Земате 31.407 денари просечна плата – Владата се пофали

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%.

Согласно статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.7 %), Уметност, забава и рекреација (16.1 %) и Преработувачка индустрија (14.3 %).

„Континуираното зголемување на просечната нето-плата во земјата е резултат и на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата, која изнесува 18.000 денари.

Споредено со мај 2017 година кога просечната нето-плата била 22.889 денари, во мај годинава е зголемена за 8.518 денари и изнесува 31.407 денари. Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните како и особена поддршка во услови на криза. Остануваме посветени на растот на приходите и поддршка на сите граѓани. Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што Владата и понатаму посветено ќе работи.“, соопшти владината прес служба.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Бугарските окупатори во Софија ги стрелаа македонските поети и патриоти Никола Јонков Вапцаров и Антон Попов

На денешен ден пред 80 години на Гарнизонското стрелиште во Софија стрелани се Никола Јонков Вапцаров и Антон Попов, македонски интелектуалци и патриоти.

Вапцаров бил поет, есеист, новинар и револуционер и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Роден е на 7 декември 1909 година во Банско, во Пиринска Македонија, каде го минал и  детството.

Вапцаров учи гимназија во Разлог, Пиринска Македонија, но поради тешката материјална состојба го прекинува образованието и потоа завршува воено поморско- машинско училиште во Варна. Поради условите во кои живеел, Вапцаров се школувал, а подоцна и пишувал на туѓ јазик, но никогаш нема да заборави дека е Македонец.

Првата своја песна „Кон светлите идеали“ ја објавува во весникот „Борба“ во 1926 год. Наредните две години своите творби ги објавува објавува во списанието „Родина“.

Се жени со Бојка, ќерка на Македонци, доселеници од Егејска Македонија. Во 1935 година Бугарија ја зафаќа економска криза. За да преживее Вапцаров работи како физички работник во фабрика во Софија во многу тешки услови. Борејќи се со сиромаштијата, ќе доживее лична трагедија – ќе му почине синот единец Јонко. И покрај невремето во кое живеел, не престанал да пишува.

Станал член на тамошното антифашистичко движење и еден од организаторите на протестите кои ќе започнат по затворањето на фабриката во која работи. Фабриката повторно проработува, но Вапцаров е веќе трн во окото на власта и останува без работа.

Неговиот талент за пишување е неспорен. Со една негова песна победува на анонимен конкурс на списанието „Летец“. Победува и на натпревар за радио-драма, но откако организаторите дознаваат за кого се работи, неговата драма не е поставена ниту емитувана.

Во 1940 година Вапцаров ја издава својата единствена стихозбирка „Моторни песни“.

Заедно со Михаил Сматракалев и Антон Попов во октомври 1938-ма е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија, во кој подоцна се вклучуваат и Коле Неделковски, Венко Марковски, Ѓорги Абаџиев и други.

Во реферат по повод основањето на кружокот, Вапцаров напишал:

„На нас, како Македонци што пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени… Зашто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила… Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска) – великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот „Слободна и независна Македонија“.

Вапцаров натаму вели:

„Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност… Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха… Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме… Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза…“

Овие зборови на Вапцаров доволно кажуваат каков Македонец бил тој.

Во април 1939 година е донесен Статут на кружокот, во кој јасно се нагласува дека: „Кружокот е самостојна, независна група од македонски поети и писатели, обединети од заедничка цел да работат за создавање на македонска уметничка литература.“

Освен рефератот на Вапцаров, зачувани се и други написи, статии и реферати на членовите на кружокот, кои на своите собири ги читале своите дела и меѓусебно си давале критики за напишаните творби. Зачуван е и текстот на Антон Попов „За македонската нација“.

Македонија во тага: 22 годишна девојка почина на приватна забава во Скопје

На 22.07.2022 во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска“ починала Љ.С.(22) од кумановско.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија.

(Фото) Масакр во катната гаража позади „Буњаковец“: Искршени околу 20 автомобили

Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража зад трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, објави „Фокус“ споделувајќи и фотографии од оштетените возила.

Од МВР велат дека во полициска станица оштетувањето било пријавено утрово околу 7:25 часот.

Полицајци излегле на терен и се работи на расчистување на случајот.

Пожарот во Беровско интензивно се гасне од воздух (Видео)

Интензивно се гасне пожарот и од земја и од воздух меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци.

Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски за МИА вели дека уште рано наутро почнале хеликоптерите да исфрлаат вода од воздух, со што е спречено да се шири огнот кон боровата шума.

Тој посочи дека пристигнуваат и колеги пожарникари и доброволци од соседните градови и од цела држава.

Руменковски вели дека сега е направен обрач и не е дозволено да се шири огнот.

Дневен хороскоп за 22 јули: Оставете ги работите да течат по природен тек

Овен

Некои нови настани ќе донесат мало разбранување во вашата деловна околина. Повеќето од вашите соработници ќе реагираат на препознатлив начин и без видлива корист. Оставете ги работите да течат по својот природен тек. Во љубовта немате трпение да слушате нови приговори од вашиот партнер.

Бик

Врз основа на моменталната ситуација во која се наоѓате на работа, од вас се очекува да донесете разумна одлука. Затоа, не го одложувајте тоа и пресечете. Партнерот точно знае како да ве задоволи или да ве направи среќни. Но, не заборавајте – партнерството не е еднонасочна улица.

Близнаци

Во моментов прво на листата на приоритети ви е да најдете ефективно решение. Не трошете време и не им обрнувајте премногу внимание на различните коментари од вашите соработници. Саканата личност прави се што е потребно за да ги исполни сите ваши очекувања во границите на реалните можности.

Рак

Не ви се допаѓа нечија улога и однесување, но немате способност да менувате деловни правила или да влијаете на изборот на соработниците. Бидете трпеливи и не избрзувајте со реакциите. Во врската со саканата личност делувате добро расположени и се грижите да ја почувствувате емотивната топлина или шармот на заедничкиот живот.

Лав

На вашите претпоставени им делувате енергично и нестрпливо, но зголемената иницијатива од ваша страна не носи позитивни резултати и нечија наклонетост. Нема причина да изберете емотивна улога која не одговара на вашите афинитети. Повнимателно анализирајте ја љубовната ситуација и не штедете на зборови.

Девица

Доколку некој ве предупреди да ги промените вашите барања во деловната соработка, прифатете одреден компромис. Ви недостасуваат дипломатски манири. Не мора секогаш да им докажувате на сите дека сте во право. Потрудете се да ги разјасните недоразбирањата со некоја личност која ви значи.

Вага

Делувате духовито и искрено и на тој начин освојувате симпатии од различни страни. Сепак, посветете повеќе време на вашите тековни обврски и не ги одложувајте. Важно е да поставите јасна граница помеѓу учтивото однесување и емоционалната доверба за да избегнете можни недоразбирања со партнерот. Ќе се чувствувате добро.

Скорпија

Ве погодува нечие некоректно однесување или неправда во деловната соработка. Сепак, важно е работите на крајот да завршат на добра нота и никој да не биде повреден. Понекогаш во превирањата во врската треба да се исклучи разумот. Има работи што не можете да ги објасните врз основа на логички правила.

Стрелец

Некој се обидува да ве доведе до прифаќање на нивното деловно решение, но вие сте доволно снаодливи и вешто избегнувате средби или разговори со одредени соработници. Не ги потценувајте способностите на партнерот и претпоставувајте дека вие имате контрола над сите настани. Подобрете ја вашата психофизичка подготвеност.

Јарец

Добро сте расположени и повеќе од кога било верувате дека секогаш постои решение за да го постигнете она што другите не можат да го постигнат. Преамбициозни сте, но нема причина за грижа. Не смислувајте нови љубовни загатки кои може да се сфатат на погрешен начин. Однесувајте се согласно годините.

Водолија

Имате убедливи аргументи, но на еден од вашите соработници изгледа не му е грижа за чувствата на останатите. Не се вовлекувајте во непотребни кавги. Се грижите да ја потиснете вашата емоционална вознемиреност пред блиска личност за да изгледате многу разумно. Потребен ви е одмор.

Риби

Некој ви нуди добра деловна можност, но во исто време очекува од вас одредена услуга или строга дискреција. Бидете доволно активни и имагинативни во сите погледи. Можеби некој очекува од вас многу повеќе отколку што замислувате. Не давајте ветувања кога знаете дека не можете да ги исполните.

Св. Панкратиј: Светител роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата

Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Ерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови.

Панкратиј овде се запозна со светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за Тавромениски епископ во Сицилија.

Во овој град свети Панкратиј изврши големи чуда, ги разори идолите, ги крсти некрстените а ги утврди крстените, и добро управуваше со Божјата Црква. Некој незнабожен војвода Аквилин, чу дека сиот град Тавромен стана христијански, па тргна со војска на овој град за да го разурне. Свети Панкратиј ги охрабри верните да не се исплашат, а самиот со клирот излезе надвор од градот носејќи го во рацете непобедливото оружје, чесниот крст.

Господине Османи каква врска имате со лингвистика, зарем албански јазик се збори само во Албанија?

Господине Османи, По професија сте доктор, по вокација – политичар, моментално министер во Владата на Република Македонија. Објаснете, каква врска имате со лингвистиката, конкретно со дијалектологијата!?, пишува лингвистот и професор Јовица Темов од велешката гимнанија на интернет објавувајќи дијалектна карта на македонскиот јазик со која ја демантира унилатералната декларација за јазикот на министерот Бујар Османи во која се тврди дека дијалектите на македонскиот јазик ги има само на територијата на денешна Македонија.

Дијалектологијата е наука, како што е наука и медицината, како што се и политичките науки. Кога Вие говорите за дијалектологија, тоа е исто како јас да дебатирам со Вас за анатомија или патологија или хирургија.
Јасно е дека не можеме ниту јас, ниту Вие, да знаеме сè, ама оставете им го тоа што не го знаете на Вашите советници (ги имате десетици). Ако немате советник за лингвистика, еве јас се нудам, ги имам потребните квалификации.
Еве што не знаете: дијалектна и политичка карта не е исто. Во ниту една држава, државните и дијалектните граници не се исти. – Зошто? – Затоа што дијалектите постоеле многу пред тие земји да станат држави, порача Темов.

Додава дека на објавената фотографија е прикажана ДИЈАЛЕКТНАТА карта на македонскиот јазик, изработена во Одделението за дијалектологија при Институтот „Крсте Мисирков“.

Обоените растери надвор од државните граници се области каде се говорат македонски дијалекти. Значи, ги има и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Албанија и во Србија…
Да тврдите дека македонски дијалекти има само на територијата на Македонија, е исто како да кажете дека албански јазик се зборува само во Албанија. Некој ќе рече дека не е исто… да не е исто, бидејќи сите знаеме дека албански јазик се зборува и во делови на Грција, на Македонија, на Црна Гора, во Косово. И никој тоа не го спори.
Нејсе, ќе ги изоставам Србија, Грција, Бугарија, за пример ќе ги наведам само местата во Албанија (сигурно тие Ви се познати),каде покрај албанскиот, се говори и македонскиот јазик: Билишта, Борје, Владоешта, Владимирица, Врбник, Глобочани, Запод, Зрновско, Клење, Корча, Лин, Подградец, Пустец, Себишта, Стеблево, Требишта, Туминец, Шиштавец…

Демантирајте ме, Вие или некој од Вашите советници, дека тоа не точно, а ако е точно, зошто Ви беше потребна таа несреќна изјава!?, прашува Темов

Армиски хеликоптер е упатен кон Берово

Еден армиски хеликоптер веќе е на пат кон Беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци е надвор од контрола.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за МИА информира дека доколку има услови хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини.

Забележа дека ситуацијата се следи, бидејќи доцна попладнето се разгори пожарот и излезе надвор од контрола веќе за утре најавено е дека доколку има потреба од воздух ќе се вклучат еден полициски, еден армиски хеликоптер, а доколку има потреба ќе се активира и ЕР-трактор.

Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пеќевски вели дека сите институции се ангажирани во гаснењето на овој голем пожар и во моментов со помош на дрон ќе направат снимка и проценка на тоа каде и во кој правец се движи огнената стихија бидејќи теренот е непристапен и е во планински предел.

Пред час и половина тој го повика и месното население да е вклучи во гасењето на пожарот.

Посочи дека веќе имаат индиции дека пожарот е подметнат. На терен веќе е инспектор за пожари и се прават разговори со месното население.

(Вознемирувачка содржина): Страотна сообраќајка на автопатот Градско-Велес

На 21.07.2022 околу 02.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, во правец Градско-Велес, патничко возило „рено“, со српски национални ознаки, управувано од Г.Ј.(41) од Република Србија, излетало од коловозот.

Во несреќата, од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.