Connect with us

Свет

Синовите на Кадиров на 16, 15 и 14-годишна возраст, вооружени до заби пристигнаа во Мариупол

Published

on

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на својот Телеграм канал објави дека неговите тројца малолетни синови Ахмат, Ели и Адам го посетиле Мариупол. како доказ за нивното присутво во Мариупол, момчињата вооружени до заби позираат пред камерите во градот.

Според Кадиров, во Доњецк пристигнала и неговата ќерка, Ајшат Кадирова, која ја предводела работната посета на чеченската делегација на Донбас.

Малолетноста не треба да биде пречка за обуката на бранителите на нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченската Република, херојот на Русија, Ахмат-Хаџи Кадиров, Ахмат, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но, нивната воената обука почна многу одамна, скоро од мали нозе. Не е доволно само да знаеш да пукаш. Тие учат како да ракуваат со разни оружја, како да ги користат на секоја далечина, а учат и теоретска основа. Отсекогаш верував дека главна цел на секој татко е да всади побожност кај своите синови и да ги научи да го штитат семејството, народот, татковината. Ако сакате мир, подгответе се за војна! – вели Кадиров на Телеграм.

Свет

Путин откри што бара: Ова се условите за мир и прекин на војната во Украина

Published

on

Тоа вклучува: неутралност на Украина и гаранции дека Киев нема да влезе во НАТО, забрана за странски трупи во Украина и меѓународно признавање на фактот дека Крим, Запорожје, Херсон, Луганск и Донецк се дел од Руската Федерација.

Иако официјалната реакција на Кремљ на преговорите во Џеда, на кои Киев се согласи на прекин на огнот што треба да трае 30 дена, сè уште не е пристигната, Москва веќе ги има подготвено своите услови за долгочекуваниот мир, пренесува Sky News.

Извори упатени во преговорите за мир во Украина велат дека Русија ги доставила своите услови за мир. Според овие извори, условите не се премногу променети од почетокот на инвазијата.

Тоа вклучува: неутралност на Украина и гаранции дека Киев нема да влезе во НАТО, забрана за странски трупи во Украина и меѓународно признавање на фактот дека Крим, Запорожје, Херсон, Луганск и Донецк се дел од Руската Федерација.

Посебно внимание привлекува забраната за странски трупи во Украина, имајќи предвид дека САД, ЕУ и Украина постојано ги споменувале странските трупи како гаранција за безбедноста. Во Киев сè уште постои страв дека ова не се однесува на траен мир, туку на пауза помеѓу војните која Москва ќе ја искористи за закрепнување и нови напади во иднина.

Москва веќе децении ја обвинува американската империјалистичка политика и проширувањето на НАТО на исток, особено кон поранешните членки на Варшавскиот пакт, како главна причина за инвазијата на Украина.

Путин уште во 2007 година на безбедносната конференција во Минхен изјави дека Русија е загрижена поради проширувањето на НАТО на исток, а особено распоредувањето на американски проектили и противракетни штитови во Полска и Унгарија.

Јасно е дека Русија поранешниот Варшавски пакт го гледа како своја зона од интерес. Грузија и Украина на своја кожа ја почувствуваа цената ако одлучат да влезат во НАТО.

Некои американски официјални лица, законодавци и експерти се плашат дека Путин, поранешен офицер на КГБ, би можел да го искористи примирјето за да го интензивира, како што велат, обидот да ги подели САД, Украина и Европа и да ја поткопа сета дипломатска активност.

Москва поставила слични барања во последните две децении, а некои од нив биле дел од официјалните преговори со САД и Европа. Порано, Москва ги разгледувала овие барања со администрацијата на Бајден во низа состаноци крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, додека десетици илјади руски војници стоеле на границата со Украина, чекајќи наредба за инвазија.

Тие барања вклучувале услови кои би ги ограничиле воените операции на САД и НАТО од источна Европа до централна Азија.

Continue Reading

Свет

Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот на американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила вчера.

– Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија, напиша Трамп за европските давачки за вискито на „Truth Social“.

Тој додаде дека овој потег ќе биде „одличен“ за американските компании кои произведуваат вино и шампањ.

Continue Reading

Свет

Поради еден детаљ на неговата рака, сите се загрижени за здравјето на Трамп (ФОТО)

Published

on

Здравствената состојба на претседателот на САД, Доналд Трамп (78), веќе некое време е тема во медиумите.

Она што најмногу привлекува внимание се модриците на неговите раце. Оваа тема првпат се појави кога францускиот претседател, Емануел Макрон, ја посетил Белата куќа. Сега, голема модрица на десната рака на Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста.

Почнаа да се шират шпекулации дека модрицата може да биде последица на инфузионата терапија, но Белата куќа излезе со објаснување дека таа е резултат на навиката на Трамп постојано да се ракува со луѓето.

„Претседателот Трамп е човек од народот. Има модрици на раката затоа што постојано работи и се ракува со луѓето секој ден, цел ден“, изјавила портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит.

И самиот Трамп претходно тврдел дека неговите модрици се последица на ракувањето со илјадници луѓе.

„Тоа е од ракувањето“, рекол тој за списанието Тајм во декември минатата година.

Американскиот претседател денеска имаше состанок со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалниот кабинет, а на десната рака повторно имаше модрица со чудна боја.

И покрај претходното ветување дека ќе објави медицински извештај за своето здравје, Трамп тоа сè уште не го направил, што дополнително поттикнува шпекулации за вистинската причина на модрицата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк