Масовна евакуација на населението од Донбас и Луганск, одат кон Русија (ВИДЕО)

Два часа откако лидерот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин најави дека ќе следи масовна евакуација на цивили и од Донбас и од Луганск, тоа се случи.

Имено, според снимките кои се појавуваат на социјалните мрежи, собрани се првите организирани деца, кои се собрале пред училиштата, а исто така колони патнички автомобили тргнале на пат кон Русија, односно Ростов на Дон,објави ТАСС.

Според властите во Донбас, евакуацијата се однесува на деца, жени и стари лица, како и на оние чиј престој не е потребен. Евакуацијата не се однесува на оние вработени чие присуство е неопходно за функционирање на градската инфраструктура и служби, како и за оние кои имаат оружје и активно се вклучени во одбраната.

Од друга страна, во Украина и на Запад, лидерите на ДНР и ЛНР оваа одлука ја опишуваат како „операција под лажно знаме“, односно дека Москва си создава алиби вечерва да ја нападне Украина, бидејќи хуманитарната катастрофа на населението на двете непризнаени области ќе биде причина за руската инвазија.

Вистински љубовни партнери: Направиле огромна сметка за Свети Валентин, па ја “киднале” без да платат

Заљубен пар направил огромна сметка за раскошен оброк на Денот на вљубните, но одлучиле да си заминат без да платат.

Денот на вљубените е навистина многу важен за Британците, па голем дел од нив се одлучуваат да им посветат посебно внимание на саканите личности. Колку и да е висока цената, Свети Валентин се празнува само еднаш во годината, па тие трошат повеќе од вообичаено.

Сепак, сите не го делат ова мислење. Имено, заљубен пар во Стоксли, Северен Јоркшир, се одлучиле да го напуштат ресторанот пред да ја добијат високата сметка. Нивниот оброк се состоел од стек, јастог и голем број на скапи вина.

Во обид да ги принуди љубовниците да платат, познатиот паб “The Mill” испрати јавна порака во која тврди дека нивните CCTV камери ги фатиле на дело.

(ФОТО) Мајка со бебе падна во Вардар, ги спасија неколку млади момчиња

Вчера мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, дознава Алсат.

Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат.  Количката останала во реката.

Соопштено е дека и мајката и детето се добро и без сериозни повреди.

(Видео) Еврејската група која се наоѓа во Скопје: Не ни даваат да се движиме, нè чуваат под контрола, не ни даваат да зборуваме со медиумите

Нè држат во хотел како еден вид на гето, каде што правилата ги носат полицајците. Има секакви видови полициски групи, добиваме секакви пораки, наредби, како на пример на улица можеме да излеземе само кога е неопходно, а тоа може да го сторат жените, но не и мажите, велат од Лев Тахор за ТВ 24, притоа додаваат дека имаат притисок од сите страни, но најмногу од полицијата.

Од групата додаваат дека при секое напуштање на хотелот тие мора да се пријават, заради која причина, каде ќе оди, а исто така да се даде и бројот на пасошот.


– Не смееме да се среќаваме со надворешни лица, особено не со медиумите и не смееме во хотелот луѓе од медиумите да зборуваат со нас. Исто така не смееме да шетаме во лобито и да дозволиме другите луѓе да не гледаат. Можеме само да бидеме во собите и во ресторанскиот дел, но ништо повеќе – сведочат од оваа група која привлече големо внимание со своето пристигнување во Македонија.

Хотелот им е веќе прескап да го плаќаат, бараат куќа за да можат да се сместат со семејствата, но сите каде што ќе се јават ги одбиваат со извинување дека не можат да им издадат сместување поради притисоци.

– Каде и да се јавиме да изнајмиме куќа или стан им пристапува полицијата и ги прашува дали се спремни да нè прифатат, им поставуваат секакви услови и поради тоа се откажуваат да нè примат кај нив, што е многу разбирливо, исто како во куќата во Куманово. Секаде околу нас имаше полиција со ротациски светла и нè превезуваа како да сме приведени – вели претставничката на Лев Тахор.

Таа додава дека нормално е дека сопствениците на хотели не сакале да ги примат, затоа што полицијата секаде одела со нив и кога ќе ја виделе полицијата не прифаќале да ги примат, затоа што изгледале како да се приведени.

– Ако треба да нè приведат, тогаш е логично да бидеме приведени. Ако не треба да бидеме приведени, зошто нè држат како да сме приведени? Имаме право да останеме 90 дена во земјата, но полицијата ни кажа дека го имаме тоа право, но под строга контрола. Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола – сведочат од групата.

Групата од 38 члена, беше сместена во Куманово во неколку куќи но поради притисоците од јавноста мораа да го напуштат сместувањето. Пред нивните куќи секојдневно се собираа граѓани, но ситуацијата ескалираше кога кон куќата беше фрлено со јајца и им беше откорната влезната врата.

Од Куманово со автобус и полиција беа спроведени во неколку хотели каде одбиваа да ги примат, сè додека се сместија во хотел во Скопје, што полицијата не го открива поради нивна безбедност.

Maкедонец го насмеа целиот регион со одговорот за српска телевизја за цената на гopивата кај нас (Видео)

Македонија до неодамна имаше најевтино гориво во регионот, но не веќе така. Цените на горивата секоја недела се зголемуваат се повеќе и повеќе, вака го најавува прилогот презентерот на вестите на првата српска Tелевизија 1.

Во прилогот снимен во Куманово беше интервјуиран и еден македонски граѓанин кој буквално стана хит во соседна Србија.

-Јас ставам за 500 денари па колку иде иде, не можат да го поскапат толку многу колку што ние можеме да ги гураме колите, порача кумановецот.

Иако оваа изјава е трагикомична сепак ситуацијата е повеќе од жална бидејќи оваа ненародна власт од ден на ден го носи народот на просјачки стап.

Израел ги укинува ковид сертификатите

Зелениот сертификат го поседуваа лица кои неодамна закрепнале од вирусот или се вакцинирани со три дози од вакцината, со што тие можеа да влезат во затворени простори и да учествуваат на големи собири.


Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска најави дека ќе се укине зелениот сертификат, бидејќи бројката на нови заразени на дневна основа продолжува да се намалува.

По средбата со здравствените власти, Бенет изјави дека бранот на омикрон во земјата е „прекинат“, и дека претстои дополнително укинување на епидемиолошките мерки во земјата.

Зелениот сертификат го поседуваа лица кои неодамна закрепнале од вирусот или се вакцинирани со три дози од вакцината, со што тие можеа да влезат во затворени простори и да учествуваат на големи собири.

Како што се наведува, иако бројот на нови заразени е сè уште висок, израелското Министерство за здравство известува за постојан пад на сериозните случаи на ковид-19 од пикот на омикрон што беше во земјата на почетокот на февруари.

Од почетокот на имунизацијата во земјата, околу 48 отсто од 9,4 милиони луѓе примиле три дози од вакцината „Фајзер“, а повеќе од 72 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, најмалку 9 710 луѓе починаа во Израел како последица на инфекцијата.

20 години во Арачиново не се наплаќа данок на имот

Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот. Од 1996 година 6 градоначалници ја воделе ова општина и досега никој не успеал да воведе софтер за наплата на данокот.

Градоначалниците со кои контактирале „Алсат“, изјавиле дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.

Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

Тажен ден за љубителите на Порше: Се запали брод кој во себе носи илјадници Поршеа

22 членови на екипажот беа спасени од големиот товарен брод „Фелисити Ејс“ во средата, откако тој даде сигнал за помош кога избувна пожар на бродот, во кој се превезуваа 4.000 возила, меѓу кои и Порше и Фолксваген.

Во соопштението објавено од португалската морнарица се потврди дека операцијата за спасување била преземена како одговор на предупредувањето од бродот под знамето на Панама.

Патролниот брод NRP Setubal на португалската морнарица, четири трговски бродови во областа и средствата на португалските воздухопловни сили беа активирани за да се обезбеди поддршка и да се донесе екипажот на безбедно.

Бродот, долг 650 стапки, патувал од Емден во Германија до Дејвисвил во САД кога избувнал пожар во близина на островот Фајал на Азорите.

И Порше и Фолксваген издадоа соопштенија како одговор на ситуацијата.

„Нашите непосредни мисли се на 22-та посада на трговскиот брод Фелисити Ејс, за кои разбираме дека сите се безбедни и здрави како резултат на нивното спасување од страна на португалската морнарица по извештаите за пожар на бродот“, рече портпаролот на Порше.

Во соопштението на Фолксваген се вели: „Свесни сме за инцидент денес во кој беше вклучен товарен брод кој превезува возила од групацијата Фолксваген преку Атлантикот. Засега немаме информации за повредени. Работиме со локалните власти и бродската компанија за да ги истражиме причините за инцидентот“.

ФОТО: Пронајдено чудно суштество во океанските длабочини, еве што велат научниците за „дух ајкула“

Научници од Нов Зеланд пронашле ретко младенче „дух ајкула“, малку познат вид риба која живее во длабочините на океаните.

„Дух ајкула“ ретко се забележува, а средбата со младенчето е уште поретка појава.

Научниците велат дека ова откритие ги појаснува анализите за најмладиот стадиум на овој вид. Доктор Брит Финучи изјавила дека оваа риба ја пронашле случајно додека ја истражувале подводната популација.

-Длабоководните видови тешко е да се пронајдат, особено оние како „дух ајкулата“ и се прилично мистериозно, истакнала таа на Би-Би-Си.

„Дух ајкулата“ не е вистинска ајкула, туку вид риба која е блиско поврзана со ајкулите и ражите.

Џамбаски се правда за нацистичкиот поздрав: Тоа беше невино мавтање

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, тврди дека неговиот вчерашен нацистички поздрав во Европскиот парламент бил само невино мавтање.

„Фактот што некој не се согласува со вас не значи дека е нацист. Се извинувам ако моето невино мавтање навреди некого“, се огласи на Твитер Џамбаски по скандалот, пренесе СДК.

Џамбаски предизвика скандал на вчерашната седница на европарламентот, откако на заминување од пленарната сала, качувајќи се по скалите направи нацистички поздрав. На седницата се расправаше за владеење на правото во Полска и Унгарија, а тој застана во одбрана на владејачките партии во двете земји, Закон и правда и Фидес и нивните основачи Качински и Орбан.

Францускиот државен секретар за европски прашања, кој беше присутен во пленарната сала на европарламентот во Стразбур, го нарече гестот на Џамбаски „скандалозен и шокантен“.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола рече дека „фашистички поздрав во Европскиот парламент е недозволив, секогаш и секаде“.

„Ме навредува мене и сите во Европа“, додаде таа.