да ја задржи Христијан Мицкоски.

Претходно синоќа Централното претседателство го овласти претседателот на Алтернатива Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

-Алтернатива како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените интереси вечерва разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани по седницата што се одржа во партиското седиште во Скопје.

Муртезани рече дека отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори.

-Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта, рече портпаролот на Алтернатива.

Потоа, како што додаде Муртезни, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива.

-Централното Собрание на Алтернатива може да се свика откога ќе имаме нешто поконкретно од самата подготвеност за преговори, рече Муртезани.

Одговарајќи на прашање рече дека Алтернатива не се води од апетитите за власт.

-Како ќе завршат преговорите не знаеме, повеќе сме заинтересирани за начините за излез од оваа криза, додаде Муртезани.

Во интервју за белградска „Политика“ лидерот на партијата Африм Гаши изјави дека Алтернатива ќе се води од очекувањата на своите гласачи, интересите на Албанците во Северна Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нивните партиски и национални цели.

-Ако во преговорите видиме дека Зоран Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност, рече Гаши. (МИА)

17-годишна тинејџерка е едно од децата кои беа yбиeни вчера во Косово, учела за докторка

Медиумите на Косово јавуваат дека втората жртва во вчерашниот напад врз ученичкиот автобус кај Глоѓан е 17-годишната Г.М. Таа починала во болницата во Пеќ. Роднина на убиеното девојче вели дека нејзиниот сон да стане лекар ќе остане неостварен.

Тинејџерката Г.М. била ученичка по медицина. Нејзината братучетка изјавила дека девојката (17) сонувала да стане лекар, пренесува Репортерс.

„Имаше 17 години, отиде на медицинско училиште и се врати од училиште. Тоа беше училишен возен ред, се враќаше како и секој ден со автобус, како и сите ученици“, рече таа.

Како што изјавила за РТК, семејството на убиената девојка е во шок.

Отпуштени ДВАЈЦА од повредените во трагедијата, медицински тимови ги пренесуваат во Македонија

Двајца од настраданите во големата трагедија на автопатот Струма во Бугарија денеска беа отпуштени од болницата Пирогов.

Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија ги предаде пациентите на медицински тимови од Македонија, пишува БГНЕС.

Отпуштените пациенти се стабилни и во добра општа состојба. Се очекува тие да бидат сместени на опсервација во медицинските установи во нивната татковина, изјави д-р Викторова.

Останатите 4 жртви од истиот инцидент се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера. 

Светиот Aпостол Филип

Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43).

После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција, Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси.

Така, еврејскиот првосвештеник којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се случија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабошци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол, свети Филип се најде на заедничка работа со свети Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј.

Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабошците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабошци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј.

Тогаш, земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв, луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но, успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените, Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна, моштите на свети Филип беа пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.

Ужас во Косово: Пукале врз автобус со ученици, убиени две деца и возачот (ВИДЕО)

Како што потврдија за медиумите во болницата во Пеќ, во престрелката загинале двајца ученици и возачот на автобус.

Навеле и дека се уште не е познат бројот на повредени, бидејќи брзата помош постојано ги носи од Дечани во Пеќ.

Полицијата се уште не ги потврдила овие наводи, но во првиот устен извештај за медиумите изјавиле дека се повредени две лица.

„Според информациите со кои располагаме, се сомнева дека имало пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени“, соопштија од полицијата во Пеќ.

На местото на настанот е дежурниот обвинител, а повеќе за овој инцидент ќе се знае по завршување на истрагата.

(Видео) Во последен момент одлучил да не се качи во автобусот: Од семејството мислеле дека е во истиот, бидејќи не се јавувал на телефон пет часа

Во последен момент, младиот Енес не се качил во автобусот на „Беса транс“ и решил да отпатува за Истанбул со сосема друга туристичка агенција, објави „БТВ“.

За жал, неговите блиски не знаеле дека Енес во последен момент се предомислил и два дена го барале, мислејќи дека е меѓу загинатите. За среќа, тој се вратил дома здрав и жив.

Енес често патувал во Истанбул и вообичаено тоа било со истата туристичка агенција – спорната „Беса транс“.

– Размислував да одам два-три дена во Истанбул со оваа агенција („Беса транс“), но се предомислив и заминав со друга компанија. Направив тест за ковид-19 и ја сменив резервацијата. Меѓутоа, моите дома знаеја дека патувам со „Беса транс“. Не можев да ги исконтактирам, немав интернет и роаминг, на враќање кон дома немаше мрежа. И два дена подоцна, се појавив, вели Енес.

Целата статија и видеото можете да ги погледнете на КУРИР.МК.

Бугарските обвинители потврдија дека дете е 45-тата жртва во автобуската несреќа

Пронајдено е 45-то тело од трагичната несреќа во Бугарија.

– Информацијата за тоа ја објави бугарскиот заменик јавен обвинител Борислав Сарафов кој посочи и дека на тој начин се разрешува дилемата за евентуалниот осми преживеан патник кој бил спасен. Оваа информација попладнево ја потврди и македонскиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Екипа од бугарското јавно обвинителство од денеска и најдоцна до недела ќе биде во Скопје за подигање на сите документи поврзани со автобусот, како и изработените ДНК профили од роднини на настраданите за идентификување на починатите. Јовески најави дека документите ќе им бидат дадени во текот на утрешниот ден.

На местото на трагедијата пак и денеска беше раздвижено. Дел од бугарските медиуми пренесоа дека беа неочекувано голем број полициски сили кои со кучиња трагачи го пребаруваа теренот. Но, не е познато која е причината за тоа.

Пронајдено УШТЕ ЕДНО ТЕЛО, не може да се потврди дали станува збор за тело на дете

Уште едно тело е пронајдено при дополнителен преглед на автобусот со државјани на Република Северна Македонија на автопатот Струма.

Бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа е 45, како што првично беше најавено.

Информацијата ја потврди заменик главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба Борислав Сарафов, а пренесе БНР . -Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме во автобусот, 7 се во „Пирогов“, рече тој.

 На увид се пронајдени останки од дете, пренесуваат медиумите. 

Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела.

Мора да ја донесат документацијата поврзана со изгорениот автобус и ДНК профилите на роднините на загинатите.

Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот.

Портпаролката на главниот обвинител во Бугарија Сијка Милева за Сител потврди дека е пронајдено 45-то тело. Таа вели дека телото не било забележано при првиот преглед бидејќи било многу изгорено и не е пронајдено цело тело туку само делови од него.

„Во опожарениот автобус на трагичната несреќа на автопатот Струма, при дополнителниот увид што денеска го извршија истражителите од Националната истражна служба, пронајдена е 45 жртва“, рече Милева за Сител.

Милева вели дека се уште не може да се потврди дали станува збор за тело на дете бидејќи телото е целосно јагленосано и на делови.

НАД 130 ПАТИ изгорениот автобус излегувал и влегувал низ границите БЕЗ ЛИЦЕНЦА❗

Автобусот на „Беса транс“ за кој институциите кажаа дека не е лиценциран за да превезува патници, 135 пати ја напуштал и влегувал на територијата на Македонија, дознава „А1он“. Според информациите до кои дојде порталот, првпат, автобусот е регистриран во октомври минатата година.

„Евидентирано е дека во 2020 година истиот автобус во 22 случаи има остварено влез – излез од државата, додека во 2021 година има остварено 113 преминувања на државната граница. Ве известуваме дека предметниот автобус со регистарска ознака SK 0284 BA за прв пат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година во сопственост на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ“, потврдуваат од МВР за „А1он“.