18 години од смртта на Борис Трајковски – вечниот почитуван претседател на Република Македонија

“Човек – изјава“, вака во новинарската фела го нарекоа Борис Трајковски, кој како заменик министер за надворешни работи во 1998 година, во екот на бегалската криза на Косово, кога Македонија ги отвори границите за бегалците и минуваше низ тешки денови, често обвинувани за начинот на кој се справуваме со тогашната криза, тој  на меѓународната заедница и порача:

“Пратете авион и земете ги“.

На крајот од 1999 година, како кандидат на десно-центристичката влада на Љубчо Георгиевски, тој станува втор претседател на Македонија, но и овие избори остануваат под превезот на партиски обвинувања. Според бројот на гласови Трајковски во првиот изборен круг беше далеку зад тогаш првопласираниот Тито Петковски. Но во втриот изборен круг, Трајковски ја понесува победата која беше прогласена за “пирова“, добиена преку “контингент гласови на Албанците.

СДСМ тогаш Трајковски го нарече “Граѓанинот Борис Трајковски“, но по обелоденувањето на аферата “големото уво“ работите се променија, а тогашниот шеф на државата Трајковски на некој начин воспостави соработка со СДСМ.

Кобното утро, на 26 февруари, 2004 година, Борис Трајковски, го загуби животот во авионска нереќа кај Мостар. Уривањето на владиниот кингер, и покрај серијата на истраги, наоди и сознанија, за дел од јавноста сеуште е мистерија.Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 18 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.Многумина се убедени дека да беше меѓу нас, Трајковски ќе ја направеше Македонија далеку подобра земја од денес.

Во чест на неговиот живот и дело и 18 години од неговата смрт денеска пред вечното почивалиште на гробиштата во Бутел се поклони државниот врв и оддадоа почит стотици граѓани.

И хеликоптер на МВР трага по исчезнатиот 10 год. Петар во Мариово

Од синоќа сeуште се трага по десет годишно дете, кое исчезна вчера околу 16 часот од селото Врбско во Мариово. Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР.

Досега сe уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби.

Според СВР Битола таткото на исчезнатото дете пријавил синоќа околу 18 часот дека неговиот син го снемало од селото.

Спасе Чакревски, од селото Витолиште меѓу првите се вклучил во потрагата.

Раскажува дека таткото со сопругата и трите деца, меѓу кои десет годишниот Петар живеат во Прилеп, а од вторникот биле во селото Врбско каде имаат пчелни семејства.

Потрагата била речиси цела ноќ, но, за жал, сe уште нема трага од детето.

Околината е крајно непристапна, а детето било лесно облечено.

-По 22 часот повикавме дополнителна помош и стигнаат 30 до 40 теренски возила, најмногу од ловечкото сдружение „Мукос“, но дојдоа и од Битола, дојде екипа од противпожарната единица и дополнително од полициската станица од Прилеп.

Јас присуствував на потрагата до изутрината околу четири часа и нема трага од детето.

Од изутрината дојде и хелихоптер од Скопје.

Баравме со светилки, теренот е многу непристапен.

Селото од сите страни е оградено со нискостеблеста шума. Сантиметар по сантиметар пребарувавме.

Во селото и во околината се беше пребарано, но за жал, нема никакви траги.

Родителите кажаа дека детето е хендикепирано, не зборува, не е комуникативно и ни потенцираа дека ако забележи дека некој се движи, има можност да се скрие.

Лошо е што температурите се ниски, ноќеска беше минус 3 степени, детето е само со една блузичка и танка виндјакна, носело повисоки гумени чизми, објаснува Чакрески.На пат за Мариово се и членови на Спасителната служба “Златоврв” заедно со група на прилепски ловџии. Повеќе информации се очекуваатподоцна. 

(Видео) Зеленски излегува да се бoри: „Тука сме во Киев и ќе ја браниме Украина“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред малку објави видео на социјалните мрежи на кое порача дека нема да ја напушти Украина, туку ќе остане во и ќе се бори. Покрај Зеленски, на видеото се и премиерот на земјата и шефот на претседателскиот кандидат.

Денес е втор ден од почетокот на руската воена операција во Донбас. Руската армија онеспособи 118 објекти од воената структура на украинската инфраструктура и ја презеде контролата врз Чернобил.


Во меѓувреме, официјален Киев објави дека е подготвен за преговори со Русија за неутрален статус. Гранатирањето продолжува во Донбас. НАТО денеска одржува вонреден самит.

Тука сме, во Киев сме, ќе ја браниме Украина“, вели тој во своето обраќање.

https://www.facebook.com/zelenskiy.official/videos/624877852076446/

Гореше „мерцедес“ во Аеродром

На 24.02.2022 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(37) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.

Увидот е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Што значи симболот „З“ на руските тенкови и воената опрема? (ФОТО)

Мистериозна буква „З“ која се гледа на руските тенкови и вооружени автомобили би можела да означува „нема назад“.

Повеќе теории за значењето на симболот беа споделени после инвазијата на Путин и од снимките кои се појавија од тенковите со буквата.

Руските сили беа видени пред украинската граница денови пред нападот.

На објавените снимки на интернет се гледаат тенкови, самоодна артилерија, ракетни фрлачи, камиони за снабдување кои се движат на дистанца од 6 до 25 милји од украинската граница.

Сите се обележани со сличен симбол со буквата „З“ во коцка.

Извори од армијата велат дека симболот покажува дека војската е спремна за напад.

Извор во Киев за „The Sun“ изјавил дека симболот значи дека последните подготовки се при крај.

Рускиот аналитичар Роб Ли има теорија дека симболот реферира на контингенти на инвазивните сили во украинските региони.

„Изгледа дека руската војска остава маркери близу границата, во овој случај буквата „З“ на нивните возила за да ги идентификува различните работни групи или ешалони“, напиша тој на Твитер.

Други теории кои што кружат онлајн се дека симболот е кратенка од „Одредот на Зоро“, името на инвазивните сили, или пак е тајно име за нова единица.

Дел од мистеријата е и фактот што буквата „З“ е на латиница а не е на кирилична азбука која се користи во Русија и Украина.

Поранешниот офицер Дејвид Кајм смета дека „З“ би можело да го означува името на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Вели дека информацијата ја добил од групата Вагнер, која е брутална паравоена организација која Путин ја користи за црни операции во странство.

Кајм додава и дека некои извори во армијата веруваат дека „З“ означува „нема назад“.

Извор: Сител ТВ

(Видео) „Мамо и тато, ве сакам“ – Емотивно видео на војник од фронтот во Украина

Русија започна инвазија на Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна и потврда на најголемите стравови на Западот.

Руски проектили ги зафатија украинските градови. Украина тврди дека колони војници ја минуваат границата во источните региони Чернихив, Харков и Луганск и дека слетале на бреговите на градовите Одеса и Мариупол на југ.

Жителите на вториот по големина украински град Харков, најблискиот поголем град до украинската граница, велат дека експлозиите ги тресат прозорците на нивните станови, а во градот владее паника.


На социјалните мрежи се прошири видеото на еден украински војник во моментот на рускиот напад. Тој беше снимен како вели: Мамо, тато, ве сакам …

https://twitter.com/90t95/status/1496875501293555712?t=NCagd95o7D53FZ3IVCtyMA&s=19

За влакно избeгната трагедија: Деца во Прилеп ги смениле скретниците на пруга пред да помине воз

Детска игра во Прилеп можела да заврши со фатални последици. Три деца и смениле скретниците на пругата и одзеле предмети кои се користат за сигнализација, а катастрофата била избегната благодарение на навремена реакција на вработен во Македонски железници.

„На 23.02.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп. Тие се сомничат дека во периодот од 16.50 до 17.03 часот на Железничката станица во Прилеп ги промениле скретниците со кои се менува правецот на коловозната линија по која се движи возот и одзеле предмети кои се користат за сигнализација на возовите“, се вели во полицискиот билтен.

Вработен во Железници тоа навреме го забележал и ги вратил елементите во првобитната положба за влез на возот кој се очекувал. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Видео) Руски авиони и хеликоптери го напаѓаат Киев: Уништен центарот за разузнавање на Украина

Социјалните мрежи се преполни со видеа од руски авиони и хеликоптери кој го напаѓаат главниот град на Украина.

Неофицијално целосно е уништено седиштето на украинското разузнавање во Киев.

Во близина на Киев е забележана и неидентификува воена машинерија, само откако беа објавени снимки дека руски извидници и авијација се наоѓаат на 20 километри од главниот град Киев.

Според неофицијалните информации вториот по големина град во Украина, Харков веќе е освоен од страна на руските трупи, а Украина објавува дека досега се срушени 7 руски авиони од страна на противвоздушната одбрана.

На видеата се гледаат голем број хеликоптери и авиони кои наводно приѓаат на руската армија.

Погледнете:

https://twitter.com/spectatorindex/status/1496811298872786945?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496811298872786945%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d180d183d181d0bad0b8-d0b0d0b2d0b8d0bed0bdd0b8-d0b8-d185d0b5d0bbd0b8d0bad0bed0bfd182d0b5d180d0b8-d0b3d0be-d0bdd0b0%2F

https://infomax.mk/wp-content/uploads/2022/02/video_2022-02-24_13-11-32.mp4?_=5

Сведоштво на струмичанец во Украина: Се слушаат само сирени, ноќеска може да биде поопасно

Македонец кој живее на околу 23 километри од Киев, Украина во изјава за Алфа открива каква е состојбата во земјата.

Вели дека утринава останале без леб, пред продавниците има гужви.

„Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23 км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме…купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно.“

Истакнува дека не очекуваат толкава ескалација на состојбата, но се надева на смирување на огнот.

Целото сведоштво во видеото во продолжение.

https://video.fskp1-2.fna.fbcdn.net/v/t42.1790-2/274508846_1296051197571151_5270473970367560875_n.mp4?_nc_cat=104&ccb=1-5&_nc_sid=985c63&efg=eyJybHIiOjMyOSwicmxhIjo2MjksInZlbmNvZGVfdGFnIjoic3ZlX3NkIn0%3D&_nc_ohc=w0-LbPoqShYAX9LTQzZ&rl=329&vabr=183&_nc_ht=video.fskp1-2.fna&edm=AGo2L-IEAAAA&oh=00_AT_n8Qkl-MeKMeNhdyLgLpPW-Xx8yE4L0yh9nbMjXz43FQ&oe=6217BBF7

(Видео) Тpaopна снимка од Украина: Девојче се збогува со таткото кој оди на фронт

Потресно видео од Украина вирално се шири по социјалните мрежи во Украина на кое се гледа татко кој се збогува со своето семејство.

На видеото се гледа млад човек кој се поздравува со својата сопруга и својата ќерка.

Неговата фамилија ќе се евакуира на безбедно, а тој оди да се бори против руската армија која рано утринава ја нападна Украина.