ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Уште еден пешак прегазен на мостот „Гоце Делчев“

Несреќа во која едно лице почина штотуку се случи на мостот „Гоце Делчев“ кај Владата, објави Коха. 

БМВ  со кумановски таблички удрил граѓанин додека го поминувал мостот, пишува медиумот кој објави и фотографија од несреќата.

Граѓани кои поминале пред малку таму, сведочат дека мостот е затворен.

Полицијата е на терен

Фото Сител 

Советници од СДСМ јаделе бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони со пари на скопјани

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони… се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, пренесува МКД.

Советничката на Град Скопје Љубица Јачева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Македонската армија меѓу 10-те најлоши армии

Последниот извештај на „Global Firepower“ покажува дека македонската армија е на 134 место од 140 држави во светот.

Индексот за „Global firepower“(статистичка веб страница) ги рангира армиите на 140 земји годишно. Излегоа и резултатите за 2022 година, кои се засновани според многу фактори поврзани со одбранбена воена кампања или продолжена офанзива.- Advertisements –

Според податоците Србија ја има најмоќната армија од државите на поранешна Југославија, како и една година порано, и е пред Хрватска по армиска сила, пишува загрепски Вечерњи лист.

Весникот наведува дека Србија е рангирана на 61. место од 140 земји во 2022 година, а Хрватска е чекор поназад, на 62. место и додава дека со оглед на тоа што оваа листа се креира од година во година, може да се земе како релевантна.

Факт е дека Србија во последните неколку години интензивно се вооружува и годишно го зголемува воениот буџет за 40 отсто, наведува хрватскиот весник и посочува дека во 2017 година Хрватска била на 68, а Србија на 89 место.

Се додава дека големиот скок на Србија на оваа воена листа за само пет години, бидејќи се проби од 89. на 61. место, не е изненадување, со оглед на тоа што во меѓувреме, како што велат, Србија ја модернизирала целата ескадрила од 12 МИГ 29 набави околу 20 тенкови Т-72, ​​нов противвоздушен ракетен систем Панцир С-1, потоа борбени хеликоптери МИ-35, како и нов противтенковски ракетен систем, сите од Русија.

Вечерњи лист додава дека од Кина пристигнува копија од системот за противвоздушна одбрана со долг дострел ФК-3 (копија на рускиот С-300), а веќе се пристигнати кинески борбени беспилотни летала, како и дека слични доаѓаат од Турција.

Весникот исто така посочува дека Хрватска не се одлучила за единствената најголема воена набавка во својата историја, купувањето на 12 повеќенаменски воени авиони од Франција за една милијарда евра, од кои повеќе од една третина е веќе платена.

Од земјите на поранешна Југославија, по Србија и Хрватска, Словенија е следна по воена моќ, на 86 место, БиХ на 123, додека Црна Гора воопшто не е на оваа листа, иако има војска.

Убедливо најмоќна армија на Балканот има Грција која се наоѓа на 27 место во светот, Бугарија е на 67 место, а Албанија на 115 место.

Инаку, според податоците, Global Firepower, т.н. Косовските безбедносни сили се претпоследно рангирани и се поместени за една позиција погоре од минатата година, што значи дека минатата година беа најлошо оценети. Во текот на 2022 година, Косово е рангирано на 139-то место од 140 учесници кои се разгледуваат при годишната ревизија на оваа листа.

Само Бутан има послаба вооружена сила од Косово, а САД се први на листата. Следуваат Русија, Кина, Индија и Јапонија.

Тони Цетински со емотивна порака за роденденот на Тоше: Запејте повторно со Аки

Пејачот Тони Цетински на овој ден се присети на својoт драг колега кој прерано почина.

Тоше Проески денеска би наполнил 41 година, а по тој повод Тони објави фотографија на социјалните мрежи.

– Среќен роденден Тоше! Запејте повторно ти и Аки повторно од душа со вашите прекрасни гласови „Есен во мене“. Те сакаме засекогаш – напиша Цетински на својот Инстаграм.

Цетински исто така направи и колаж од неговите и фотографиите на Тоше во форма на буквата „Т“, со уште една посебна порака:

„Засекогаш ваши, ние потпишуваме

Руската православна црква осмисли молитва за луѓе опседнати со компјутери

Руската православна црква (РПЦ) осмисли 39 нови молитви, вклучително и онаа за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутери“.

Иницијативата беше поднесена кон крајот на минатата година до Синодско-литургиската комисија – врховниот управен орган на РПЦ. Меѓу повеќето предлози се молитви за успешни операции, полагање испит, почнување со студии, па дури и за барање работа. Доколку комисијата ги одобри предлозите, молитвите ќе станат дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви.

Покрај тоа, меѓу новите молитви е и молитвата за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутерите“. Таа важи и за гејмерите. Ова доаѓа во време кога зависноста од видеоигри е официјално призната како опасно здравствено нарушување во Русија.

И Светската здравствена организација ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година. Сепак, според СЗО, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството, училиштето, работата, социјалните вештини и другите сегменти од животот.

Ова ВИДЕО со БЛИЗНАЦИТЕ доби милиони прегледи, а еве и зошто?!

Познато е дека помеѓу браќата и сестрите близнаци постои некоја посебна врска.

Па така можеме да слуснеме дека едни со други имат предчуство кое е многу тешко логично да се објасни, а најчесто се работи за предвидување дека на другиот нешто му се случува.

Дека ваква врска постои уште од самото раѓање, покажува и оваа снимка која се појави на друштвените мрежи, снимка поради која се појавија лавина на коментари, а доби и милиони прегледи.

Имено како сто може да се види на снимката, еден од близнаците среде ноќ ја фрли цуцлата кон својата сестра која спиеше во кревето до него.

Бидејќи девојчето не реагираше одма, нејзиниот брат почна да плаче, а таа веднаш ги отвори очите, се протегна и одма знаеше што тој сака од неа.

Стана, му ја даде цуцлата, а притоа се врати во својот кревет.

Помеѓу близнаците сепак постои некоја тајна врска, НЕЛИ?

@boehmetwins This will make your day!!! #twins ♬ original sound – boehmetwins — Jack and Ivy

Руска амбасада со реакција: Изненадени сме од изјавите на министерката за одбрана г-ѓа Петровска

Руската амбасада во Скопје на социјалните мрежи реагираше на вчерашната изјава на министерката за одбрана, Славјанка Петровска за можното вклучување на македонската армија во руско-украинскиот конфликт, доколку тоа го побара НАТО. Според руската амбасадата, ваквата изјава на министерката е „изненадување“.

-Го обрнуваме вниманието на апсолутно јасните изјави на руското раководство – Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејствија. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат низ сопствената територија и имаат целосно право на тоа, велат од Руската амбасада и додаваат:-Што се однесува до Украина, Киев продолжува тврдоглаво да ги избегнува своите обврски од Договорите од Минск, кои вклучуваат, особено, воспоставување директен дијалог со Донецк и Луганск и внесување во Уставот посебен статус на Донбас. Доследно и целосно спроведување на „Пакетот мерки“ од Минск од 2015 година како безалтернативна основа за разрешување е неопходен услов за решавање на внатреукраинската криза.

Го гледаме ризикот дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата. Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето на пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО, стои во реакцијата на Амбасадата.

Од таму се надеваат дека „раководителката на Министерството за одбрана на РСМ ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството на чело со неа“.

Петровска вчера информира дека доколку НАТО побара од македонската армија да се вклучи во можниот конфликт на границата меѓу Русија и Украина, тоа може да се случи, но само со согласност на Владата и претседателот Стево Пендаровски.

-Ангажманот на нашата армија се дефинира на конференција за генерирање на сили кои се оддржуваат под Врховна команда на сојузничките сили на НАТО за Европа и секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно можностите. Во моментов имаме обврска и изготвуваме анализи за можноста за потенцијално наше учество во можната деескалација на ситуацијата. Одлуката после ја носи Владата, но и претседателот како врховен командант, вели Петровска во интервју за ТВ Телма.

(Видео) Се снимал како вози 120 на саат сред град!

Твитер профилот Две Ѕвезди објави видео на кое се гледа дека возачот се фали со фактот дека вози со преку 120 километри на час.

Очигледно стана тренд младината да се расфрла со парите на мама и тато и да беснее по улици.
Во изминатиот период ширум Македонија се случија голем број на особраќајни несреќи, некои од нив со смртни последици.

Останува да видиме дали МВР, ЈО или некоја друга институција ќе се погрижи за овој и за останатите слични случаи.

“Ќе ги објавувам се додека не се превземе нешто,а вие ќе ги правите славни да пукаат од срам.
Немам што да кажам погледнете:
#БананаДржава
#ТвитерПравда” стои во твитот.

БУГАРИТЕ ќе станат државотворен народ: Ковачевски најави УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите по завршувањето на заедничката средба меѓу македонската и бугарската влада во Софија рече дека Уставот на земјата сепак ќе го отвори патот кон Европската унија.

Според Ковачевски, сите детали за отворените политички прашања ќе ги разгледаат министерствата за надворешни работи на двете земји, пишува Алсат.

Ковачевски пред новинарите рече дека уставните измени се процес кој како држава мора да го направи на патот кон ЕУ, бидејќи Уставот ќе треба да се адаптира, а со оглед на тоа што државата е мултиетничка, заедниците имаат право да го бараат да бидаат дел од Уставот, за кој се потребни две третини од гласовите во Собранието.

Бугарија ја завршија истрагата, еве кој е виновен за автобуската несреќа во која загинаа 45 луѓе

Истражниот тим во Бугарија кој спроведе истрага за несреќата на македонскиот автобус на „Беса транс“ на автопатот „Струма“Б, во која загинаа 45 луѓе. Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов рече дека заклучокот на истражителите е дека возачот на автобусот, кој исто така загина, е виновен за несреќата.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов, според Дневник.бг.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во страотниот пожар загинаа 45 луѓе, Само седуммина од патниците ја преживеаја несреќата.