НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ МАКЕДОНСКИ СОБИРИ во Софија, порачаа од партијата на Каракачанов

Поддржувачи и симпатизери на ВМРО-БНД и други граѓански организации не дозволија да се одржи предавањето на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство (КБМП), за кој велат дека е македонистички настан, јавува БГНЕС.

Предавањето требаше да се одржи во Централниот воен клуб. Како говорници беа најавени поранешниот премиер на РСМ Љубчо Георгиевски и доц.д-р Стефан Дечев, кои се основачи на КБМП.

Поддржувачите на ВМРО-БНД, предводени од еден од тројцата копретседавачи на партијата Ангел Џамбазки, решија да присуствуваат на предавањето на тема „Бугарско-македонските односи 2017-2022 година – проблеми, достигнувања, неуспеси и перспективи“. Тие влегоа во Централниот воен клуб, и покрај обидите на организаторите кои одбија да ги примат, иако предавањето беше отворено и за истото беа испратени соопштенија до медиумите и граѓаните

Поддржувачите на ВМРО, меѓу кои и многу од најистакнатите личности на партијата, мирно седеа чекајќи да започне предавањето, кое беше закажано за 17 часот. Еден од организаторите излезе на говорницата и најави дека истото нема да се одржи. По 15-тина минути сите излегоа на влезот каде што имаше размена на реплики меѓу Ангел Џамбазки и Дечев.

Европратеникот Ангел Џамбазки не успеа да добие смислен одговор од Дечев, кој е визитинг професор во скопски институт, зошто предавањето не се одржа и дали има нешто што организаторите сакале да сокријат од бугарското општество бидејќи не сакале да го објават тоа јавно, иако настанот е прогласен за таков.

Во истото време, Дечев рече дека ја постигнале целта бидејќи Љубчо Георгиевски дал пет интервјуа.

Џамбаски праша дали Дечев знае дека во РСМ сè уште се прогонуваат македонски државјани со бугарски идентитет и дали смета дека тоа е нормална европска практика, бидејќи РСМ продолжува да ги крши копенхашките критериуми, на што исто така не доби одговор.

Од самиот Централен воен клуб исто така одбија да ги пуштат организаторите на предавањето. Откако настанот на КБМП не успеа, групата предводена од Дечев и Љубчо Георгиевски и Мартин Заимов, се пресели во близина на градинката „Кристал“, но и покрај тоа предавањето не се одржа.

Ковачевски: Невработеноста на младите е намалена на 28,3 проценти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска учествуваше на настан „Социо-политичко учество на младите“ на кој беа презентирани резултати од телефонска анкета на младите, а во организација на Фондацијата Вестминстер.

„Убаво е кога имаме можност да го слушнеме гласот на новите генерации. За нас како Влада е многу важно отворено да зборуваме за барањата, сугестии и иницијативите на младите. Токму овој инпут, што како претставници на институциите го добиваме директно од вас младите, ни дава можност да бидеме се подобри и попрецизни во исполнувањето на вашите очекувања. Тоа е вашиот придонес за креирањето на политики кои се однесуваат на сегашните и на идните генерации“, рече премиерот Ковачевски во обраќањето.Премиерот Ковачевски истакна дека Владата има слух и демократски капацитет и развива системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите. Меѓу овие постигнувања се: посебниот Закон за младинско учество и младински политики, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, Гаранцијата за млади, преку донесувањето и имплементацијата на Законот за практиканство, но и Законот за младински додаток. Овие законски решенија Владата покажа дека благосостојбата на младите и нивното учество во општествениот живот и во креирањето на политиките се врвен приоритет.

Премиерот посочи дека токму како резултат на системските решенија од 43,2% во 2015 година невработеноста на младите сега е намалена на 28,3%. Во континуиран дијалог со студентите и средношколците се донесени мерки со кои се јакне студентскиот и ученичкиот стандард. Во моментот над 36.000 студенти користат субвенциониран студентски оброк во износ од околу 3.000 денари месечно, а за речиси два пати ги зголемивме студентските и ученички стипендии и воведовме нови видови стипендии.

„Сето ова го кажувам единствено како поттик за сите нас заедно да работиме уште повеќе и посериозно на сето она што ќе ви овозможи да си ги остварите соништата тука, дома. На сите нам ни е јасно дека за да се случи тоа, треба да се работи и на приоритети како што се владеење на право, економска и социјална стабилност, еднакви можности за сите и здрава животна средина. Стојам на девизата дека само младите знаат што е најдобро за нив и затоа и понатаму остануваме ваши сојузници и партнери во креирањето општество во кое ќе има место за сите да си го остварат целосниот потенцијал“, рече премиерот Ковачевски.

Исчезнат е млад Македонец, пријателите молат за помош (ФОТО)

Исчезнат е младиот Николче Николовски, неговите пријатели бараат помош

Апелот го пренесуваме во продолжение:

Луѓе наши, ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне.

Излезе од дома околу 15:00 часот на 13ти мај – ПЕТОКОТ, последно е виден кај бензиската пумпа Мак Петрол – кај Транскоп, движејќи се со Форд Фиеста со регистрација BТ 852 .

Ве молиме ако некој видел или види нешто, што и да е, исконтактирајте, раширете, јавете се во било кое време 070360520

ЗЕЛЕНСКИ: Евровизија в година ќе се одржи во Мариопол, сигурен сум дека нашиот победнички акорд во битката со непријателот не е далеку

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски веднаш по победата на Украина на Евровизија најави дека ќе дадат се од себе наредна година манифестацијата да се одржи во Мариупол.

-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.
Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол. Ослободен, мирен, повторно изграден! Ви благодариме што победивте со оркестарот Калуш и на сите што гласаа за нас, напиша Зеленски на својот официјален профил на Фејсбук.

Сигурен сум, додаде Зеленски, дека нашиот победнички акорд во битката со непријателот не е далеку.

Оваа изјава на Зеленски доаѓа по победата на Украина на годинашниов Евросонг во Италија.

https://youtu.be/obZi8fbESWw

Дете од улица, со еден оброк во денот освои награда по математика

Амир Дестанов, дете од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, а тој, браќата, сестрата и мајка му да трпат семејно насилство, освои трето место на натпреварот по математика „Кенгур“.

Амир доаѓа од Дневниот Центар за деца на улица кои на својата ФБ страница се пофалија за неговиот успех.

Браво за Амир 👏👏👏

Ковачевски, има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател или службеник?

СДСМ и ДУИ секој ден покажуваат дека не го почитуваат Собранието, а деспотот од Форино, Талат Џафери оди и чекор понатака, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, со остра реакција за снимката на која претседателот на Собранието Талат Џафери пцуе и навредува вработени.

Јавноста беше сведок на примитивизмот на Џафери, на неговиот однос, навредите и пцовките кон вработените. Во која друга земја функционерите од власта им ги пцујат мајките на вработените во администрацијата? Во ниедна. Само кај нас тоа го прави власта на СДСМ и ДУИ. И наместо за таквото свое безобразие да поднесе оставка тој уште и ги обвинува тие кои ги навредувал дека не ги исклучиле микрофоните и заради тоа граѓаните ги слушнаа неговите пцовки, вулгарности и неговиот однос кон вработените во законодавниот дом. Тоа е недостојно, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски, пак, додаваат од партијата, уште повеќе ја навредува интелигенцијата на граѓаните, па се прави недоветен и изјавува дека не знае кон кого се обраќал!

Како божем да има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател, собраниски административец или било кој друг чиновник. Ваквите навреди доаѓаат од Џафери и во никој случај не може да се оправдаат, без разлика кон кого се упатени. Џафери треба да си поднесе оставка, а ако имаше грам доблест таа оставка требаше да му ја побара и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Ковачевски пропушти можност. Тој застана во одбрана и оправдување на вулгарноста и примитивизмот и затоа срамот сега е и негов срам, посочуваат од партијата.

(Вознемирувачко видео) САД вознемирени, Израел се посрамоти пред светот: Белата куќа и ЕУ се згрозени од нападот на поворката на убиената новинарка

Белата куќа вечера ја опиша како „длабоко вознемирувачка“ снимка од погребот на новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех во Ерусалим, на која се гледа како израелската полиција ги тепа ожалостените во погребната поворка.

– Сите ги видовме овие сцени, кои се очигледно длабоко вознемирувачки – им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и изрази жалење поради упадот во погребната поворка, која требаше да помине мирно и да биде посветена на сеќавањето на исклучителната новинарка.

Европската унија, исто така, го осуди насилството, велејќи дека е „згрозена од сцените“, како и несразмерната употреба на сила и непочитувањето на учесниците на поворката, оценувајќи ја како мирно простување, а не малтретирање и понижување, како и жалење во мир, со израз на минимална човечка почит, објавија израелските медиуми.

Го полеала со киселина и го мачела цела ноќ, детали за случајот каде мајка го фрли детето низ прозорец

Утрово околу 8.30 часот една мајка во населено место во близина на Белград си го фрли детето од третиот кат на зградата, по што скокна и самата од терасата.

Соседите за српските медуми откриваат дека мајката го мачела детето цела ноќ, а исто така го полеала со киселина. Целата драма почнала околу 21 часот, кога слушнале викотници по станот, додека малото дете плачело.

Жената која се реши на ваков страшен потег имала и ќерка, а на местото на инцидентот се појавил и сопругот, кој кажал дека жена му е здрава.

Донесе медал по математика во конкуреција со 4.000 ученици од цел свет – Запознајте го 7 годишниот генијалец Македон од Тетово

Македон Димитровски – Македонско чудо од дете ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ 1 има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Нашиот мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески.

Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник.

Погледнете го гостувањето на Македон заедно со неговите родители во утринската програма на Сител Телевизија.

(Видео)Брутална реакција на Мицов: “Jaс имам достоинство – нели гледаш дека немаме држава”, Ефтов изненаден

A имало многу ситуации во кои гости си заминуваат со наведната глава од емисијата на новинарот Ефтов, но оваа беше малку поразлична.

Емисијата “Во Центар” важи за една од најгледаните политички емисии, иако во овој момент се емитува само на социјалните мрежи и YouTube каналот на новинарот Васко Ефтов. Се отварале многу жешки теми и се одговарале прашања за кои на многу новинари би им било страв да помислат.

Но, синоќешната емисија ќе остане запаметена по реакцијата на универзитетскиот професор, писател и публицист, но и голем познавач на македонската историја и култура.

Видео:

https://www.facebook.com/milos.milosevski.982/videos/1123475078496858/?app=fbl