ЗАПОЧНА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ПУТИН ПОРАЧА НИКОЈ ДА НЕ СЕ МЕША!

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за нападот врз Украина и рече дека секоја земја што ќе одлучи да интервенира ќе се соочи со огромни последици.

„Решивме да започнеме специјална воена акција насочена кон демилитаризација и денацификација на Украина“, рече Путин.

„За секој кој би помислил на мешање однадвор: ако го стори тоа, ќе се соочи со последици најголеми во неговата историја. Сите релевантни одлуки се донесени“, додаде рускиот претседател.

Руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот.

Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.

Поранешната победничка на Евровизија Руслана се огласи – Имаше што да му порача на својот народ молејќи се на колена

Украинската пејачка и победничка на Евровизија во 2004-та година Руслана речиси нема европеец кој не ја познава и дваесетина години по нејзината победа.

Таа од рано утрово се сочувствува со својот народ, а разбудена од сирените низ цела Украина се огласи на својот Инстаграм профил повикувајќи го народот да собере сили и да сфати дека војната е започната.

„Дојде утрото (треба да собереме сили и да сфатиме дека војната против Украина започна).

Сигурно знам дека светот ќе застане обединет за Украина. Работевме многу години за да обезбедиме современиот свет да ја избере Украина како земја која со векови страда од рускиот режим. Светот нè чувствува и ќе ни помогне.

Сите ќе дејствуваат за да се запре војната.

Сега најважно е да се знаат јасните дејствија на територијалната локална одбрана!

Сега собирам информации – како да постапите и ќе ги објавам овде!

Пријатели, пишете приватно или овде!

Потребни се веродостојни информации!

Ова е драгоцено време бидејќи постои начин каде може да се објави сето тоа !

Кога беа најопасните акции за време на Мајдан, единственото нешто што ни помогна да се спасиме беше координираната акција, јасна поделба на одговорностите и што е најважно, преземање информации од официјални извори или очевидци.

Главната работа е внатрешен мир без емоции и паника.

Слава на Украина!

Господи, слушни ги и прими ги моите молитви за Украина, мир и спокојство 🙏

# Украина # Украина # Бог да ја спаси Украина“, стои во нејзиниот пост на Инстаграм

Таа на објавената фотографија се моли, а на главата има и качулка.

Над 50 загинати во првите часови од нападот на Русија над Украина, меѓу нив и цивили

Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

– Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети, изјави Арестович.

Додаде дека знае за речиси 10 цивилни загуби.

Бебе се роди на 22.02.2022 година во 2:22 часот попладне- и температурата била 22 степени

Машко бебе во Израел е родено со нумеролошки поволен датум и време на раѓање, кое пристигна на светот на 22 февруари 2022 година во 02:22 часот, попладне (14.22) соопшти денеска болницата Рамбам во Хаифа.

Бебето е родено со планиран царски рез и е второ дете на родителите Лиан и Рам Коен.

-Се јавив да го координирам царскиот рез и ми го предложија овој датум, рече мајката, според соопштението од болницата. Таа била предвидена за породување во 10 часот.

Мајката рече дека било фантастично да се види дигиталниот дисплеј на ѕидот со времето и датумот.

– Дури и температурата во просторијата беше 22 степени, рече таа и додаде:

„Специјалната комбинација на броеви сега стана дел од приказната за раѓање. Тоа е ретко, тоа е лудо. Имаме посебна приказна за раѓањето и посебно дете кое пристигна со таа приказна“.

Координиран руски напад на неколку воени аеродроми во Украина (Видео)

Извршен е координиран руски напад на неколку воени аеродроми во Украина, ракетирани се градовите Мариупол, Харков, Одеса, а сега се појави и видео од руските тенкови како се движат кон Донбас во источна Украина, јави турската агенција „Анадолија“.

На снимката се гледа и како минофрлачи „Нона-С“, тежок механизиран мост „ТММ-3М2“ и камиони кои преминуваат од Крим. Некои возила се со ознака „З“ (Z)  а други имаат коса црта.

(Видео) „Не можам да објаснам што е тоа“ – новинар утрово во 04 часот се јави во живо од Украина, будните граѓани цела ноќ ги снимаа нападите

Експлозии во неколку градови во Украина се пријавени откако Москва ја започна „специјалната операција“, јавуваат светските медиуми.

Пријавена е серија на експлозии ширум Украина, а очевидците рекле дека истите се случиле во близина на неколку големи градови, додека рускиот претседател Владимир Путин потпишал наредба со која се одобрува „специјалната воена операција“ во регионот Донбас.

Говорејќи од покрив на еден објект во центарот на Киев, репортерот на Си Ен Ен, Метју Чанс рече дека слушнал четири или пет експлозии како избиле во градот.

Врати се пукаат! – снимка од драмата , повредени полицајци (Видео)

Вчера се случуваше вистинска драма во демихисарско каде беа нападнати неколку полициски службеници од кои еден беше прободен, а двајца беа прегазени. Целиот овој настан е снимен на камера.

„Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал И.Ѓ.(41) од Росоман, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Луѓето во паника викаат поради тоа што се гледаат и слушаат истрели. Воеден момент еден вика „Врати се Филип пука“.

https://twitter.com/egodollaric/status/1496112367146524680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496112367146524680%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-vrati-se-filip-pukaat-snimka-od-dramata-povredeni-se-policajci%2F

Скопјани ВНИМАВАЈТЕ: Момче со пластичен пиштoл ги плаши граѓаните (Видео)

Шабан Мафија Скопје, момче со психички проблеми, се шета со пластичен пиштол но предизвикува цело време страв и вознемиреност кај другите граѓани !!!! – стои во Фејсбук објавата на страницата Shilo Magazine Шило Магазин

Погледнете за што се работи – видео:

(Видео) Русите доаѓаат: Голем број руски трупи на пат за Украина

Доцна во понеделникот рускиот претседател, Владимир Путин ја признава независноста на сепаратистичките региони во Украина, Доњецк и Луганск, а веднаш потоа побара согласност од руската Дума за испраќање на руска армија надвор од границите на Федерацијата на „мировна мисија“.

Западните медиуми обвинуваа дека повеќе од 200 илјади руски трупи се наоѓаат на границите околу Украина вклучително во Русија, Белорусија, Транснистрија и Крим, што значи дека Украина е целосно опколена.

Не само што руските трупи се околу Украина, според неофицијалните информации руските трупи веќе се на пат накај Украина на само неколку километри од украинско руската граница.

Погледнете:

https://youtu.be/5ZpNjpGkNzg

https://youtube.com/shorts/lBq7qNpx3oU?feature=share

Доналд Трамп го нарече „генијален“ потегот на Путин за Украина

– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги оцени како „генијални“ постапките на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина и го нарече рускиот лидер „многу разумен“, објавија американските медиуми.

Некои републиканци во САД се обидоа да го обвинат претседателот Бајден за кризата, велејќи дека Русија не извршила инвазија никаде за време на претседателствувањето на Трамп. Самиот Трамп, исто така, твитна претходно, велејќи дека неговиот однос со Путин би ја спречил кризата, пишуваа медиумите. Неколку часа по неговата изјава, поранешниот претседател на САД истакнал на радио емисија дека откако дознал оти Путин ја признал независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина, си рекол: „Ова е генијално“. – Си реков: „колку е тоа паметно“, истакнал Трамп.

Подоцна, запрашана да ја коментира изјавата на Трамп, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека тие се обидуваат да не прифатат совет „од некој, што го фали претседателот Путин и неговата воена стратегија“. Според неа, од републиканците зависи дополнително да не го политизираат ова прашање.