(ВИДЕО) Јавноста згрозена по истражувањето на ИРЛ за македонска приватна болница и лекувањето во неа

Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев, кое од вчера ја загрози јавноста и предизвика големи реакции.

Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Клиничките испитувања кои ги самата болница ги правела откриваат многу работи – велат од ИРЛ.

Бројни се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по објавување на истражувачката сторија.


Видеото може да го погледнете тука:

„Меморија”, Ристо Самарџиев и антологиската „Дирлада” пред илјадна публика во Прилеп (Видео)

Финалето на 18-то издание на “Пиво Фест” не можеше да помиме подобро.

Легендарните “Меморија” заедно со Ристо Самарџиев и антологиската “Дирлада”, моменти кои ќе останат во вечно сеќавање.

Уживајте во продолжение:

Извор: Маркукуле.мк

(ВИДЕО) Ахмети пее во автомобил

Изгласувањето на францускиот предлог во Собранието очигледно многу го развесели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, па тој, пеејќи си замина од Парламентот.

Како што објави весникот на албански јазик „Лајм“, Ахмети со заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши се вози во автомобил и пее албански песни, а во позадина се слуша албанскиот национален музички инструмент чифтели.

Претседателот Али Ахмети ја запечати идеолошката ориентација на Македонија кон интегрирањето во Европската Унија. Заедно ЗА европска Македонија, напиша Буши.

Во Софија потпишан билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија

По потпишувањето, двајцата министри кажаа дека имале конструктивна средба. 

По повеќе одложувања и нејасноти, на ден по прифаќањето на Францускиот предлог од Собраниеот, утринава во Софија министерите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска си подадоа рака и ставија параф на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. Тој е еден од документите кои беа потребни да се постигнат пред почетокот на преговорите со ЕУ и претставуваа свовиден записниок од вториот состанок на меѓувладината комисија на двете земји, кој се одржува по три години, согласно Договорот за добрососедство.

По потпишувањето, двајцата министри кажаа дека имале конструктивна средба. Генчовска и посака успех на Македонија на патот кон ЕУ и рече дека тоа што треба да се направи понатаму е договореното да се примени во пракса од страна на двете држави.

„ Знаете дека Бугарија е државата која најсилно ја поддржуваше европската интеграција на Македонија и Албанија. Оттука па натаму им посакуваме успех во патот по кој одамна сакаат да стигнат. Се надевам дека со општи и нашата поддршка ќе стигнат таму каде што граѓаните на Македонија сакаат најмногу да стигнат.“- Теодора Генчовска – Министерка за надворешни работи на Р. Бугарија

Министерот Османи изјави дека потпишувањето на овој документ претставува еден нов почеток на односите на двете држави. Тој посочи дека работните групи вродиле со плод и дека од потпишаниот протокол се гледа дека досега е сработено многу.

„Очекуваме поддршка од страна на Република Бугарија на овој пат на кој почнуваме, патот на пристапни преговори, сето тоа во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и на Република Бугарија чиј интерес е Западен Балкан да се движи брзо и сигурно кон членство во ЕУ. Ова е само еден нов почетокот, се надевам дека од денеска отвораме ново поглавје на односи меѓу нашите држави.“- Бујар Османи – Министер за надворешни работи на Македонија

Покрај министерот Османи, како дел од владината делегација на состанокот во Софија од македонска страна присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и министрите за економија, култура и транспорт и врски.

Потпишувањето на протоколот доаѓа откако Владата вчера ги разгледа и ги усвои заклучоците кои претходно ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на францускиот предлог, а првата Меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на пристапните преговори на Макеоднија со ЕУ ќе се одржи во вторник во Брисел.

Вонредно Метео – МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ГОЛЕМА СУША, КАКО И ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ!

Според последните анализи кој ние ги направивме, укажуваат на тоа дека ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој го најавивме за од четврток па натаму и тоа како ќе ја зафати нашата држава, и ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот, но и ЕКСТРЕМНО ВИСОК Ув – индекс со коефициент 10.

Температурите од четврток па натаму насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, а локално дури и ќе надминуваат 40 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Се на се, пред нас е ГОЛЕМА СУША па затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари, и секако избегнувајте движење во шума.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.

Пендаровски исвиркан на Галичка свадба: Предавник, не продадовте на Бугарија (Видео)

Пендаровски денес е во Галичник како покровител на Галичката свадба. инаку Пендаровски потекнува од галичкиот крај.

Османи денес ќе го потпише Протоколот со Бугарија

Собранието и Владата вчера го одобрија и прифатија францускиот предлог.

Првата меѓувладина конференција, според најавите, ќе се одржи во вторник во Брисел, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека отварачката изјава ќе ја прочита на македонски јазик.

Денеска во Софија ќе биде потпишан и билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија, а претходно состанок ќе одржи меѓувладината комисија на кој ќе присуствува министерот за надворешни работи Бујар Османи. Протоколот, според најавите, ќе биде јавно објавен по неговото потпишување.

Се јави Пендаровски: Сега ќе бидеме деблокирани за пристапување во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски смета дека собраниската одлука ќе биде деблокада на пристапувањето кон ЕУ.

„Денешните одлуки донесени од страна на Парламентот и Владата значат поддршка на европската агенда на земјата.

Одлуките не беа ниту малку лесни да се донесат, но ќе овозможат деблокада на европските интеграции и спроведување на неопходниот скрининг процес.

Весна Бејби: СТАМ ДА ВИ Е! 68 сте на број!Не постоите за мене

СРАМ ДА ВИ Е ! 68 сте на број! Навистина треба повеќе да читате и да учите,а не да препишувате по потреба од Петре М. Андреевски.

Денес сите вие што се пребројавте не постоите за мене и нема да ви дозволам да одлучувате за мене. Веројатно ви е сеедно!

Веројатно газот ве заболе за Македонија – стои во Фејсбук статусот на Весна Петрушевска.

Европратеникот Бутикофер: МНОГУ МИ Е СРАМ ОД ПРЕДАВСТВОТО НА ЕУ КОН МАКЕДОНИЈА

Пратеникот во Европскиот парламент од редовите на Зелената партија, Рајнхард Бутикофер, се срами од постојаното предавство кон Македонија од страна на ЕУ.

Тој смета дека претседателката на Европската комисија, Фон Дер Лајен, која завчера беше во Скопје, е само фасада за реалниот однос кон Македонија.

„Многу ми е срам поради континуираното предавство кон Македонија од страна на ЕУ. Зборовите на Фон дер Лајен не можат да бидат доволно слатки за да го премачкаат ова”, порачува Бутикофер на Твитер.

I am so ashamed about the EU’s continuous betrayal of North Macedonia. The words of @vonderleyen can not be sweet enough to sugarcoat this. https://t.co/hTj3eJpBST

— Reinhard Bütikofer (@bueti) July 15, 2022