Connect with us

Свет

Кралот Чарлс и Камила прв пат седнаа на тронови, нејзиниот се разликува по еден детал (ВИДЕО)

Тие се обратија во Парламентот од тронот во Вестминстерската сала во Лондон. Кралот Чарлс III. за време на церемонијата во  Домот на лордовите се заложи за лојалност и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета.

Црвените и златните тронови на кои седат Чарлс и Камила се разликуваат само во еден, едвај забележлив детал.

Имено, престолот на Камила е понизок за неколку сантиметри за да се истакнат нивните улоги.

Свет

Најмалку 37 загинати во поплавите во Мароко

Обилните дождови вчера предизвикаа сериозни поплави во стариот дел на градот Сафи, при што домови и продавници беа под вода, а надојдената вода однесуваше и автомобили. Како последица на екстремните временски услови, денеска училиштата во погодените подрачја останаа затворени.

Мароко, кое по седум години се соочуваше со суша, сега е погодено од интензивни дождови и снежни врнежи во планинскиот венец Атлас, што дополнително ја влоши ситуацијата во повеќе региони.

Continue Reading

Свет

Чешкиот премиер повикува на проширување на Шенген зоната за Западен Балкан

Новиот чешки премиер,Андреј Бабиш, изјави дека ЕУ треба итно да ја прошири Шенген зоната кон земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека тоа е неопходно за заштита на Европа од шверцери кои злоупотребуваат мигранти. „Не разбирам зошто ЕУ одамна не одлучи да ја прошири Шенген зоната за земјите од Западен Балкан, за да можеме да ја браниме нашата Европа“, рече Бабиш.

Тој објави дека на агендата на првата работна седница на новата чешка влада ќе бидат вклучени итни европски прашања, меѓу кои и отфрлање на новите дозволи за емисии од ЕТС2, новиот зелен данок, како и пактот за миграција. Бабиш истакна дека Чешка ќе учествува на самитот на земјите што ги отфрлаат новите европски решенија за миграцијата, организиран од Данска, а во среда ќе се сретне со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Во однос на Украина, Бабиш најави дека Чешка ќе продолжи со хуманитарна помош, но не се изјасни за користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина. Премиерот апелираше за прекин на огнот и за мировни решенија, нагласувајќи дека илјадници војници продолжуваат да умираат секоја недела. „Секоја војна е лоша и треба да се потсетиме на Втората светска војна, која однесе огромен број жртви. Европа треба да почне да зборува за мир, а не за војна“, додаде Бабиш.

Continue Reading

Свет

„СВЕСЕН ДЕКА МОЖЕ ДА ЗАГИНЕ, ТРГНА ДА СПАСУВА ЖИВОТИ“ Херојскиот чин на Ахмед ја обиколи планетата

43-годишниот Ахмед ал Ахмед е на операција за отстранување на неколку куршуми од раката и рамото, но е вон животна опасност.

Пред да тргне во херојска акција и да му го одземе оружјето на напаѓачот во Сиднеј, кој уби дузина луѓе, Ахмед бил свесен дека лесно може да го загуби животот и испратил последна порака до своето семејство.

„Ќе умрам, те молам оди да го посетиш моето семејство и кажи им дека отидов да спасам животи“, му рекол Ахмед на својот братучед Јозај Алканџ пред да се упати кон напаѓачот и храбро да му ја грабне пушката на еден од напаѓачите во масакрот на плажата Бонди, каде загинаа 15 лица.

Ахмед бил ранет кога Навед Акрам (24), син на другиот напаѓач, пукал кон него на блискиот мост, погодувајќи го во рацете и рамото. Според лекарите, неговиот живот не е загрозен, а роднините велат дека е во добро расположение.

Драматични видеа со над 20 милиони прегледи го прикажуваат моментот кога Ахмед се прикрадува кон напаѓачот зад паркирани автомобили, додека тој пука во жртвите. Во следниот миг, Ахмед успева да го разоружа и да го собори на земја.

Таткото на Ахмед, Мохамед Фатех ал Ахмед, за Еј-Би-Си Австралија изјави дека неговиот син има „инстинкт на заштитник“.

– Мојот син е херој. Служеше во полицијата и во централните безбедносни сили и секогаш имал потреба да ги штити луѓето. Кога видел крв и повредени насекаде, неговата совест го натерала да реагира. Гордо можам да кажам дека тој е херој на Австралија – рече таткото.

Мајката Малакех Хасан ал Ахмед истакна дека е неизмерно горда на својот син, опишувајќи го како човек кој секогаш дава. Други роднини велат дека Ахмед немал големо искуство со огнено оружје, но покажал исклучителна храброст.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го пофали подвигот.

– Тоа е најневеројатната глетка што сум ја видел. Еден човек му приоѓа на вооружен напаѓач и сам го разоружува, ризикувајќи сè за да спаси други животи. Благодарение на неговата храброст, многумина се живи денес – изјави Минс.

На платформата GoFundMe е отворена кампања во чест на Ахмед, каде досега се собрани над еден милион долари, меѓу кои и донација од речиси 100.000 долари од американскиот милијардер Бил Акман.

По масакрот, кој го извршија татко и син од пакистанско потекло за време на одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, граѓаните палат свеќи и оставаат цвеќе пред импровизираниот споменик во Бонди Павилјон, додека полицијата и приватните безбедносни служби ја зголемија безбедноста во областа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг