Од утре генерален штрајк на СОНК, нема враќање на учениците во школските клупи ако нема договор со Владата

СОНК (Самостојниот синдикат за образование, наука и култура) на денешната прес-конференција најави продолжување на генералениот штрајк на своето членство во градинките, основното и средното образование поради нивните барања за усогласување на платите во просветниот сектор со минималната плата.

„До овој момент немаме вземен договор со ресорните министри околу нашите барања, очекуваме потврда за средба во попладневните часови, но конкретни информации засега нема ништо. Нашето очекување е дека во интерес на децата во училиштата и колегите кои штрајкуваат, Владата ќе изнајде сили да направи напори да ги усогласи нашите побарувања на СОНК во однос на усогласување на минималната плата на национално ниво. И секако очекуваме договор на динамика за усогласување на платите во образованието во текот на оваа година и годините што ќе следат“ изјави претеседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска во своето обраќање до јавноста.

Неделков додаде дека засега останува штрајкот на просветните работници во сила, појаснувајќи дека денес попладне и утре јавноста ќе биде информирана за напредокот на разговорите со Владата.

Боженствена слика од Стара црква во Прилеп: Илјадници верници на едно место (ДРОН ВИДЕО)

Илјадници верници на полноќ во саботата ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение во дворовите на црковните храмови во Прилеп.

Видеото во продолжние е од црквата Св. Благовештение (Стара црква) и е дело на Андреј Ристески.

Една боженствена слика која ќе ви го исполни срцето.

Markukule.mk

(Видео) Македонија се појави на „Хистори каналот“: Канда и „Космичкото јајце“ е мистерија за светските научници

Локалитетот Канда кој се наоѓа на рид во Свети Николе, е вистинско македонско космичко јајце. Во познатиот документарен серијал „Антички Вонземјани“ се вели дека симболот-стрелка во форма на буквата „М“ е насочен кон соѕвездието Касиопеја, познатата божица. Истовремено, научниците веруваат дека симболот го претставува богот Себ кој е дете на космичката Мајка и Татко.

Се работи за геоглиф со димензии од околу 85 на 45 метри, кој датира негде од 10.500 година пред нашата ера. Го поврзуваат со древната Пајонија, но и со ведските митови за постанокот. Археоакустичните мерења докажуваат дека формата е направена од вештачки, човечки фактор, а не од самата природа.

Многу прашања остануваат неодговорени во Канда, но едно е сигурно. Јајцето како симбол за почеток на универзумот се јавува во скоро сите култури и пантеони низ светот.

СДСМ: Парите се кај граѓаните

Во време на најголема економска и енергетска криза, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира кризата и успеа да ги ублажи последиците, тврдат од партијата, додавајќи дека со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го заштитиле стандардот на граѓаните и спречиле ценовен шок.

Ја стабилизираме цената на струјата, со помош на субвенционирање од страна на Владата, граѓаните плаќаат најниска цена на енергијата во регионот.

Цените ги одржуваме стабилни. Нема никаков застој во снабдувањата со храна, со гориво, гас, греење…

Финансиски ги поддржуваме и ранливите граѓани.

Ја покачивме минималната плата, двојно од времето на ВМРО-ДПМНЕ, на 18.000 денари.

Ги покачивме рекордно пензиите и воведовме дополнителна помош за секој пензионер.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2022 година, изнесува 29.839 денари. Тоа е покачување за околу 7.000 денари повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22.000 денари.

Платите во образованието ги покачивме за 21% и повторно разговараме за нови покачувања на платите, во образованието но и во други сектори.

Со СДСМ граѓаните се сигурно, наместо за споменици, парите завршуваат назад кај граѓаните, велат од партијата.

96 годишна баба побегнала од Украина: Не ме убија ни Хитлер ни Сталин, ќе го преживеам и Путин

Пред два месеци, на 24 февруари, започна руската инвазија на Украина. Иако е неизвесно колку долго ќе трае, Украинците немаат намера да се предадат. Една од нив е и деведесет и шестгодишна баба која била во кампот во исто време со Ана Франк, а вети дека ќе го преживее и Путин.

Анастасија Гулеј морала да избега од Украина откако земјата била нападната од руските војници. Четири месеци била затвореничка во логорот Берген-Белзен на северот на Германија, а била и во Аушвиц во исто време со познатата Евреинка Ана Франк, пишува британски „Метро“.

„Не ме убија ни Хитлер, ни Сталин и ќе го преживеам и Путин“, изјавила Анастасија, која работи и на својата биографија.

Бабата која го преживеала холокаустот ги спореди потезите на Путин во Украина со нацистите, а на почетокот на месецов по повод 77-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Берген-Белсен, злосторствата на Путин ги нарече „геноцидни“.

„Немам зборови за тоа што хитлеровите послушници од Кремљ го направија во Буча и Мариупол“, вели таа.

За да биде безбедна, бабата решила да побегне во Германија со своите возрасни деца, бидејќи нејзината куќа се наоѓала во близина на аеродромот, што бил една од воените цели за руските ракети.

Нејзината биографија требало да биде објавена минатиот месец, но тоа е одложена за да биде вклучено и дополнителното ново поглавје за нејзиното бегство од Украина.

Возач на БМВ ги напна скопјани, си се “прошета” фраерот низ Камени мост

На социјалната мрежа Твитер викендов масовно се споделуваат фотографии од гостиварец кој со своето возило минува по Камен мост во центарот на Скопје.

Ваквиот негов потег наиде на негодување на скопјани, кои, според објавите, очекуваат Министерството за внатрешни работи (МВР) да реагира и да го пронајде возачот врз основа на регистарските таблици на возилото.

Православните верници го слават Велигден- Христос воскресна, навистина воскресна!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

По две години со ковид-рестрикции, годинава на велигденските богослужби можеше да се присуствува без никакви ограничувања.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан служеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски”- Скопје каде што по Полуноќницата и опходот околу храмот го објави Христовото воскресение, а потоа беа отслужени Утрената и Света Златоустова литургија.

Поглаварот на МПЦ-ОА и денеска на првиот ден од Воскрсението Христово – Велигден, во 9:00 часот ќе богослужи Воскресна литургија во Соборниот храм. Во 11:00 часот ќе се слави Второ Воскресение, со читање на Евангелието на повеќе јазици – Едноцрквие.

Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.

Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!

Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението. Оваа практика и до ден-денес е запазена во Светото послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Христовото вознесение, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.

Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв.

Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

Според Светото предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.

Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос воскресе.

Потоа му раскажала за сè што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.

Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос воскресе – вистина воскресе!

Toj ни ја подари и ја почитува нашата слободна волја, можноста во слобода да Го избереме и да извикаме кон Него

„За да се отвори вратата за пасхалното просвештение има еден клуч: нашата добра волја. Самите треба да посакаме. Како разбојникот на крстот кој посакал да биде со Христа. Иако во ужасната драма на Голгота тој бил праведно осуден, заедно со другиот разбојник од левата страна, сепак, во сиот тој страотен метеж и агонија, постапил благоразумно, богољубиво, го пронашол вистинскиот пат. Го познал Христа, распнатиот до него, Го исповедал како Бог и побарал живот вечен.

Мили мои, во метежот во кој денес се наоѓаме, обиколени од лажните надежи и залудните конформистички трки, да Го побараме, подобно на разбојникот, Христа распнатиот и воскреснатиот и да Му повикаме: ‘Спомни си за мене, Христе, во Царството Твое.

Просветли ме и благослови ме!’ И Тој нема да нè остави, бидејќи е Бог Кој доброволно избра да пострада за нас, да биде распнат и да воскресне. Тој не е тиранин што сака да владее над нас со сила. Самиот ни ја подарил и ја почитува нашата слободна волја, можноста во слобода да Го избереме и да извикаме кон Него: ‘Те љубам Христе, дојди во моето срце и просветли ме!’“
† Старец и Епископ г. Партениј Бигорски

Народни обичаи за среќа и љубов: Еве што треба да направите вечерва

Православните верници утре го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција.

Старите верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно- градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот.

Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје.

Младите жени кои се уште не добиле понуда за брак, треба да ги кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!

Се смета дека на Велигден се остваруваат сите љубовни верувања. Ако си го удрите лактот некаде, поранешниот се уште Ви е омилен и не може да го заборавите и тој ќе направи сè за да ве врати.

Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов.

Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом.

Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна! А, одговорот е Навистина воскресна!

Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела.

Дури и да не сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.

Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Воскресението Христово на полноќ e објавено во сите храмови на Македонската православна црква.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв.

Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.

Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе.

Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.

Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе – Вистина Воскресе!