Не сакал да ја врати корпата со која пазарел, па добил ќотек од вработен во маркет

На 22.04.2022 во 15.45 часот К.П.(81) од Скопје, пријавил дека на 21.04.2022 околу 15.15 часот на подрачјето на Карпош откако излегол од маркет двајца од вработените му рекле да ја врати корпата која што ја носел со себе, а кога пријавителот рекол дека сака да ги однесе продуктите до неговиот дом бидејки живеел блиску едниот од нив физички го нападнал, соопшти МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

„Никогаш не знаеме кој ни е последниот ден“: Ова е загинатата девојка по земјотресот во Бих, претходно цел ден била на молитва (ФОТО)

Една девојка загина во синоќешниот земјотрес во Бих кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Столац, Босна и Херцеговина.

Таа била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба и докторите не можеле да и го спасат животот. Нејзините родители биле полесно повредени.

Станува збор за 27 годишната Елмира Сефо од која вчера доцна вечерва започнаа да се простуваат многу пријатели и познаници преку социјалните мрежи.

-Никогаш не знаеме кој ни е нашиот последен ден, затоа секој ден живејте го како последен. Многумина погрешно ги сфаќаат овие зборови. Живеј секој ден така што си подготвен да му се вратиш на господ, е една од пораките на Фејсбук.

Друг корисник напиша дека таа вчера била на молитва во џамија и откако се вратила се случила трагедијата…

По 5 дена „хакнатиот“ сајт на Бирото за јавни набавки во функција, но набавките се уште во застој

Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на ЕСЈН е целосно надминат, известија од Бирото за јавни набавки и тврдат дека интегритетот на системот не е загрозен.

Проблемот за кој нема подетално објаснување дали станува збор за хакерски напад или друг вид на информатички проблем, предизвика одложување на многу тендерски постапки. Тој застој во јавните набавки ќе потрае до првиот работен ден после Велигден.

-Од денес, овозможен е пристап до сите податоци кои беа на располагање на јавната страна. Очекуваме од вторник, системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби. Во моментот се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, поради што е оневозможено најавување на ЕСЈН. Наредните денови очекуваме целосно нормализирање на сите функции на системот, соопштија од БЈН.

Системот падна минатиот викенд и цела работна недела не можеше да се вршат јавни набавки, што предизвика особен проблем при интервентните јавни набавки.

Петков: Нема да го укинеме, туку ќе го „поместиме“ ветото за Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека никогаш не сметал дека треба да се укине ветото за Македонија за ЕУ, туку дека требало – да се помести

„Промената на уставот (во Македонија -н.з.)нмора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас, изјави за Нова ТВ Петков.

Тој посочи дека во 2020 година бугарската влада гласаше за „пуштање“ на Македонија во Европа, но во моментов сме една од ретките земји што може да си го дозволи тоа (…)

Според него важно прашање се правата на Бугарите во Македонија. Доколку се загарантирани со амандман на Уставот и се дел од пакетот мерки воведени во договорот за РСМ, за нив би било обврска да го изменатУставот.

Според Петков, владата на Димитар Ковачевски е подготвена да тргне на патот кон Европа.

„Ѝ даваме пат на РСМ кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму“, нагласи тој.

Петков објасни дека Бугарија ќе ја пушти Македонија кон Европа, а прв услов е да мора да се смени Уставот, тоа веќе ќе биде договор со ЕУ и мора да го исполни не само затоа што тоа го сака Бугарија.

Премиерот рече дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен јасно ставила до знаење дека европските партнери се подготвени да бидат гарант.

Вечер ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим

Во вечерните часови денеска, Велика сабота, во нашата држава ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим. 

Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.

-Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов. Истиот потоа се пренесува преку делегации и званични лица по сиот православен свет, соопшти Македонска православна црква – Охридска архиепископија. /МИА

Денеска е Велика Сабота – ден на најголемиот покој

Денеска е Велика Сабота. Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Велика Сабота е ден од Страдалната Седмица. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот и Неговото слегување во адот.

Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка- Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа.

На овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот.

Во Македонија некои на Великата сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна.

Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце.

На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.

На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.

Теа Таировиќ мешаше „луда“ пред Ајфеловата кула (ВИДЕО)

Пејачката Теа Таировиќ ги полуде сите со уште еден жежок танц, но овој пат во малку поинаков амбиент.

Теа во домашната јавност е позната и како „кралица на бакшишот“, која покажа дека како миксер умее „да меша со задникот“, повторно е во центарот на вниманието откако својот жежок еротски танц го изведе сред бел ден. И тоа верувале или не, ни помалку ни повеќе, во европската метропола Париз.

Имено, таа при својата посета на француската престолнина, во еден момент се најде на прошетка пред симболот на Франција, Ајфеловата кула, каде го изведе својот познат „жежок танц“.

Теа Таировиќ мешаше како луда пред Ајфеловата кула, а Балканот гореше среде бел ден… И тоа среде Париз!

Овој пејач добил 67.000 евра за една ноќ!

Сигурно е дека пејачите заработуваат многу на настапите, а безброј пати пеат свои и туѓи хитови за да ја задоволат публиката.

Немања Николиќ, фолкерот кој се прослави со учество на музички натпревари од 2004-та година, ја откри неверојатната сума што ја добил на настап во Србија.

-Најголемиот бакшиш што го добив во 20 години од мојата кариера е 67.000 евра од ноќ. На еднакви делови го споделив со музичарите, изјави Немања, не сакајќи да открива детали.

Mитрополит Петар од „Св. Димитриј“: „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Утрена богослужба на која се читаат Дванаесетте Страдални Евангелија, во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола.

-Отче, прости им, оти не знаат што прават! Денес се собравме во храмот не со цел да слушнеме нешто ново. Правдата секогаш е една, била и ќе биде. Ние се собравме, за да си спомнеме за доброволното страдање на Христа, да земеме учество во Неговото крстоносење, да се помолиме со Него за Распнувачите, плачејќи и жалејќи за своите гревови, кои сè, и остануваат главна причина за жртвеното истоштување на Спасителот наш Господ Исус Христос, истакна митрополитот г. Петар.

Пред верниците присутни во Храмот, митрополитот г. Петар нагласи дека причината за страшното и гревовно зло, Спасителот ја гледа во човечкото незнаење: „Не знаат што прават”.

–Секој од нас знае што прави, кога го умножува гревот. Знае, дека, со умножување на гревот, се крева против Самиот Бог, сака Него да го направи свој слуга, сака да го понизи, да го симни од Неговата глава венецот на вечната слава. Секој од нас знае, дека умножувајќи го гревот, прави зло, од кое се треси природата, како што се тресела тогаш, кога го видела распнат Творецот. Тогаш зошто Распнатиот говори, дека Неговите мачители „не знаат, што прават”? Тоа е нов доказ за Неговата љубов кон нас. Навистина, гревот се случува од незнаење и не влечи со себе. Првородниот грев го ослабил нашиот ум и волја, и секој направен од нас грев ги ослабува нив уште повеќе, така што е невозможно, човекот кој го умножува гревот, да си даде себеси, јасен отчет, за тоа што прави. Во тој момент човекот е подобро да биде во адот, отколку да направи грев. Така, браќа и сестри, не знаеме и ние на моменти, што правиме, кога си дозволуваме да направиме грев. „Оче! Прости им, оти не знаат што прават”. Во овие зборови нема само прозба кон Отецот Небесен за прошка на ослепениот од гревот род човечки, но и заповед за христијанската љубов, прогласена од Крстот, заповед да му простуваме на оној, кој нам ни причинува незадоволства, заповед на Новиот Завет кон непријателите, рече митрополитот г. Петар на Утрена богослужба во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола.

По сите провокации од Бугарија, Јотова не гледа причини за укинување на ветото за Македонија

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа причина во оваа фаза да се укине ветото за почеток на преговорите со ЕУ со Северна Македонија. Таа ова го изјави во ексклузивното интервју за емисијата „Брисел 1“ на Bulgaria ON AIR по нејзината посета на Битола и Охрид пред неколку дена.

Таму Јотова присуствуваше на отворањето на Културниот клуб Иван Михајлов и се сретна со локалните Бугари.

-Бугарија има пет услови за Македонија, кои се поставени одамна. Дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Ниту после 18 состаноци на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во учебниците од кои се изучува во училиштата во Македонија, изјави Јотова.

Покрај ова, Јотова истакнала и дека не може да биде признат ниту пописот, според кој во Северна Македонија се попишани 3 500 Бугари, а како што тврди таа, Бугарија располага со податоци според кои од 2007 година па наваму издадени се 85 000 бугарски државјанства на македонски државјани.