Рашковски се правда: Моите деца знаат да штедат, добиваа подароци за родендени, крштевки и мекици

Драги Рашковски вели дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца. Тој нагласува дека тие се традиционално семејство кое сака да подарува и оти неговите деца често добилале подароци за родендени, крштевки, мекици и сл.

-Децата имаат заштеда која е од нивните родендени а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претодно.Целата работа се вулгаризира затоа што и станот и подвижните средства сум ги имал и пред да станам Генерален секретар. Сето тоа е само префрлено, ние сме традиционална земја како секој родител. Станот што сум го имал само сум го префрлил,не станува збор за нов имот.Новиот имот во Побожје е купен на кредит со средства кои што и претходно сум ги имал, се правда Рашковски.

„Славјанка нека ја напаѓа Русија дење оти нашите хеликоптерите не летаат ноќе“

Лавина од трагикомични реакции предизвикани од изјавата на новата министерка за одбрана се споделуваат на интернет. Налик на Монти Пајтон серијал, Твитер заедницата ја објаснува положбата во која што се наоѓаме како земја:

Денеска ќе наполнеше 41, не те пуштам да знаеш, ти правам муабет секој ден: Весна Бејби жали по Тоше

Денеска ќе наполнеше 41, не те пуштам да знаеш, ти правам муабет секој ден, напиша на Инстаграм, Весна Петрушевска Бејби, потсетувајќи се на никогаш непрежалениот Тоше.

По малата казна која ја доби возачот, се огласи Гордана Шаулиќ – имаше само една работа да му порача на убиецот на пејачот

Алсин Левант, возачот на возилото кое го усмри Шабан Шаулиќ е осуден на три години и 3 месеци затвор, а за болната тема за првпат проговори неговата вдовица Гордана Шаулиќ.

-Три години чекање и мачење, агонија која траеше, средба со таа личност… Имаше дрога и алкохол во крвта, а не возење од невнимание. Не би сакал да кажам ништо грдо. Тоа беше мала соба, влезе човек со качулка и маска, држеше книга пред лицето, се трудев да не го гледам, не сакав да се сеќавам на тој лик. Тој се изјасни за виновен, возел 160 на час, а дозволено е 80. Толку е срамно. Ништо не ни значи таа реченица, но тој веќе три години шета, пие, јаде, живее нормално, додека овие двајца ги нема“, рече Гоца.

Таа додала дека како семејство повеќе нема да се појавуваат на овие рочишта бидејќи е многу стресно.

-Не знаеме што ќе добиеме, но ќе се обидеме максимално да ја задоволиме таа правда. Мора да се знае дека му се судеше на германски државјанин, а се работи за двајца странци. Продолжуваме со нашата болка. Стојадиновиќ е исклучително тежок и психички, човекот остана инвалид“, додаде Гордана.

Петровска: АРМ се подготвува за вклучување во можниот koнфликт меѓу Русија и Украина

Позициите на нашата држава по однос на проблемот што го имаат Руската Федерација и Република Украина е дека целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Како земја членка на НАТО, ја поддржуваме и се залагаме за политиката на отворени врати и правото на секоја земја, вклучително и Украина, за самоопределување, истакна вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју на ТВ Телма.

Од она што и ние по нашите канали на комуникација во рамки на НАТО структурите го добиваме и од она што се информира јавноста, е дека во тек се дипломатски преговори за мирно решавање на овој спор. И апсолутно како држава таквиот тек на настаните го поддржуваме, односно се залагаме за дипломатско решавање на овој спор, потенцира Петровска.

Во однос на обврските на македонската армија како членка на НАТО, во случај на руска инвазија на Украина, министерката рече дека ангажманот на нашата армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Минск.

-На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука се уште не е донесена, истакна Петровска.

Министерката истакна дека нашата држава до сега од Русија нема добиено никакви барања како што побара од НАТО да се повлече од Бугарија и Романија. Во однос на релациите со Федерацијата, Петровска рече дека како држава негуваме добри дипломатски и пријателски односи со сите држави.

– Имаме исклучително добри билетерални релации, но сепак како држава нашите институции се задолжени и се должни да ги штитат интересите пред се на нашата држава односно националните безбедносни интереси. Во таа насока беше и протерувањето на дипломати кои очигледно е дека по сознанијата кои нашите институции ги имале, ја преминале границата, односно обавувале дејствија кои не се во согласност со прописите и процедурите, појасни Петровска.

Оваа битолчанка е КРАЛИЦА НА БАКШИШОТ, растура за сите пари!

Познатата пејачка од Битола покажа зошто ја нарекуваат кралица на бакшишот Младата пејачка од Битола која настапува под уметничкото име Марија Луиса покажа колку пари заработува од своите приватни настапи.

Имено, деновиве на социјалните мрежи „испливаa“ неколку интересни видеа од кои можеме да видиме како пејачката облечена во провокативно издание добива пари од гостите додека ги пее познатите балкански хитови.

Марија ја подигна атмосферата до лудило, додека во рацете одвај можеше да го задржи парите што и ги даваа. Повеќе од сигурно е дека дома си замина со полни џебови, а објави и фотографија како се „рефрешира“ по настапот.

„И вака е после секоја работна вечер, да не мислите лесно ми е“, напиша таа под фотографијата на Инстаграм. И додека Марија енергично ги изведуваше песните, и мажи и жени и даваа пари воодушевени од нејзиниот настап.

ВИДЕО на денот: Ива има четири години и е рокерка права 😁

Страницата Штипска идила на Фејсбук сподели урнебесно видео.

ВИДЕО НА ДЕНОТ…Ален Исламовиќ, спиеш ли мирно? Ива Стојковска 4 г ни е пее култната песна МОТОРИ. Браво Ива! – пишуваат во објавата.

За сите љубители на рокенролот Ива е најмладиот фан на Дивље Јагоде, погледнете го видеото:

https://www.facebook.com/1412738912377945/videos/317775956766199/

„Двоен аршин е да се внесат Бугари во македонскиот Устав, а да не споменува македонско малцинство во Бугарија“

Ова да внесеме бугарска заедница во нашата држава е според е двојниот аршин, бараат да не се споменува македонско малцинство во Бугарија, а ние да внесеме бугарско во преамбулата, изјави  за „Тема на денот“ на Сител Никола Димитров  екс министер за надворешни работи и екс вицепремиер за евроинтеграција, контра изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ кои сметаат дека не е проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав, а молчат за Македонците во Бугарија.

– Бугарија имаше барање да декларираме дека македонско малцинство, ама ако ние тоа го кажеме ќе биде мешање. Дали некои луѓе се малцинство не може да биде предмет  на политичка декларација на Бугарија, тоа е право на изнесување на тие луѓе, рече тој.

Според него луѓето треба да имаат права да се здружуваат, да имаат свои организации, да се грижат за заеднички интерес и овој сегмент не може да значи мешање во внатрешните работи на Бугарија.

– Кога го презентиравме договорот за пријателство прашањето за малцинството беше посебно. Прашањето дали една група на луѓе се малцинство е прашање за таа група во 21 век во Европа. Ние така се однесуваме кон сопствените граѓани и државите членки на европската Конвенција за човекови права, посебно на Рамковната конвенција за национални малцинства, Советот на Европа презеле обврски дека овие права ќе ги почитуваат, изјави Димитров.

Ова е содржината на дојавата испратена за АТЕНТАТОТ на Вучиќ: На него требало да пука КОМАНДОС за хонорар од МИЛИОНЧЕ!?

Атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ бил нарачан од Јужна Америка, а егзекуцијата требало да се изврши во првата половина на февруари од снајперист, поранешен воен специјален агент кој, според сознанијата на Европол, претходно извршувал „црни операции“  за мафијата и западните служби!

Станува збор за доверливи информации до кои дошла полиција на земја од ЕУ и ги доставила до српското МВР на 14 јануари. Во дојавата се наведуваат бројни податоци – имиња на заговорници, имиња и адреси на параван-фирми кои учествувале во набавката и транспортот на оружјето што требало да се искористи за убиството, како и бројни други детални информации за планот за ликвидација на шефот на државата.

Според сознанијата на Европол, атентатот на претседателот на Србија директно го наредил водачот на озлогласениот „кавачки клан“, Радоје Звицер, кој според разузнавачките податоци моментално се наоѓа во Јужна Америка, најверојатно во Колумбија. Тој ангажирал поранешен воен специјалец за убиството и тоа преку посредник.

– Според Европол, атентаторот веќе извршил таканаречени „црни операции“ за мафијата и западните служби. За оваа работа му ветиле хонорар од еден милион долари, плус сите трошоци и логистика. Детално е планирано и негово извлекување од Србија по атентатот и „трајно сместување“ во јужноамериканска држава , пренеесува изворот од српското МВР за медиумите во соседството.

Во извештајот кој го добила полицијата се наведува дека атентатот на Вучиќ требало да биде извршен во првите две недели од февруари и дека се разработувале два плана.

Едниот план бил тоа да се направи на јавен собир, а другиот да се пресретне колоната на Вучиќ и да се предизвика сообраќајна несреќа по што ќе биде ликвидиран, пренесува изворот.

Се додава и дека во информацијата на европската полиција се споменуваат и имиња на двајца високопозиционирани политичари од регионот.

– Тие двајца во најмала рака знаеле се, а можно е и активно да учествувале во планирањето на убиството на Вучиќ, прецизира изворот од истрагата.

Европол го информирало српското МВР и дека оружјето за атентатот е купено во Словачка. Станува збор за најмодерен снајпер со голем дострел и разорна моќ, а во Србија требало да влезе преку Унгарија и Бугарија.

– Движењето на оружјето е покриено со хартии на фирми кои легално се занимаваат со трговија со оружје – открива соговорникот.

Информацијата за планираниот атентат на претседателот на Србија е соопштена во петокот, а Вучиќ рекол дека повод за ова би можело да биде тоа што и нанел сериозен удар на нарко-мафијата во Србија.