Connect with us

Свет

(Видео) Обид за атентат на Зеленски ?! Доживеал сообраќајка во Киев

Published

on

Претседателот на Украина Володимир Зеленски учествувал во сообраќајна несреќа во Киев, не е тешко повреден, изјави неговиот портпарол Сергеј Никифоров.

„Во Киев патнички автомобил се судри со автомобилот на претседателот на Украина и возилата на неговата придружба. Лекарите кои го придружувале шефот на државата му пружиле итна помош на возачот на автомобилот и го предале на брзата помош. Претседателот бил прегледан од лекар, кој не констатирал сериозни повреди“, напиша Никифоров на социјалните мрежи.

Тој додаде дека полицијата ги истражува околностите на инцидентот.

Видео од местото на несреќата во Киев стана вирално и брзо се прошири на социјалните мрежи.

Возачот на вториот автомобил кој учествувал во инцидентот бил однесен со возило на брза помош, јавуваат локалните медиуми

Свет

Поранешниот советник на Трамп: Доколку во 2028 се променат работите, Трамп може да заврши во затвор

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да заврши во затвор ако на следните претседателски избори победи кандидатот од Демократската партија, изјави Стив Бенон, поранешен советник на Трамп, за изданието „Хил“.

Иако Републиканците се уште се во еуфорија од резултатите на ноемвриските избори, Бенон истакна дека всушност партијата е во состојба на војна. Според него, ако демократите победат во 2028 година, Трамп би можел да се соочи со затворска казна.

„Ние се залажуваме ако мислиме дека демократите нема да направат сè што е во нивна моќ за да го сопрат претседателот Трамп, дека нема да ги искористат сите средства потребни за импичмент“, додаде Бенон, кој беше советник за време на првиот претседателски мандат на Трамп.

Тој не наведе конкретни обвиненија поради кои Трамп би можел да биде испратен во затвор. Бенон исто така предупреди дека ако демократите ја вратат контролата врз Претставничкиот дом во 2026 година, ќе се обидат да го отстранат Трамп од функцијата.

За време на мандатот на демократот Џо Бајден, против Трамп беа покренати четири кривични постапки. Тој беше обвинет за вмешаност во настаните во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, за мешање во претседателските избори во 2020 година, за обид за поништување на изборниот пораз во сојузната држава Џорџија, за фалсификување документи поврзани со исплати на порно актерката Сторми Даниелс, како и за незаконско чување доверливи документи.

Потоа, по неговата победа на изборите, против администрацијата на Трамп беа поднесени бројни тужби поради радикалните одлуки, како масовни отпуштања на државни службеници и депортација на мигранти.

Continue Reading

Свет

Откриена е националноста на осомничениот за нападот со нож во Амстердам

Published

on

Мажот кој во четвртокот избоде пет лица во центарот на Амстердам е 30-годишен Украинец по потекло од источниот регион Доњецк, соопшти во саботата локалната полиција.

Мажот се сомничи дека во четвртокот попладнето, во близина на френквентниот Плоптад Дам, неселективно ранил пет лица користејќи повеќе ножеви за време на напад. Тој набргу по инцидентот бил уапсен со помош на случаен минувач, при што се здобил со повреда на ногата.

Човекот кој, според полицијата, се пријавил во хотел во Амстердам во средата, ќе биде изведен пред судија на 1-ви април, кој ќе одлучи за неговото продолжување во притвор.

Полицијата сѐ уште не го утврдила мотивот за нападот и соопшти дека истрагата сѐ уште е во тек.

Жртвите се 26-годишен Полјак, 73-годишен Белгиец, 19-годишник од Амстердам и жена на 67 и маж на 69 години кои се државјани на САД.

Полјакот е пуштен од болница, додека другите натрадани сѐ уште се хоспитализирани, но во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Continue Reading

Свет

По најавеното повлекување на САД, СЗО мора да го намали својот буџет за 20 отсто

Published

on

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предложи намалување на буџетот за една петтина откако САД, нивниот најголем контрибутор, одлучија да се повлечат и сега ќе мора да го намалат бројот на мисии и персонал, наведува директорот на СЗО во интерната е-пошта во која увид имала агенцијата AFP.

СЗО се соочува со недостиг од приходи од речиси 600 милиони долари до 2025 година и сега нема „друг избор“ освен да започне со кастрења, објасни Тедрос Аданом Гебрејесус во пораката испратена до персоналот во здравствената агенција на Обединетите нации во петокот.

Покрај тоа што го иницираше повлекувањето на САД од СЗО по преземањето на функцијата во јануари, Доналд Трамп одлучи да ја замрзне речиси целата американска странска помош, вклучително и важни програми насочени кон подобрување на глобалното здравје, тврди AFP.

Соединетите држави веќе го започнаа процесот на напуштање на СЗО за време на првиот мандат на Трамп во 2020 година. Тој ја оправда својата одлука да се повлече во јануари со наведување на неусогласеност меѓу американските и кинеските финансиски придонеси, обвинувајќи ја организацијата за „мамење“ на САД додека Кина остварува сѐ поголемо влијание во организацијата. Но таквата политика продолжи и по завршувањето на неговиот прв мандат. Затоа, Тедрос на крајот на јануари предупреди дека СЗО ќе мора да преземе нови мерки за намалување на трошоците.

Соединетите држави беа убедливо најголемиот придонесувач во буџетот на СЗО. На пример, во последниот двегодишен буџетски циклус за 2022/2023 година, тие обезбедија 16,3 отсто од вкупниот буџет на организацијата во износ од 7,89 милијарди долари.

„Драстичните кастрења на американската официјална помош за другите земји во тие земји предизвикаа големи нарушувања, особено на невладините организации и агенциите на ОН, вклучително и СЗО“, напишал Тедрос во е-пошта.

Уште пред да започне процесот на повлекување на САД од СЗО, организацијата веќе се соочуваше со финансиски ограничувања, а пред повеќе од девет месеци почна да работи на мерки кои требаше да придонесат за нејзината ефикасност, истакна нејзиниот челник. Но, „најавата на САД, во комбинација со неодамнешните кратења на помошта во некои земји наменети за финансирање на зголемените трошоци за одбраната, ја направи нашата ситуација уште покритична отколку што беше“, објасни Тедрос.

Во февруари, Извршниот одбор на СЗО предложи буџет за 2026/2027 година го намали од 5,3 милијарди долари на 4,9 милијарди долари.

„Оттогаш, изгледите за развојна помош само се влошија, и затоа им предложивме на земјите-членки дополнително намалување на буџетот на 4,2 милијарди долари, што е намалување за 21 отсто во споредба со првично предложениот буџет“, напиша Тедрос.

„И покрај сите наши напори, сега сме на точка кога единствен избор ни е да го намалиме обемот на работата и бројот на вработени. Овие мерки најпрво ќе се спроведат на ниво на седиштето на организацијата, почнувајќи од високиот менаџмент, но ќе ги зафатат сите нивоа и сите региони“, заклучи генералниот секретар на СЗО.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк