Connect with us

Uncategorized

Светата великомаченичка Анастасија Узорешителница

 Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон.

Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ѝ наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата (заради што е наречена Узорешителница, односно онаа која ги одврзува јажињата). По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж – царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш светата Анастасија почна слободно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостина на сиромасите.

Еднаш, царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше света Анастасија. На заповед од царот, на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде светата Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка, и заради тоа ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии.

Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад, света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва.

Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган, да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading

Uncategorized

Екипите на терен интервенираат поради поплавени делови во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг