Почина Сашо Пижевски – Пиже од култните „Хавана Бенд“

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — познат скопски шоумен, пејач и угостител. Тажната вест на социјалните мрежи прв ја објави Игор Џамбазов. Тој се прости од Пиже преку социјалните мрежи.

Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес.

Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

Во последно време актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.

Џамбазов, се прости од него.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов.

Денеска е Света Великомаченичка Ирина

Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше владетел. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабошка од родители-незнабошци, Пенелопа (така ѝ беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан.

Светиот Тимотеј, ученикот на апостолот Павле, ја крсти заедно со уште неколку дворјанки и ѝ ги донесе да ги прочита Посланијата на светиот апостол Павле. Кога се одрече од мажачка и го разгневи татко ѝ, па тој сакаше да ја мачи, таа на чудесен начин го обрати во христијанство. Освен татко ѝ, на маки ја подложуваа уште четворица други цареви, но Бог секогаш ја спасуваше преку Ангели.

Царот Седекија ја закопа до глава во ендек исполнет со отровни змии и скорпии. Но, Божји Ангел ги умртви отровните гадинки и ја сочува светата девица неповредена. Тогаш, овој цар се обиде да ја иструже со пила, но пилата се одбиваше од нејзиното тело како од камен. По ова, ја врза за тркало под воденица и пушти вода за да ја убие. Водата не сакаше да тече, туку стоеше – и девицата остана жива и здрава.

Царот Савах, синот на Седекија, ја поткова со клинци, натовари врз неа вреќа со песок и ја впрегна, па нареди да ја водат како добиче далеку надвор од градот. „Навистина, како добиче сум пред Тебе, Господи!“, говореше светата маченичка впрегната трчајќи по своите мачители. Но, Божји Ангел ја затресе земјата и земјата се отвори, па ги проголта нејзините мачители. Откако ги преживеа сите маки, со што обрати во христијанство огромно мноштво незнабошци, Ирина премина во градот Калипол и во него ја проповедаше верата во Христа. Тамошниот цар Нумеријан сакаше да ја убие и ја фрлаше во три усвитени метални вола едно по друго.

Но, девицата беше спасена и остана жива. Мнозина видоа и поверуваа во Бога. Епархот Ваводин ја одведе во градот Константин, каде што намисли да ја убие ставајќи ја врз усвитени решетки. Ниту тоа не ѝ наштети на Света Ирина, туку повторно мнозина ги приведе кон верата на Вистината. Најпосле, Ирина дојде во градот Месемвриј, каде што царот Савориј ја уби, но Бог ја оживеа. А кога го видоа тоа, царот и многубројниот народ поверуваа. И така со своите страдања света Ирина приведе во Христовата вера околу сто илјади незнабошци. Најпосле, самата легна во гроб и му нареди на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија, неа ја немаше внатре. Бог ја прослави за навек девицата и маченичката Ирина, која се жртвуваше и претрпе сè за да Го прослави Него меѓу луѓето со сите сили што ѝ ги подари.

Откриено колкав коефициент на интелигенција има малиот гениј Македон

Сегашниот македонски наставен систем нема соодветни програми или служби за талентирани и надарени деца, како седумгодишниот Македон од Тетово кој е математички гениј со 134 коефициент на интелигенција, за чии напредни способности објавија балканските и светски медиуми.

Родителите барале, но не нашле посебен систем што ќе ги артикулира талентираните деца како Македон и ќе им даде насока за образованието. Редовната настава нема доволно кадар за поголемо внимание за таквите ученици. Тој е второ одделение, но таа настава му е здодевна, па за омилениот предмет математика оди на приватни часови за да решава задачи за средно образование.

„Нема никаква помош и нема никаква насока како да ние се справиме. Едноставно баравме начин да не упатат они на кој начин ние да му помогнеме на Македон, на кој начин да му помогнеме во неговото образование. Добивме препораки да ангажираме свои професори што би биле по математика или друга област што би му помогнале и на тој начин сега работиме“ – вели родителот Владимир Димитровски.

Во ваква ситуација општество само може да биде гордо на вакви генијални умови, но универзитетите, Академијата и Министерството за образование мора да најдат начин за посебна поддршка или грижа за извонредни ученици како Македон, препорачуваат професорите.

„Во моето долгогодишно работење како професор сум имала талентирани деца, вакви не. Пример од област на јазикот и така. Сум ги насочувала и голем дел од нив токму тоа го одбрале како идна професија. Овде се работи за нешто исклучително, и мене многу мие жал затоа што ваквите исклучителни деца секој пат ќе ни завршат во странство затоа што другите држави умеат да го препознаат и да го вреднуваат нечиј ум„ – вели професорката Ружа Ѓорѓевска.

Извор: БКМ

Извор од ДУИ најавува: Предвремени избори ако во јуни нема датум за преговори

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), соопштил извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД политик“.

Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори-наведува албанскиот медиум.

Уште се наведува дека доколку дојде до избори ДУИ нема да оди со ниту една од партиите на Македонците, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Гласовите на ДУИ се неопходни за распуштање на Собранието бидејќи имаат 15 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се изјаснија дека предвремени избори се неопходни бидејќи земјата оди во погрешна насока.Лидерот на Алијанса смета дека избори ќе има веќе во октомври оваа година.

РОДИТЕЛИ СИ ЈА ПРОДАЛЕ ЌЕРКАТА ЗА БЕЛГИЈА ЗА 2.500 ЕВРА: Прво имал cekc со 14 годишното девојче, па решил да ја земе – сите тројца ги очекува пеколна казна!

На 16.05.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик, извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија.

Имено, белгискиот државјанин Л.Д.С. во временскиот период од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б. -родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка , односно дете со неполни 14 години.

Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Република Северна Македонија. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето , Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, извршен е претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода.

Истиот ден (16.05.2022), ОСОСК-СКИ-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, а со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418- г став 2 од КЗ. Денеска (17.05) лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

За овој случај се огласи и Јавното одвинителство.

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Со преземените дејствија постои основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик.

​Во текот на втората половина во 2021 година осомничениот белгиски државјанин, со намера да користи сексуални услуги од дете, во Белгија истражувал преку интернет и се информирал за деца до кои лесно може да пристапи. За да го оствари својот план ја избрал РС Македонија и стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со останатите двајца осомничени, родители на шест малолетни деца. Првоосомничениот во повеќе наврати доаѓал преку ГП Меѓународен Аеродром „Скопје“ каде го пречекувале двајцата осомничени и нивните малолетни деца. Со цел да се стекнат со материјална корист и да заминат за Белгија, тие се согласиле за паричен надомест, на првоосомничениот да му овозможат да користи сексуални услуги врз тринаесетгодишната ќерка, а потоа и да склучи брак со неа. За таа цел, злоупотребувајќи ја својата положба како родители на малолетната жртва, му дозволиле на првоосомничениот да престојува заедно со нив во куќата во која живеело семејството.

Тој манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството.

Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето. Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот.

Денес, на предлог на јавниот обвинител Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје со Решение на тројцата осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

За кривичните дела што им се ставаат на товар на осомничените родители запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 14 години за белгискиот државјанин.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Загинал најопеаниот епски народен јунак на Балканот Крали Марко, во Македонија многу места поврзани со неговото име

Речиси да нема место во Македонија, кое нема назив поврзан со епскиот јунак Крале или Крали Марко, кој е најопеан во народното творештво и кој загинал на 17 мај 1395 година во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирче.

Често месности добивале назив Марков таму каде што има големи камења, со вдлабнати стапки од неговиот коњ Шарец или без нив, познати како Марков камен. Народот величејќи ја неговата јунаштина, во преданија, пренесувал дека тоа е Марков камен, затоа што само јунак како Марко можел да го подигне или да го фрлил од некој рид. Има и други називи, како што е Марков манастир, Маркова нога итн.

Наспроти народните преданија за Крали Марко, кого го присвојуваат како јунак повеќе балкански народи, за него има доста сиромашни историски податоци.

Без наследник

По погубувањето на неговиот татко Волкашин во 1371 година во битката против Турците на реката Марица, продолжил да владее со областите околу Прилеп, Скопје и Призрен. Епската поезија го идеализира како пример за храброст, витештво и чесност и како заштитник на послабите. Тој е еден од најопеаните личности не само во македонските народните песни, туку и кај други народи на Балканот.

Се смета дека е роден околу 1335 година во Прилеп и дека е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на Османлиите. Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри, а имал две жени, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.

Мал крал или престолонаследник

Во времето на владеењето на неговиот татко Волкашин, Марко ја имал титулата „млад крал“, односно престолонаследник. Кога татко му Волкашин заминал да се бори против Османлиите во Маричката битка во 1371 година, Марко останал да управува со територијата на земјите на неговиот татко и на чичко му. По нивното загинување, Марко станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош.

Во периодот од владеењето на кралот Марко тој се соочувал со постојани притисоци од страна на српските големци како и од Османлиите, кои постепено завладувале со Балканот. Набргу, некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така, и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да и служи на турската војска во нејзините воени походи.

Границите на Марковата држава биле: Вардар на исток, Шар Планина на север, Охридското Езеро и градот Костур на југозапад, а престолнина Прилеп.

Има различни претпоставки кога кралот Марко станал турски вазал. Некои сметаат дека тоа се случило во 1371 година, веднаш по Маричката битка, но постојат записи кои кажуваат за турските опсади на Прилеп и Битола во 1385 година, што го дефинира Mарковото кралство како независна територија во однос на турската држава.

(Видео) “Тигрите” спасуваа како на филм

Денеска, (16.05.2022), во Полициски центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Н. Е. Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.

Вежбата беше изведена на три локации – дел од вежбата беше изведена во Куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел беше изведен во амбасадата на САД, при што беше проследена вежбата за Јавен ред и мир – насилни демонстрации, а амбасадорката Брнз зеде активно учество во практичниот дел на вежбата која беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа:

– Напад на конвој
– Насилни демонстрации
– Активен пукач
– Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес)
– Преглед и претрес на дворната површина во амбасадата на САД
– Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар)
– Укажување на прва помош

Каква ти е жената, таков ти е животот! – МАЦА доаѓа со ХИТ комедијата

Познатиот комичар Драган Маринковиќ  Маца, доаѓа во Македонија со својата хит- претстава „Каква ти е жената, таков ти е животот“ и тоа во Скопје на 27 мај во Филхармонија, и во Битола, на 28 мај во Домот на културата.

Претставата која го освои регионот досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе, а Маца вели дека е среќен што ќе се дружи и со македонската публика. Билетите се продаваат на касата на Филхармонија и онлајн преку Mktikets.mk, додека веќе следната недела стартува и продажбата на билетите за претставата во Битола.

Во приказната на претставата, Драган Маринковиќ – Маца го претставува бракот на посебен начин кој никого не остава рамнодушен, а со шегите за односот помеѓу мажот и жената и вечните прашања на оваа тема, насмеа многубројна публика. Актерот уште еднаш покажа зошто е препознатлив како еден од омилените комичари на овие простори.

„Морам да кажам дека секоја претстава што ја играм во различни градови во регионот помина, можеби не е скромно да се каже, но, совршено. Коментарите и реакциите на публиката се секогаш одлични, над моите очекувања. Знаев дека претставата е добро, но дека е толку добра, ме изненади. Зборувам за тема која нẻ засега сите, таа е проткаена со мноштво емоции, независно што во одреден момент ја доведува и публиката до солзи. Приказната е за машко – женските односи од сите агли, ја отсликува нивната реалност и времето во кое живееме“, вели авторот на претставата и актер во неа Драган Маринковиќ – Маца.

Претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“ ќе ве натера добро да размислите за себеси и за светот околу вас, бидејќи сме генерации кои не сакаат врска. Со поучната порака дека љубовта е смислата на животот, Маца на свој начин ја доближува оваа симпатична претстава до публиката, прикажувајќи човек кој веднаш по разводот, сопругата го избркала од дома и отишол во кафеана каде почнал да го преиспитува својот живот. Наспроти сẻ, додека ги прелистуваме апликациите со надеж дека ќе ја најдеме вистинската личност, посакуваме нашата сродна душа да ја нарачаме преку Интернет, додека читаме „Пет начини да дознаете дали му се допаѓаш“ и „Седум начини како да ја освоиш“ мислејќи дека можеме да ја програмираме и личност за врска како и онлајн проектот, доаѓаме и до сознанието дека ние сме тие што на крајот не сакаме врска.

Кој троши повеќе струја, ЌЕ ПЛАЌА ПОСКАПО?

За евтината струја нема да има блок тарифи односно таа ќе остане иста, а блок тарифите ќе бидат за скапата струја. Немаме проблем со граѓаните кои многу трошат, но ќе платат за тоа повеќе. Со оваа измена ќе придонесеме да се намали потрошувачката на струја, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски

Според него  во моментов се работи на измените на тарифниот систем со што ќе се воведат три или четири блокови.

Според анализите на Регулаторна, во земјава има 660.000 домаќинства, просечната потрошувачка е 400 киловат-часови. Најголем е процентот на домаќинста кои трошат до 100 киловат-часови струја и тоа 21.49 проценти.

Седумнаесет семејства трошат 10 отсто од струјата во земјава, велат од Регулаторната комисија за енергетика, која подготвува нов тарифник за цената на струјата според кој, оние кој повеќе трошат ќе плаќаат по поскапа тарифа.

Ценовникот се прави бидејќи, како што велат од Регулаторна, не може домаќинства кои трошат струја за греење на базени кои ги имаат дома да плаќаат исто со социјални случаи или граѓани со ниски примања.

Новиот тарифник се очекува да стартува во јули заедно и со новиот ценовник на струја, за кој компаниите веќе доставуваат пресметки. Колкави ќе бидат лимитите за блок-тарифите, Бислимоски рече дека ќе се обелодени кога ќе се донесе конечната одлука, но ќе се внимава на тоа домаќинствата што се греат на струја, затоа што реално немаат друг избор, да бидат заштитени.

– Размислуваме за тоа да постои можност за почесто менување на цените во рамките на блоковите. Така, во еден блок, да има пониска цена на струја во зима, а повисока во лето – вели Бислимоски.

Тој објасни и дека секое домаќинство е потенцијален корисник на сите 3, или 4 блока.

– Дури и да е во највисоката тарифа, потрошувачот ќе си плати најниска цена за оние киловати што влегуваат во првата тарифа, потоа по втора цена ќе му се пресметуваат оние киловати што влегуваат во вториот блок, а по трета, и евентуално четврта, оние во третиот и во четвртиот блок – рече Бислимоски.

Од Регулаторната комисија велат дека 53 отсто од потрошената струја е во скапа тарифа, а 47 отсто во евтина.

Не смееме да дозволиме легитимизација на македонизмот во ЕУ

“Не смееме да дозволиме легитимација на македонизмот во ЕУ“, рече бугарскиот ретседател Румен Радев по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според него, „идеолозите на поранешна Југославија и Коминтерната немаат место во ЕУ.

„Бидејќи тие ќе имаат долгорочни неповолни последици за Унијата. Затоа Бугарија, како одговорна членка на ЕУ, мора да работи на таков начин што ќе ги интегрира партнерите, а не на проблемите“, рече Радев.

„Кога зборуваме за заеднички европски контекст, не смееме да дозволиме тенденцијата на нашата национална позиција кон Македонија да стане заложник на конфликтот во Украина“, нагласи шефот на државата.

„Неверојатно е како Европа, која даде пример за остатокот од светот во однос на демократијата, човековите права, толеранцијата и отпорот кон говорот на омраза, е подготвена да ги напушти овие принципи и вредности“, додаде Радев, осврнувајќи се на наводниот притисок врз да се одблокира процесот на преговори на Македонија со ЕУ.

„Исклучително сум задоволен од разбирањето дека добро аргументираната бугарска позиција одговара“, рече тој за реакцијата на германската страна на прашањето за ветото за Македонија.