ВИДЕО: Маж со јаболко на главата изведе перформанс пред Клубот на пратеници

Во Клубот на пратениците денеска попладне започна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.

Пред почетокот на средбата, непознат маж со големо јаболко изведе перформанс пред клубот.

Во продолжение како изгледаше тоа:

Кукавички напад на специјалец на МВР над демонстрант зад грб (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалните мрежи кое ја вознемири јавноста вечерва, покажува кукавички напад врз демонстрант кој според тоа што се гледа стои мирно, не напаѓа поливајви и не предизвикува неред.

Кој е полицаецот што веднаш потоа бега треба да го открие министерот Оливер Спасовски.

Дурловски: Секој крај е ваков, полициjaта пpoтив нapoдот!

Јавноста е ужасната од денешната полициска бруталност пред Собранието на Република Македонија.

На видеото објавено од Инфомакс се гледа како полицаец брутално тепа младо момче, кое според нашиот репортер не ни било дел од протестот, туку одел кон работното место.

Момчето во еден момент не можеше да дише, а од толпата народ се слушаа пискотници поради страв дека полицаецот ќе го убие момчето!

Oперскиот пејач Игор Дурловски реагираше на неговиот Фејсбук профил.

“Секој крај е ваков. Полиција против народ!”, напиша Дурловски на Фејсбук.

Петрушевска: Идентитетот е нешто за кое не се преговара, цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи откако вчера присуствуваше на протестот против францускиот предлог.

-Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара. Ова е наша работа за сите нас. Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура…велат не се секирајте”бетониран е јазикот”. Па од бетон глава не кренавме! Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот? Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен. Жално и тажно за сите нас во што ни помина животот?, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Таа вчера имаше и обраќање на кое истакна дека општествена одговорност е секој културен работник, актер, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот.

Петрушевска нагласи дека никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи како што рече таа тоа е нашата тврдина.

Спасовски ќе ги посети во болница повредените полицајци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во 09:00 часот заедно со раководството на МВР и Бирото за јавна безбедност ќе ги посетат хоспитализираните полициски службеници повредени за време на вчерашниот јавен собир пред Собранието.

Според информациите на МВР, во вчерашниот протест се повредени 47 полицајци, од кои 11 имаат потешки повреди, додека кај двајца повредите се посериозни.

За време на протестот оштетени се и прозорците и фасадите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи. Скршени се и 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е и полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

– Констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции, се наведува во соопштението од МВР.

(Видео) “Во ЕУ можете да бирате пол, ние не смееме да сме Македонци”

Новинарка денеска го нокаутираше Шарл Мишел кога го запраша зошто додека тие во ЕУ може да го бираат полот, ние во Македонија не смееме да кажеме дека сме Македонци.

Од страна на новинарка на сдк.мк, Мишел беше запрашан зошто ЕУ ги поддржува примитивните бугарски барања и тврдења за непостоење македонски народ и јазик, а истовремено дозволува граѓаните на Унијата слободно да го изберат својот род.

(Фото+видео) Тепање и пискотници- ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО

На видеото објавено од Инфомакс може да се забележи и слушне како полицијата ТЕПА младо момче кое не може да земе воздух.

Од насобраната толпа се слушаат лелеци, пискотници и барања кон полицаецот да го пушти момчето кое се бори за воздух!

Согласно македонската и европска регулатива полицијата има право да примени сила, но таа треба да биде сразмерна, не поголема од силата со која се нападнати! Според репортерот момчето воопшто никого не нападнало, туку одело на работа.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Илјадници се пред Собранието, Ребека ја изведе „Налеј, налеј“

Наспроти очекувањата поради дождот, масовно како и во претходните денови продолжи протестот против францускиот предлог.

Започна пред Владата, потоа продолжи со марш до МНР, а сега протестот се одвива пред македонското Собрание.

Во моментов, на присутните им се обраќа пејачката Ребека Јанкоска Ристевска која претходно ја изведе песната „Налеј, налеј“.

Се јави во бифето на Влада и нарача кафиња, пршута и рамстек за сите што протестираат (ВИДЕО)

Познатиот рапер од Пука Козметика Дарко Масларковски се мајтапеше со вработените во бифето на Владата од кампот на демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог.

Тој порача 5 рамстека, 30 тоста и 50 кафиња.

-ДРУГАРИ ВРТЕТЕ У ВЛАДА ПРИМААТ НАРАЧКИ
РАМСТЕК 180
ТОСТ СО ПРШУТ 40
КАФЕ 6 ДЕНАРИ
ТЕЛЕФОН 23118022
БАРАЈТЕ ЛОКАЛ БИФЕ
МАЛКУ Е ЗАЕБАНО СО ДИЛИВЕРИ АМА ПРЕКУ ШТРУМФОВИТЕ МОЖЕ ДИЛ ДА СЕ НАПРАВИ

Погледнете го ова урнебесно видео:

МПЦ: Го повикуваме македонскиот народ да го зачува својот опстој!

Синодот на МПЦ во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало за актуелната состојба во македонското општество, ја информира јавноста, доколку во која било форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ-ОА нема да го прифати тоа.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи.

„Светиот Синод со загриженост посвети внимание на ситуацијата предизвикана од последниот модифициран француски предлог, како и последиците што би произлегле од истиот, и повторно упатува апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси. Како Синод очекуваме Владата и сите останати општествено-политички фактори, вклучени во овој процес да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот ја информира јавноста, доколку во која било форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ-ОА нема да го прифати тоа“, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Воедно, од Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, го повикуваат македонскиот народ и сите граѓаните во македонското општество на целосно обединување, притоа да ги искористат сите демократски средства за зачувување на својот опстој.

„Оние, пак, кои одлучиле преку протест да го остварат своето право, тоа да го направат достоинствено, без насилство и без уништување на јавните добра“, се наведува во соопштението.