Деветгодишната Катја со постер за „Даскалот“ кој ве тера да размислите дали правите доволно за Македонија

Малата Скопјанка Катја која има 9 години, по повод роденденот на нашиот револуционер Гоце Делчев, 4 февруари, самоиницијативно креирала постер преку се обидела да го долови значењето на ,,Даскалот” за современите Македонци.

,,Решив на денот на одбележувањето на неговата смрт да го споделам тука, затоа што сум убеден дека новите генерации се оние со кои треба безрезервно и несебично да работиме за да го сочуваат наследството што го остави Гоце и редица дејци за Македонија. Со оваа наставна програма според која сега се изучува Историја, на вистински пат сме да си ги самоуништиме корените”, пишува нејзиниот татко кој на денот на загинувањето на Делчев го објавува постерот апелирајќи сите да дадат се од себе за да се зачува македонското историско наследство.

Постерот содржи релативно малку информации за Делчев но доволно за да се испрати порака дека треба да се почитува делото на тие што загинале за независна Македонија во која ние живееме.

Џамбазов ги поздрави Бугарите: “Партиџано тоа сме ние, вие сте тие другите”

Од вчера до недела на плоштадот “Македонија” во Скопје се одржува “Виноскоп”. На првиот ден од фестивалот настап вечерва имаше и легендарниот Игор Џамбазов, кој популарната “Bella Ciao” ја изведе на оригинален начин.

“Партиџано, тоа сме ние, вие сте тие другите. Слави Трифонов и Кирил Петков, о бела чао, бела чао…”, пееше Џамбазов.

Градоначалничката Данела Арсовска во присуство на голем број скопјани, вчера вечер свечено го отвори фестивалот “Вино Скоп2022”.

Според информациите од Град Скопје на фестивалот ќе се претстават 25 винарии од земјата и претставници од странство.

Тоше Проески и пее „Зајди, зајди“ на внуката на Гоце Делчев во слободното Крушево

Тоше Проески и внуката на Гоце Делчев во слободното Крушево:

Пак сме на 90 денари! – Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за 3 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,5 денари за литар, и ќе изнесува 87,5денари за литар.

Несреќа кај Горица, се удави рибар по лизгање од карпа

Охрид, 4. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Давеник е пронајден утрово во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“.

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Рибар од Охрид се лизнал од карпата од која рибарел.

Случајот за МИА го потврдил портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција. (Крај)

извор: МИА

ВЕЧНА СЛАВА: 21 година од смртта на Васка Илиева, доајенот на македонската народна музика

Пред 21 година, на 4 мај 2001 година, во Скопје на 78-годишна возраст умрела Васка Илиева, една од најпрочуените пејачки на македонски народни песни.

Меѓу многубројните антологиски хитови и денес препознатливи се „Мост ми ѕидале девет мајстори“, „Излегол Невен Пејо“, „Сестра моли брата за вечера“, „Судбо моја судбино“, „Сношти појдов мила мамо“, „Кој што ме чуе да пеам“, „И ние сме деца на мајката земја“, „Четворица комити“, „Кога падна на Пирина“, „Излегол Јане Сандански“, „Таму далеку на Балканот“, „Заплакало е Мариово“, „Не плачи мајко, не жалај“, „Кога се мажеше што ти се чинеше“, „Врати се мило либе“, „Земјо Македонска“…

Васка Илиева е родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци.

За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“, како и „Амбасадор на македонската народна музика“.

Илиева остави зад себе богато културно и духовно наследство.

Вечна и слава!

Сто и деветнаесет години од загинувањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 119 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Собраниска делегација предводена од потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски и пратениците Марија Георгиевска и Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска ќе положат цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев. Цвеќе ќе положат делегации од други државни институции, здруженија и граѓани.

Воедно, во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија од областа на науката.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

,,ДУИ 20 години не успеа да спроведе фекална канализација во Мала Речица”

ДУИ 20 години не успеа да спроведе фекална канализација во Мала Речица, вели во изјава за Фокус Џевдет Хајредини.

Отворањето на споменикот на УЧК во Липково предизвика низа реакции во јавноста, но ја наметна и дилемата дали ДУИ со вакви потези со етничка димензија покажува дека трансформацијата во зелена партија бил обичен предизборен маркетинг?

ДУИ не застапува зелена еколошка агенда. Тие 20 години не успеаа ниту да спроведат фекална канализација во населбата каде им е седиштето на партијата. Главна цел им е со демагогија и популизам да го сокријат долгогодишниот криминал и корупција, со помош на ВМРО и СДСМ – вели за Фокус политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини.

(Видео) Душичка-Мече со скршена нога снимено како минува улица во Маврово

Младенче од мечка е снимено на само стотина метри од браната Маврово, на патот меѓу Дебар и Маврово, објави порталот Гостивар прес.

На несекојдневната снимка се гледа како мечето претрчува преку патот, куцајќи на предната лева нога, која очигледно му е скршена.

Имаме со што да се гордееме – Македон од Тетово е вистински гениј

Македон Димитровски има само седум години и со леснотија решава математички задачи како за втора година од средно образование. Овој мал генијалец неодамна на Македонија ѝ донесе златен медал во натпревар по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет, пренесува Нова Македонија.

– Натпреварот се вика „Математика без граници“ и се организира во 22 земји во цел свет и се реализира преку менторите во училиштата. Неговата учителка поттикна Македон да оди на натпревар, па ние го пријавивме. За првиот натпревар, кога полагаше, малку се подготвуваше дома, и потоа освои златен медал. Во вториот дел се натпреваруваат сите успешни од првиот натпревар. Ама ние не разбравме дека треба пак да се пријавиме. И испадна дека не може да учествува. Арно ама, неговата учителка пишала до организаторот и дека беше со освоен златен медал, па го примија. Се полагаше истиот ден, само овојпат немаше подготовка зашто немаше време, и пак освои златен медал. Сега го поканија на некое завршно финале во Несебар, но не знам дали ќе успемее да отидеме – раскажува неговиот татко Владимир Димитровски.

Македон чита и пишува од две години. И на латиница и на кирилица. Течно говори и англиски јазик.

– На четири години го носевме на тестирање во еден центар за психологија. И кога го однесов, психологот со кој разговаравме ни рече дека нема тест за таа возраст. Македон решаваше тест за возраст од 7 до 14 години, а испадна дека има коефициент на интелигенција 134. Ни рекоа дека со текот на возраста тој коефициент ќе достигне до 145-150. Кога го запишувавме, пак, во прво одделение, според процедурата, нели, бевме на психолог за тестирање. Таа ни рече: Над 40 години работам, ама вакво дете немам видено. Нѐ праша дали сакаме веднаш да се запишеме во второ или трето одделение. Не сакавме зашто е важен и емотивниот развој. А нему и нема да му смени многу зашто и тоа што се учи во погорните оделенија не му е предизвик, сѐ знае – раскажува таткото.

Македон во само еден час ги има научено кинеските бројки до милион, и како се читаат и како се пишуваат и како се изговараат. Истото се има случено и кога го пратиле на курс по германски јазик. После само еден час тој ги знаел бројките до милион.

– Детето има фази на интерес. Галаксиите ги научи до најмала ситница, секоја планета која темепратура ја има, колку е оддалечена од Земјата, дали е масата цврста, гасовита, немаше нешто што не знаеше, а имаше само пет години. Сега е во фаза географија. Не само што ги знае знамињата, ги знае и како се менувале минативе 100 години. Во последно време сака да „предвидува“, ги црта картите на Европа и кој која земја ќе ја заземе и како ќе изгледа мапата на Европа или на светот за едно 20 години. Тон такви мапи има нацртано – раскажува Владимир.

фото: Приватна архива
Сепак, математиката му е број еден, нема фази во тоа.

– Уште на три години пресметуваше броеви, синуси, квадратни корени, и на трицифрени броеви, без никакво помагало. Во Македонија нема институција каде што би го пратиле, па земавме приватно професор по математика. Сака некој да го насочи, да му даде предизвик. Сега е второ одделение, а решава задачи за втора средно. Професорот што работи со него ни вели: Јас магистри сум спремал, ама ова немам видено. Работи со него за да го држи во кондиција – вели Владимир.

Талентите на Македон имаат широк дијапазон. Математика, јазици, вселена, географија…

-Географија и математика ме прават најсреќен. Географија поради тоа што е најинтересно, а математика поради бројките, зашто многу ги сакам – вели Македон.

Најмногу време сака да поминува со деца, вели дека обожава друштво и има многу другарчиња.

-Многу сакам да возам и тротинет. Имам и симпатија, собрав храброст и веќе и кажав, таа малку се срамеше – ни се довери Македон.

Тој многу ја сака и музиката.

– Имаме дома еден синтизајзер. И само слушам еден ден некој свири горе. Си реков некоја демо-снимка и одам и го гледам Македон свири, и тоа Бетовен. Ми вика: Ја имам чуено еднаш на Интернет. Јас и мајка му гледаме и се чудиме – вели Владимир.

Македон е второ одделение во основното училиште „Лирија“ во Тетово. И покрај интелектуалните предизвици, Македон најмногу сака да ја дели играта со други деца.

Извор: Нова Македонија