Павле Трајанов НЕ ГЛАСАШЕ за Францускиот предлог

Од Демократски Сојуз соопштуваат дека Павле Трајанов НЕ ГЛАСАШЕ за Францускиот предлог..

-На денешната седница на Македонскиот Парламент, на која се расправаше за Францускиот предлот (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, НЕ гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот. Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија, истакнаа од ДС.

ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува, додаваат од таму.

Ковачевски со честитки: Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа!

Фејсбук статус на Димитар Ковачевски:

Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата.

Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните.

Маричиќ: Достоинствено, одговорно и мудро денес правиме чекор кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја поздрави денешната одлуката на мнозинството пратеници, кои го поддржаа францускиот предлог за почеток на преговорите.

,,Мнозинството пратеници ја докажаа својата визија за европска Северна Македонија, давајќи глас за поддршка на францускиот предлог кој значи почеток на преговорите со Европската Унија. Со денешната одлука ја потврдуваме европската иднина на земјата. Нашиот пат кон Брисел беше тежок и пол предизвици, но вложивме многу труд, енергија и искрено верувавме во нашите цели и определби. Знаевме што сакаме: Демократија, напредок, македонски идентитет, Европа и НАТО и тоа го исполнавме. Покажавме многупати досега дека сме зрели како држава и спремни да станеме партнери со европските земји. Продолжуваме на нашиот македонски и европски пат. #македонски во ЕУ”, стои во Фејсбук статусот на вицепремиерот Маричиќ.

Јанушев: Ќе си лежите сите за предавство!

Пратеникот Игор Јанушев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска на 81-та пленарна седница на која се расправа за францускиот предлог, им посочи на пратениците од СДСМ дека од сега се СДСБ.

„Ќе си лежите сите до еден за предавство“, истакна Јанушев и му дофрли на премиерот Димитар Ковачевски да продолжи да чита книга, да клима со главата и да се смее.

Со 68 гласа ЗА Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог – ВМРО-ДПМНЕ и Левица го напуштија Собранието

Собранието  ги изгласа предлог заклучоците поднесени од пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на француската предлог преговарачка рамка, откако од вкупно 69 пратеници кои гласаа, „за“ гласаа 68 пратеници, без гласови против или воздржани.

Откако ги усвоија заклучоците, пратениците од мнозинството со аплауз ги поздравија и развиорија македонско знаме во собраниската сала, како и знаме на Европската Унија.

Претходно, пратеничките групи на СДСМ и ДУИ поднесоа нови предлог заклучоци.

Гласањето помина без Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои го напуштија македонското Собрание, откако не беше прифатено барањето на пратеничката Дафина Стојаноска за еден час пауза по завршувањето на расправата по француската предлог преговарачка рамка.

Расправата во Собранието и денеска се одвиваше во тензична атмосфера со размена на обвинувања за предавство на националните интереси и бугаризација на државата.

Пратеник од Велес му нареди се по список на својот колега сограѓанин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски на својот ФБ профил напиша статус кој вечерва вирално се шири на социјалните мрежи. Статусот е всушност упатен кон пратеникот на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ, кој за време на собраниската седница при една реплика го прозвал Здравковски со тврдење дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ имал бугарски пасош.

– Абре ѓубре расипано, олицетворение на гнојот и црното под ноктите… Идиот и дебил како тебе втор не се раѓа! Идиот како тебе дури и земјата не знам како го трпи! Сакаше да бидеш градоначалник изгуби како никој досега! Сакаше да бидеш претставник на народот, а дома, во комшии и сегде низ градот изгуби! Кажи бе изроду еднаш машки кој има бугарски пасош, не да се криеш зад говорницата мамицата твоја! Биди маж, биди достоен, биди Македонец а не како лингур да се криеш зад имунитетот! Торлак, над торлаците, гангрено бедна дебилна… Биди еднаш велешанец, оти ние велешаните сме потомци на Гемиџиите, а не дрво без корен како тебе ќутук еден, изрод еден!, напиша Зравковски.

Пратениците на СДСМ го нападнаа Апасиев (Видео)

Малку недостасуваше пратениците Мартин Костовски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и физички да се пресметаат во Собранието на Р.Македонија. На настанот претходеше вербална расправија помеѓу Апасиев и Талат Џафери кој му се закани на лидерот на „Левица“ дека ќе му го „искрршел прстот“.

Костовски, во обид да го одбрани Џафери од критиките на Апасиев, го удри по раката по што следуваше размена на навреди, а малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка.

Пратениците од владејачкото мнозинство се почесто покажуваат нетрпеливост и агресија, а неретко се случува и да довикуваат навреди на пратениците од опозицијата.

ЛИНК до видеото!

ВИДЕО: Европската Унија го демантира Ковачевски за македонскиот јазик – „јазикот на кои говорат граѓаните на Северна“

Ветувањето на првиот човек на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен дадено во Скопје дека ЕУ го признава македонскиот јазик. Нејзината портпаролка Дана Спинант одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА да ги објасни зборовите дадени во македонскиот парламент дали тоа значи признавање на јазикот од страна на ЕУ одби директно да одговори.

– Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, рече Спинант.

Слушнете ја нејзината изјава: