Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија – Скопје

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија – Скопје од 21 мај, објави порталот „Екс ЈУ авијација“.

„Гуливер“ го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта Летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

Авиолинијата Софија – Скопје беше најавена со фанфари, како „отстапка на бугарската страна“ и исклучително важен билатерален проект за поврзување на двете земји. Големиот проект на тогаш новиот бугарски премиер Кирил Петков беше прва од мерките за градење доверба меѓу двете земји. Во најавата Петков рече дека авиолинијата ќе биде „компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија“, бидејќи тие ќе ја финансираат.

Ахмети: Не може да има иднина без УЧК и Охридскиот рамковен договор

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Слупчане истакна дека споменикот на УЧК, ги обединува народите од ,,Cеверна,, Македонија.

Ахмети истакна декаУ ЧК е составен дел од историјата на Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.

„Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. УЧК е  дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без УЧК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО“, изјави Ахмети.

ДУИ во Липково на отворање на 20 метарски споменик од 200.000 евра

ДУИ денеска организира свеченост за отворање на споменикот посветен на борците на УЧК во Слупчане.

Споменикот чини 200.000 евра и е висок 20 метри. ДУИ го слави 2 мај како ден на бранителите.

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил објави заедничка фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Изградбата на меморијален споменик е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието. Со подигнување на спомен култата во чест на жртвите на ОНА која свечено ќе биде пуштена е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, велат експерти од областа на заштитата на културното наследство за „Сител“.

Мангупски потег на Стојанче Стоилов во Битола (ФОТО)

Борко Ристовски по победа над Е.Пелистер во Битола од 23-26, изјави дека за дерби мечевите во домашниот шампионат се клучни македонските играчи. Искусниот чувар на мрежата потенцира дека токму тие знаат како да се носат со притисокот и атмосферата кога се играат истите.

Ристовски не е далеку од вистината. Вардарци до важните бодови дојдоа на крила на македонските играчи. Стојанче Стоилов и Борко беа клучни во одлучувачките моменти, а капитенот на Вардар 1961 пред и за време на ваквите мечеви секогаш знае како да се справи.

Столе доби едно пакување колбаси.

Бил Гејтс по разводот: Сам сум во вила со 18 бањи

Бизнисменот и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, зборуваше за приватните детали од бракот и разводот со поранешната сопруга Мелинда.

„Секој брак, како што децата си заминуваат од дома, минува низ транзиција. Мојот, за жал, помина низ оваа транзиција наречена развод. Но од моја гледна точка, тоа беше одличен брак. Јас не би го менувал. Не би се одлучил да се оженам за некоја друга“, изјави Гејтс во интервју за „Сандеј Тајмс“. Тврди дека најтешко му било кога децата си заминале од дома. И најмладата ќерка отишла на факултет и сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.

„Ја имам оваа прекрасна куќа која е погодна за големи дискусии. Но, најчесто ми изгледа преголема. Јас сум само мала личност“, вели Гејтс.

„Ми недостигаат нередот и вревата. Не се занимавам премногу со домашни работи, но во нормални денови секогаш ги миев садовите бидејќи бев добар во тоа, а едно од децата ми помагаше“, додава тој.

Тој раскажа и каков однос има со Мелинда по разводот. Бил вели дека е среќен што сè уште може да работи со неа и понекогаш се гледаат.

„Имаме важна, сложена, блиска врска во која решивме да работиме заедно. И многу сум среќен што почнавме да работиме заедно. Заедно ја изградивме Фондацијата. И имаме три неверојатни деца“, раскажува тој.

„Тагувам на ист начин како и таа. Да. Знаете, растевме заедно. Кога се оженив, ‘Мајкрософт’ беше голема работа. Но, јас бев млад 38-годишник, а таа зрела 28-годишна жена… Тоа е повеќе од половина од мојот возрасен живот. Направивме многу заедно“, додава тој.

Бил признава дека прилично лесно се договорил со Мелинда за распределба на имотот и парите.

„Таа го доби кучето. Ме уби за него. Се шегувам. Светот треба да знае колку сум малтретиран. Не, се шегувам. Не бевме злобни еден кон друг”, вели Гејтс.

За потсетување, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај минатата година. Во брак беа 27 години. Тие се запознале во доцните 80-ти, кога Мелинда се приклучила во фирмата „Мајкрософт“, а се венчале во 1994 година.

Слика од Роналдо што го стопи светот (Фото)

Кристијано Роналдо објави слика како ја држи во прегратка својата ќерка. Сликата ја сподели на Инстаграм две недели откако таа се роди, а нејзиниот брат близнак почина при раѓањето. „Засекогаш љубов“, напиша португалскиот фудбалер на црно белата фотографија и доби преку 16 милиони лајкови.

Роналдо и неговата партнерка Георгина за сега не го откриваат името на девојчето. Таа се роди на 18 април. Во емотивна објава Кристијано тогаш напиша дека неговиот син не преживеал и покрај напорите на лекарите, а дека болката е најголемата што еден родител може да ја почувствува.

„Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа. Сите сме уништени од оваа загуба. Нашето машко бебе е нашиот ангел. Секогаш ќе го сакаме“, напиша тогаш Роналдо.

Откако Георгина се врати од болница, Роналдо сподели прва семејна слика со сите деца.

„Доме сладок доме. Џио и нашето девојче конечно се заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за сите убави зборови и гестови. Вашата поддршка ни е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го дочекавме на овој свет“.

Брзо потоа, тој се врати на фудбалот, а првиот гол што го постигна му го посвети на починатиот син.

Борко Ристовски: Честитки до Пелистер за проектот, но да не заборавиме дека Вардар е Вардар

Борко Ристовски, како и сите останати ракометари на Вардар беше пресреќен по триумфот над Е.Пелистер и остварената цел, да се освојат бодовите во Битола, а потоа мирно да се заврши сезоната за нова 15. титула во колекцијата на „црвено-црните“.

„Тежок натпревар кој се одигра во врвна атмосфера. Драго ми е што се уште постои, поточно се врати ривалството меѓу Скопје и Битола, постојат две екипи кои можат да се борат за шампионската титула. До последните неколкму кола не се знаеше кој ќе биде шампион. Честитки до Е.Пелистер за добриот проект, се движат во вистинска насока, мора да растат уште бидејќи Вардар е Вардар. Да не заборавиме европски шампион, искрено сме поквалитетни од нив. На Е.Пелистер им фалат македонски играчи кои знаат како се играат ваков тип на натпревари, имаат искуство, овој меч не го одлучија странци, туку домашни играчи, не може секој да се носи со ваква атмосфера, не може да го издржи притисокот. 

Денеска е Томина недела или мал Велигден

Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.