Глечерот Твајтс е со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, а дури го нарекуваат и глечерот „Судниот Ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години.
Пред 20 години, областa со мраз за која се сметаше дека тежи речиси 500 милијарди тони, драматично се откина од антарктичкиот континент и се распарчи на илјадници ледени делови во Веделовото Море.
Беше познато дека ледениот гребен наречен Ларсен Б од 1.255 квадратни милји (3.250 квадратни километри) се топи брзо, но никој не предвиде дека ќе биде потребен само еден месец за целосно распаѓање на „џинот“ со дебелина од 200 метри.
Глациолозите односно научниците кои го истражуваат мразот, беа шокирани од брзината и од размерите на колапсот. „Ова е запрепастувачки. Тоа е скршено само од себе. Падна како ѕид и се скрши на стотици илјади тули“, коментираа глациолозите.
Оваа недела, глациолозите, на состанокот во Њу Орлеанс предупредија дека нешто уште поалармантно се случува со ледената покривка на Западниот Антарктик што е огромен слив со мраз на полуостровот Антарктик. Долгите години на истражување на тимови од британски и американски истражувачи покажаа дека големи пукнатини се отвориле на врвот и под глечерот Твајтс, што е еден од најголемите во светот, и се стравува дека делови од него, исто така, може да се скршат сами од себе а тој да пропадне во рок од пет години а можеби и помалку, пишува Гардијан.
Глечерот Твајтс прави ледениот гребен Ларсен Б да изгледа како мраз. Тој е отприлика 100 пати поголем и е со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, дури и глечерот „судниот ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години.
Топењето на глечерот Твајтс е загрижувачки, но има и многу други големи глечери на Антарктикот кои исто така се повлекуваат, се разредуваат и се топат како што се загрева Јужниот океан. Многумина се возджани затоа што Твајтс се однесува како тапа која им го блокира излезот до морето. Доколку Твајтс се распадне, научниците веруваат дека на другите глечери ќе им се забрза разместувањето, што ќе доведе до колапс на целата ледена покривка и катастрофално глобално зголемување на нивото на морето дури за неколку метри.
Дали и колку брзо тие глечери можат да се стопат и да се претворат во вода, се некои од најважните прашања. Нивото на морето брзо се зголемува: годишната стапка се зголеми повеќе од двојно од 1,4 mm на 3,6 mm помеѓу 2006 и 2015 година и се забрзува. Неколку милиметри годишно не звучат многу, но загубата на дури и мал дел од Твајтс не само што би помогнало прогресијата дополнително да се забрза, туку веројатно ќе ја зголеми сериозноста од појава на бура.
Доколку некогаш се урнат сите глечери на Западен Антарктик, не постои крајбрежен град во светот кој, со текот на времето, не би бил соочен со катастрофални економски импликации врз животот и врз економијата.
Порано консензусот на глациолозите беше дека ќе бидат потребни векови глобално загревање пред да се скршат и колабираат глечерите со големина на Твајтс, но толку брзо и неочекувано беше губењето на морскиот мраз на спротивниот крај на земјата на Арктикот, и така ненадејна беше загубата на Ларсен Б и сега се смета дека е можно таква иста појава да се случи многу брзо и на Антарктикот.
Губењето на мразот на Арктикот едвај влијае на нивото на морето бидејќи најчесто се формира на море, додека мразот на Антарктикот, сепак, е главно на копно, така што секое топење го зголемува нивото на морето.
Пресвртната точка на ледениот гребен Ларсен Б се појави ненадејно. Како Твејтите и другите глечери реагираат на глобалното затоплување сè уште не е познато, но овие големи глобални физички процеси се во тек и можат да се решат само со глобална акција.
Сепак, само еден месец по завршувањето на Cop26 во Глазгов, предупредувањето дека глечерот Твејтс дебел 300 метри и широк 50 милји почна да пука, беше дочекан со молк од владите преокупирани од Ковид-19 и враќање во нормала. Опасноста е дека многуте активности ветени во ноември за решавање на глобалното затоплување ќе бидат стопирани уште една година, а со тоа се очекува тие да станат само уште еден ризик плус, во се поопасниот свет.
Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред пет години и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, според германската Федерална разузнавачка служба (BND), како што објавија германските и швајцарските медиуми.
„BND поседува јасни докази дека вирусот Sars-CoV-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, објавија медиумите.
Според овие наводи, германската разузнавачка служба уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“ во Вуханскиот институт, во чие основање учествуваа и САД и Франција.
Заклучокот е донесен по анализа на податоци собрани од отворени извори и медиуми, кои наводно стигнале до германските власти како дел од разузнавачката операција „Saaremaa“. Податоците покажуваат дека во институтот биле користени „ризични методи“ на истражување, надополнети со „прекршување на безбедносните правила во лабораторија“.
Медиумите наводно пренесуваат дека истражувачите од Вухан спроведувале експерименти за зголемување на функцијата на вирусите, што може да предизвика промени во преносливоста на вирусот и неговата способност да заразува различни домаќини.
Резултатите од истражувањето на BND имаат точност од 85 до 90 проценти. Тогашната канцеларка Ангела Меркел, според медиумите, го спречила објавувањето на овие податоци, а нејзиниот наследник Олаф Шолц го направил истото. Портпаролката на германската влада одби да ги коментира медиумските извештаи, велејќи дека владата не ја коментира работата на тајните служби.
Податоците што ги има BND биле подложени на вештачење од група научници, но тие сѐ уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.
Стручњаците нагласуваат дека недостигаат „конечни докази“ дека вирусот потекнува од лабораторија и веруваат дека тој се пренел од животни на луѓе на фарми.
„Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот навистина настанал природно, но досега немаат објавено студија која тоа ќе го докаже“, изјави германскиот виролог Кристијан Дростен.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, изјави дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. Американскиот претседател истакна дека „нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“.
„Можеме да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека нема да биде потребно, но можеме да го направиме тоа. Можам да применам многу силни финансиски санкции за Русија, кои би биле многу штетни за нив. Но, не сакам да го сторам тоа бидејќи сакам мир“, рече Трамп.
Претходно денеска, американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека САД ќе имаат контакт со руската страна и се надеваат на позитивен одговор од Москва.
„Силно ги повикуваме Русија да ги прекине сите непријателства. Овој конфликт нема воено решение“, нагласи Рубио. Тој потврди дека разговорите во Џеда вклучиле и дискусии за тоа „како треба да изгледа преговарачкиот процес“, вклучувајќи и „разговори за територијални отстапки“.
„Ако Русите одбијат, тоа ќе ни каже многу за нивните цели и начин на размислување“, додаде Рубио.
Тој исто така истакна дека Украина ќе има потреба од доволно силна заштита од идни напади и дека европските земји ќе мора да се вклучат во овој процес. Рубио нагласи дека договорот за минерални суровини не треба да се гледа како безбедносна гаранција.
Кремљ одбил да го коментира предлогот за прекин на огнот со Украина на 30 дена, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин треба да добие повеќе детали пред да ја разгледа понудата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил дека Москва очекува “детални информации” од Вашингтон по преговорите меѓу високите официјални претставници на САД и Украина во Саудиска Арабија, на кои Киев изјави дека е подготвен за моментален прекин на огнот, пренесува “Гардијан”.
“Очекуваме дека државниот секретар Марко Рубио и советникот Мајк Волц ќе не информираат за преговорите и постигнатите договори во следните денови”, изјавил Песков за новинарите во Москва, додавајќи дека Кремљ може да организира краток телефонски разговор меѓу Путин и Доналд Трамп, ако тоа биде потребно.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, потврдил дека САД во среда ќе ја информираат Русија за договорот за прекин на огнот постигнат со Украина.
“Сите се радуваме на одговорот на Русија и ја охрабруваме да го разгледа прекинот на сите воени акции”, изјавил Рубио.
“Ако кажат ‘не’, тогаш ќе мораме се добро да разгледаме и да сфатиме каква е нашата позиција во светот, но и кои се нивните вистински намери”, додал тој.
Очекувањата се дека ќе стигне претставникот на Белата куќа за Блискиот исток и близок сојузник на Трамп, Стив Виткоф, во Москва подоцна оваа недела за состанок со рускиот лидер, иако Кремљ тоа сè уште не го потврдил.
Во меѓувреме, Украина соопштила дека планира да продолжи со разговори со САД следната недела во врска со деталите за привремен прекин на огнот од 30 дена.
“Веќе се договоривме дека следната недела, на техничко ниво, тимовите ќе започнат да разговараат за сите детали”, изјавил Андриј Јермак, шеф на администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доцна во вторник вечерта по важните преговори во Џеда, кои исто така поттикнале САД да ги укинат своите ограничувања за воена помош и размена на разузнавачки податоци.
Јермак додал дека САД сега ќе ги презентираат предлозите на Русија развиени во текот на преговорите.
“По оваа средба, клучот сега е во рацете на Русија. И целиот свет ќе види кој навистина сака мир, а кој само зборува за него”, изјавил Јермак.
Се уште не е јасно дали Путин е подготвен да го прифати прекинот на огнот.