Connect with us

Uncategorized

Д-Р ДАНИЛОВСКИ: Баравте-гледајте“ – следи голема ковид-експлозија

Published

on

Епидемиологот проф.-д-р Драган Даниловски во изјава за НОВА ТВ вели дека очекува бројот на заразени во следните денови експлозивно да расте, но не и бројот на хоспитализирани и починати.

“Останувам на својот став искажан прв пат уште на 28 ноември, кога омикрон се ширеше само во Јужна Африка: Бројот на заразени експлозивно ќе расте! Но, бројот на хоспитализирани нема да ја следи таа динамика – ниту на умрени… Ова ќе биде масовно здобивање со природен имунитет – природна „трета“ (или „четврта“) доза на имунитет против короната. Исходот ќе биде – збогување со пандемијата на ковид во Македонија напролет!”, вели д-р Даниловски.

Денеска во земјава беа потврдени 1.197 нови случаи на ковид-19, што е значителен скок во однос на изминатите денови.

“Воопшто не е за изненадување што се регистрираа и комбинирани инфекции на ковид и грип! Со рестриктивните мерки против ковид, минатата година, грипот како да беше потиснат. Но, годинава, откако се релаксираа мерките… и вирусот на грипот – секогаш притаено присутен – ја виде својата шанса! Му помогна, во голема мера, драстичниот пад на вакцинацијата против грип! И сега имаме ситуација: „си го баравте- гледајте“!“, вели епидемиологот, кој додава дека комбинираните инфекции, со коронавирусот и вирусите на грип во исто време, се „сосема нормален развој на настаните”.

„Од една страна, омикрон со крупни чекори ја освојува планетава! Од друга страна, вирусот на инфлуенцата (грипот) се бори за место под сонцето! И сега имаме ситуација кога сѐ почесто ќе се јавуваат комбинирани инфекции. Ништо спектакуларно! Сосема нормален развој на настаните!“, вели д-р Даниловски за НОВА ТВ.

Uncategorized

Дневна метео анализа: Денес (21 февруари петок) ќе имаме целодневно сонце!

Published

on

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која продира од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните  и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски.

До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до Скопскиот регион, исто така времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 8 степени.

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк