Connect with us

Македонија

Ачковска: „Не постои ‘заедничка’ историја на два посебни народа, тоа е прифаќање на бугарската историја“

„Освен некои поединечни коментари од носители на јавни функции, изостана вистинска и суштинска реакција од страна на повиканите релевантни македонски чинители, со што би се разгледале сугестиите, што се дадени од академици и интелектуалци во Македонија, кои беа содржани во неколку отворени писма до македонската јавност“ – вели Митко Јовановски во својата политичка анализа со наслов „Политичарите затворени за отворените писма!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

ПО БРАНОТ ЈАВНИ ОБРАЌАЊА НА СТРУЧНАТА ФЕЛА ЗА РЕДИЦА СУШТИНСКИ ПРАШАЊА СО НАЦИОНАЛЕН И ИДЕНТИТЕТСКИ ПРЕДЗНАК

„Новата агенда за подобрување на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија и начинот на кој треба да се спроведе тоа предизвикаа мноштво реакции во македонските научни и интелектуални кругови. Во изминатиот период се јавија неколку иницијативи со потписи од над триста професори, академици и историчари, во кои се понудија неколку различни погледи и решенија во однос на македонско-бугарскиот спор. Но освен некои поединечни коментари од носители на јавни функции, изостана вистинска и суштинска реакција од македонските државни институции, со што би се разгледале сугестиите што се дадени од голем број интелектуалци во Македонија.“

„Позначајно внимание кај јавноста предизвика писмото од група еминентни македонски историчари, испратено до јавноста пред најавеното заедничко македонско-бугарско чествување на 150-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во отвореното писмо потписниците прашаа што заедничко ќе имаат македонските и бугарските политичари на чествувањето на Гоце Делчев. Во писмото потсетуваат и на претходно искажаните ставови за Преспанскиот договор и за Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, за кои велат дека се асиметрични и на штета на македонскиот национален идентитет.“

„Но, и покрај укажувањата, политичките гарнитури водат своја агенда, за која се стравува дека води кон рекомпонирање на македонскиот идентитет, а со тоа и на јазикот, културата и колективната меморија, нагласуваат потписниците на писмото. Во него, меѓу другото, се наведува и дека барањето за ‘заедничка историја’ е во спротивност со правото на самоопределување на секој народ, кој има сопствена колективна меморија, што никој не може да ја избрише. Историјата и нацијата не се создаваат со декрет. Македонскиот народ има своја долга колективна меморија, свој јазик, традиција и култура, кои произлегуваат од неговото повеќевековно опстојување.“

„Сепак, според историчарката Виолета Ачкоска, политичарите не обрнуваат значајно внимание. ‘Останувам на мојот став дека потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија е спротивен на интересите на македонскиот идентитет. Според мене, не постои термин ‘заедничка’ историја на два посебни народа. Вака формулираната историја значи да се прифати бугарската историја. Политичарите останаа глуви на нашите сугестии наведени во нашето писмо. Наместо тоа, ги напаѓаат историчарите и продолжуваат со притисоците врз членовите на историската комисија, која се распадна со заминувањето на некои членови, а има и поделби во однос на сфаќањето на историските факти.“

„Тоа што се прави сега од страна на Бугарија не е добрососедство. Нашите политичари не се подготвени да ги сослушаат мислењата на потписниците на писмото, кои се и докажани во своите области. Сѐ е насочено кон остварување на поставената цел за почнување на преговорите со Европската Унија. Но го запоставуваме фактот дека никој нема да нѐ цени како дел од цивилизациските народи на Европа, ако ги промениме нашето име, идентитет и историја.’ – ни изјави историчарката Виолета Ачкоска, која е една од потписниците на писмото, на кое стојат и имињата на други историчари, политиколози, дипломати и интелектуалци од Македонија.

„Пред неколку недели, друга група интелектуалци застанаа зад отворено писмо во кое се искажува длабока загриженост, поради фактот што Македонија станува заложник на апсурдните барања на Република Бугарија. ‘Никој нема право да ѝ ја одрече на Македонија нејзината европска иднина и да ја спречи во нејзиното интегрирање во составот на Европската Унија. Македонија, токму затоа, не може и не смее да прифати цената за добивање датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија да биде разнебитување на историски заокружениот легитимен процес на конституирање на македонската нација и нејзиното размакедончување. Македонија не може и не смее да прифати концепт на бугарски корени на македонскиот народ и нација. Наводниот бугарски историски идентитет на Македонците не е и не може да биде основа на новиот европски идентитет на државата.’ – се наведува во писмото на групата интелектуалци.“

„И во однос на ова писмо или укажување нема никаков одговор од надлежните институции и органи. Дали институционалниот молк значи одобрување или игнорирање на фактите забележани во низата отворени писма останува да видиме во следниот период.“ – заклучува Митко Јовановски во својата анализа.

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг