Петков го исече Ковачевски од фотографијата со Блинкен

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски објави фотографија од средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и бугарскиот премиер Кирил Петков. Фотографијата е направена за време на говорот на американскиот потпретседател Камала Харис на конференцијата за безбедност во Минхен. Неколку часа подоцна, премиерот на Бугарија, Кирил Петков ја објави истата фотографија со Блинкен на својот Фејсбук профил, но го исече Ковачевски, јави БГНЕС.

„Борбата против корумпираните зависи и ќе се случи главно самостојно, но во оваа битка се вклучени и нашите партнери. Елиминирањето на корупцијата е врвен приоритет за целата демократска заедница и безбедносните служби. Ќе работиме заедно за да се справиме со овој проблем! Ако успееме да го направиме тоа, веднаш ќе следат инвестиции и нови високо платени работни места!“, напиша Петков како наслов на својата објава на социјалната мрежа, на која покрај исечената фотографија со Блинкен, има и слики од Борис Џонсон и Емануел Макрон.

Македонскиот премиер Ковачевски, од своја страна, истакна дека за време на срдечната средба, американскиот државен секретар изразил целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја споделил неговата искрена желба двете земји да се видат заедно во ЕУ.

„Го делиме ставот дека заедно сме посилни како НАТО сојузници. САД остануваат наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“, рече Ковачевски.

Властите во Вашингтон се уште не соопштуваат ништо за оваа средба. Исто така, не е јасно дали ова е случајна средба (pull-aside) каде што политичарите учествуваат заедно на настан и накратко се среќаваат за да разменат неколку зборови, пишува Локално.

Ситуацијата eскалира: Aрмијата на ДНР ја yништи позицијата од која беа зacтpeлaни цивили, доброволци од Крим пристигнаа во Донбас

Ситуацијата во Донбас не се смирува веќе трет ден. Гранатирањето на украинската армија предизвика големи штети на цивилната инфраструктура на Доњецката и Луганската народна република, поради што овие самопрогласени републики на 18 февруари најавија евакуација на населението во Русија и прогласија општа мобилизација.

Украинските сили го гранатираат селото Трудовски во самопрогласената Доњецка Народна Република, изјави лидерот на Доњецк.

Русија не планира да ја нападне Украина, потсети рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов. Tој додаде дека Русија го смета Донбас за дел од Украина.
„Русија јавно изјави дека е подготвена да продолжи со дипломатските напори за решавање на сите постоечки прашања. Руските трупи се на суверена руска територија. Никому не се закануваме“, нагласи амбасадорот.


Русија не го гледа НАТО како „мирна невладина организација“, туку како воена машина и се обидува да го спречи неговото ширење, рече Антонов во интервју за американската телевизија „Си-Би-Ес“.
„Сакаме САД да ги повлечат своите војници, оружјето од овие земји, бидејќи тоа е нашиот живот, тоа се гаранции за нашата безбедност за нашиот народ“, заклучи Антонов.


Група доброволци од Крим пристигнаа во Донбас. Групата е предводена од координаторот на Комитетот за интеграција на Русија и Донбас, Андреј Козенко и атаманот на Црноморската козачка армија, Антон Сироткин.


Козенко смета дека Вашингтон е првенствено заинтересиран за ескалација во Донбас. Тој исто така спомна дека еден повик од американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го принуди Зеленски да ги почитува договорите од Минск.

Бил Гејтс предупредува: Короната слабее, но светот го чека нова пандемија

Мултимилионерот Бил Гејтс на конференцијата во Минхен предупреди дека светот чека нова пандемија по коронавирусот.

Како што напомена, таа епидемија ќе биде предизвикана од патоген од семејството на коронавирус. Гејтс смета дека ризикот од коронавирус е драстично намален поради фактот што голем број луѓе се имуни и поради тоа што се појавил сојот омикрон, чии симптоми на инфекција се поблаги.

Гејтс процени дека со напредокот на медицинската технологија, светот може полесно да се бори со пандемијата. За да се случи тоа, тој повика на повеќе инвестиции во медицинските истражувања.

Тој додаде дека луѓето во голем број земји стекнале имунитет по природен пат, а не со вакцинација, и заклучи дека во случај на следната пандемија, вакцините ќе треба да се дистрибуираат за шест месеци, а не за две години.

Целта на Светската здравствена организација (СЗО) до средината на оваа година да вакцинира 70 отсто од светското население не е постигната.

Се ожени cинот на екc пpeтceдателот Иванов: Иван и Јана стапиja во бpaк (Фото)

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се ожени. Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија.

Судејќи по фотографиите, венчавката била во потесен круг на роднини и пријатели, а среќата на новиот брачен пар е повеќе од забележлива.

На една од објавените фотографии на Инстаграм стори кај младоженецот Иван се примети еден мал детал, односно стомакот на невестата Јана. Дали новопечениот млад брачен пар очекува принова останува да дознаеме понатаму.

На Иван и Јана им честитаме за стапувањето во брак и им посакуваме вечна љубов и слога.

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВЕЧЕРВА ВО БАТИНЦИ – автомобил целосно смачкан откако се судри со автобус

Автобус и автомобил се судрија доцна вечерва на влезот од село Батинци, скопско, јавува репортерот на ТВ21.

Според првичните информации предизвиката е само материјална штета и за среќа нема повредени ниту жртви во несреќата.

Голем број на жители се наоѓаат на лице место, а брзо пристигнала и брзата помош.

Автомобилот кој се уште се наоѓа на лице место, е речиси целосно уништен.

МНР: Македонските државјани ИТНО ДА ЈА НАПУШТАТ УКРАИНА поради можност од воена ескалација

Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, упатуваме посебен апел до нашите државјни кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, итно да ја напуштат земјата поради можност од воена ескалација, порачуваат од МНР.

Тие ги повикуваат  сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата.

МНР ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.

– Потсетуваме и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Македонија во Киев, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

(ВИДЕО) Се степаа украински новинар и политичар

Украинскиот новинар Јури Бутусов и членот на Платформа за живот Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата „Слобода на говорот“ на Савик Шустер.

Тепачката избила кога Шуфрич истакнал дека „Платформата за живот“ е втората најсилна во парламентот, а народот на Украина ја поддржува неговата страна, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници, по што тој ги обвини за ширење на руската пропаганда во Украина.

Шустер се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека судот треба да одлучи дали некој е предавник.

Само неколку моменти подоцна Бутусов притрча до Шуфрич и го удри во лицето, по што изби тепачката.

Кога ситуацијата малку се смири, Шуфрич го напушти студиото на неколку минути, за да се врати и да му каже на својот ривал дека е обичен провокатор, а и дека се „гребе како девојче“.

УБИEH украински вojник, општа мобилизација на прoруcките сепаратисти

Ситуацијата во источна Украина се заострува. Водачите на бунтовниците во Доњецк и Луганск се подготвуваат за војна. Украински војник е убиен од страна на проруските сепаратисти. Цивилите продолжуваат да се евакуираат.

Еден украински војник загина во судирите со проруските сепаратисти, кои ги поддржува Москва на истокот на земјата, соопшти денеска украинската војска.

„Во гранатирањето од страна на сепаратистите смртно настрада еден украински војник од експлозија на граната“, соопшти воената команда за истокот на Украина.

Украинските вооружени сили и проруските сепаратисти денеска взаемно се обвинуваат за тешки прекршувања на примирјето на истокот на Украина.

Украинската војска пријави дека до 7 часот утрината 66 пати бил разменет артилериски оган во близина на градовите на линијата на фронтот, со калибири 82 и 110 милиметри, што е особено висок број. Најмалку еден војник загинал во гранатирањето.

Украинската војска наведе дека ја контролира ситуацијата и оти „ја продолжува мисијата да ги поттисне вооружените агресии на Русија“.

Општа мобилизација на проруските бунтовници

Москва негира дека е вмешана во овој конфликт и вели дека се работи за внатрешни прашања на Украина, меѓутоа Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) редовно јавува, во последните 8 години од кога трае овој конфликт, дека кон сепаратискичките области преминува оружје од Русија.

Сепаратистите во регионот Доњецк и Луганск, кои го обвинуваат Киев дека сака да ја поврати оваа област под своја контрола, оцениле оти ситуацијата е критична и прогласија општа мобилизација.

Лидерот на сепаратистите во Доњецк, Денис Пушилин, во видео порака објави дека потпишал соодветен декет. Пушилин ги повика резервистите „да дојдат во канцелариите за воена регистрација“. Бунтовничкиот водач на Луганск, Леонид Пашечник, исто така потпишал соодветен документ.

Набљудувачите од ОБСЕ денеска јавија оти констатирале „спектакуларно зголемување“ на кршење на примирјето во оваа област и дека во петокот имало вкупно 870.

Во меѓувреме пак продолжуваат евакуациите на градовите и на населените места во регионите Луганск и Доњецк, кои започнаа во петокот. Според сепаратистите во Доњецк, повеќе од 6.000 луѓе се веќе евакуирани, меѓу кои 2.400 деца. Луѓето ќе бидат сместени во јужниот руски регион Ростов.

Извор: Дојче Веле

Дење се бори да ги прехрани децата, ноќе ги пази да не им падне кровот врз глава: Семејство од прилепско моли итно за помош (Видео)

Јасмина Петровска имала судбина да биде и жена и маж во куќата.

Иако има само 46 години, надворешниот изглед го издава нејзиниот ма чен живот, пропадната истрошена. Оваа тажна мајка не знае дали повеќе да се плаши од болecтите на нејзините деца или трошниот дом.

Чиниш и тој го оплакува нивниот тежок живот. Тешко ги минуваат деновите, а уште потешко и ноќите, тогаш е најтешко. Сите стуткани во два стари истрошени кревети се дотоплуваат со шишиња топла вода за да не измрзнат до утрото.

Но, Јасмина не можи око да склопи и го чува сонот на најмилите и ги пази во случај нешто да не падне од дотраениот дом и да ги спаси.

Јасмина пред дваесетина години можеби не сонувала за раскошен, но сонувала за мирен и стабилен живот. За жал, Бог ќе и зададе тешки удapи уште додека е многу млада.

Можеби ќе и ја испрати љубовта на животот, но ќе и ја одземе среќата да се радува на здрава рожба. Можеби ќе и дарува семејство, но нема да ја научи како да преживее кога сите во домот се бо лни освен неа.

А домот во кој живее е толку стар и дотраен, што ја прелева чашата преполна грижи, зашто им се заканвyа во секој момент да ги поклопи.

„Ставаме кебиња на вратата и прозорците навечер за да се стоплиме. Имаме две соби во кои живееме колку толку, другите се отидени. Со години, со децении се бањаме во едно старо искpшено корито. Тешко е многу и жално за децата. Куќата во секој момент може да не поклопи, пред некој ден таванот падна.

Јас и ова детево големо што е Даниел си лежиме на еден кревет. Другите две спијат под прозорот. На сопругот му топлам по три шишиња вода и ги ставам во кебиња за да се згрее.

Едвај купив кубик-два дрва. И, тие се при крај. Кога ќе ја поминеме зимава, еден Господ знае-тажно раскажува Јасмина, за нивното секојдневие.

„Се плашам за животот на децата и за нас, нема излез. Јас сонувам за две собчиња и едно купатило. Да имаме кров на глава.“ вели таткото Златко.

„Сите тројца ми се родија со попреченост. Ивица се роди како здраво дете, но, до една година што му се случи, не знам. Денес, ниту зборува, ниту е способен сам да се грижи за себе“ вели мајката Јасмина.

Веројатно во дел од нивната здравствена и ментална состојба, прсти замешала сиромаштијата. Немала како да ги лекува и образува. И, тука се јавува апсурдот. Јасмина е силна за себе, но, немоќна е да ги заштити децата на кои им се заканува да бидат затрупани од ѕидовите, кои им се единствен сведок на нивното тешко секојдневие

„Другите деца ми се со полесна попреченост. Барем се движат и колку толку разбираат – вели за судбината оваа мајка за емисијата „Срце на дланка“.

„Јас сум и маж и жена во куќата, со три деца со посебни потреби и сопруг инвалид. Со синот Ивица 21 година сум цело време со пелени, се трудам за него. Ме боли душата за сите три деца. Брзата помош не сакаше да дојде, за да го однесам Ивица во болница морав да платам 1000 денари такси за до Прилеп, 500 одење и 500 враќање.

И да сакам да работам нема кој да ми ги чува децата. Кој ќе го пресоблекува, кој ќе го храни, апчиња наутро и навечер. Но и покрај се и цела ситуација во која се наоѓам не сум дозволила ниту едно дете да ми гладува. Јас ќе трпам, но тие нема. Лукче, кромтиче садиме, како и компирчиња, колку да имаме да се прехраниме.

Ноќе не можам да спијам без 2, 3 диазепам, се грижам да не панде кровот и да ги потисне децата. Ако почне да паѓа ако еден е буден ќе ги разбуди и другите и ќе бегаат и тие. Мора да сум будна да стражарам.

Да имам услови, да имам куќа се ќе ми грее во душата. Но немаме услови, немаме пари. За што попрво, за леб, за лекови.

„Помагам на мама и тато што треба околу домот, дрва. Но, сакам работа во Прилеп, можам да работам местење на врати, прозори. Сакам работа, досега немам работено, но сакам и да и помогнам на мајка ми“, вели синот Даниле.

– Имав една крава и едно теле. Од нив ги хранев децата, бидејќи живееме со една нега и ин валидска пензија од сопругот која е многу мала. Мислев со парите од кравата, ќе купам цигли и ќе почнеме да градиме. Но, не сме моќни. Моравме да побараме помош од народот.

Не барам многу,само две соби и тоалет. Зашто не можам децата да ги кревам и да ги бањам во корито. И јас веќе стареам. Целиот живот живеам со тежина.

Две соби ќе ми ја вратат вербата во животот. Тие за мене ќе бидат палата. Ќе направам,прашинка да не падне во нив. Куќата ќе ми грее. Ќе ми грее и во душата-со надеж и веќе подотворени очи, чиниш веќе ги гледа изградени собите пред себе, зборува Јасмина.

Сите што сакате да му помогнете на ова несреќно семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 077/690349 или на следната жиро-сметка: 300027056380756 Комерцијална Банка

Путин: “Ситуацијата во источна Украина се влошува”

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ситуацијата во источна Украина се влошува, во момент кога Западот го обвинува дека планира неизбежен напад врз таа држава.

– Моментно се забележува влошување на ситуацијата во источна Украина, истакна Путин на прес-конференција со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Москва.

Русија одржа масовни воени вежби во близина на границите на Украина во последните неколку недели. Но, Путин, кој побара ветувања од Западот дека НАТО нема да се прошири кон исток, рече дека вежбите, во кои учествуваат десетици илјади војници, не претставуваат закана.

– Овие вежби имаат чисто одбранбен карактер и не се закана за никого, нагласи рускиот лидер.

Тој додаде дека Западот и неговите сојузници „се уште не се склони сериозно да гледаат на овие клучни безбедносни барања”. Русија оваа недела побара од САД да се обврзат да ги повлечат сите свои војници од Централна и Источна Европа